Ничим изазван (Ničim izazvan)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од annii, 1 мај 2014.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.006
    Допаѓања:
    4.300
    Ничим изазван е бенд кој е формиран во 2011 година во Белград, и е препознатлив по авторската музика и темите на песните кои се темелат главно на љубовта, животот во секојденвието и се‘ она што не опкружува.
    Текстовите се 'оживеани' со повеќе жанрови, започнувајќи од валцер, танго, латино, до фанк, рок, па и панк.
    Во севкупната изведба, допринесуваат големиот број на акустични инструменти.

    Членови на бендот :
    Борис Бакалов (вокал);
    Бојан Глувајиќ (вокал, гитара);
    Борис Баровиќ (тапани);
    Бориша Куга (клавијатура);
    Мане Глувајиќ (бас);
    Немања Вујовиќ (гитара);
    Драгана Илиќ (вокал);
    Игор Мартинко (виолина/труба/хармоника);

    Краток вовед за бендот, искрено и толку има на нет. Прилично нов бенд. Со првата песна O tebi, се препознатливи и имаат успех со истата. Една од најслушаните им е.
    Во април, 15ти, го објавија и својот прв деби албум со вкупно 11 песни. Албумот може да го преслушате тука.
    Мене ми се допаѓа нивната музика, ме релаксира. Имаат и во Хавана настапувано, со што можеме повторно да ги очекуваме.

    Па ви се допаѓа ли овој тип на музика? Ги слушате, критика некоја?

    Ја ве поздравувам со двете омилени. :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=G3hxBvEeUqc
    http://www.youtube.com/watch?v=wvLL0QAU ... 3hxBvEeUqc