Нистагмус

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Гифче999, 1 февруари 2022.

  1. Гифче999

    Гифче999 Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Имам - 12,5 диоптер и нистагмус
    Дали некој се соочува со сличен проблем и дали можете да ми препорачате невролог, офталмолог или некој друг доктор кој би бил од помош?
    Што мислите за прегледи/операции надвор од државата
     
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    11.974
    Пол:
    Женски
    Имаш диоптер 12,5 многу е голем. Јас би ти препорачала да одиш во европската очна болница од таму имам слушано само позитивни искуства, да ти направат преглед да видиш што ќе те советуваат
     
  3. Гифче999

    Гифче999 Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    За диоптерот доволно сум информирана, прашањата се однесуваат на нистагмусот затоа што офталмолозите немаат одговор додека невролозите ме испраќаат кај офталмолог, и се така во круг :)
     
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    За нистагмусот сеуште нема решение за жал. Го имам од бебе, со страбизам и диоптер. Страбизмот го оперирав, има подобрување, за нистагмусот нема ништо.
     
  5. Гифче999

    Гифче999 Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали користиш нешто за смирување?
    Дали ти пречи во секојдневно функционирање? Кај мене почнува многу да се влошува на едното око многу тешко можам да фокусирам.
    Дали си размислувала за операција на очен мускул?
    Надвор од Македонија има експерти за нистагмус, како на пример Richard Bowman, Лондон.
     
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Порано пиев б комплекс, сега ништо. Го навикнав и не ми пречи, апсолутно нормално функционирам. Инаку, бидена сум на прегледи сегде кај што сум чула, одговорот е ист, лек нема.
    Сепак, ти си знаеш. Обиди се ако си во можност.
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Значи не е од невролошко потекло нистагмусот. Може да биде вроден ако го имаш уште од мала или стекнат уште од рана возраст, но ако е ова причината не постои третман, освен оперативен кој не знам колку би бил од помош. Најчесто е идиопатски и не може да се открие причината поради кој се јавува.
    Не верувам дека кај нас некој доктор би се помачил да ја наде причината за нистагмисот, не се замараат толку, евентуално во некоја очна болница надвор од државава.