Решен проблем. Да, мораше во експозитура да одам, немаше друг начин, се јави вработената на одговорен, па со кажан број на лична карта, матичен број и адреса, праќаат код и ја активираат апликацијата.
Дека јас тогаш знам, само ја ставив во банкомат и ми стигна порака дека сега можам да се логирам од тој телефон. Како и да е, добро штом е средено.
Може веќе си го решила проблемов, ако не, тогаш оди во главната НЛБ што е одма до трговскиот центар Рамстор, јас на крај таму бев, ќе го објасниш проблемов на службеникот, даваш лична карта, телефонски број за податоци и за два саати најдоцна ти се јавуваат и ти даваат нов код, ќе те воведат низ постапката телефонски.
Ти благодарам многу, се јавив во контакт центар требало да пријавам дека е нов уред, па на банкомат да активирам таму ми пратија да потврдам дека сум јас. И успеа.
А значи прво треба да се јавиш во банката за да знаат. Дека јас исто еднаш менував телефон и ми бараше да се најавам, ми стигна порака да активирам на банкомат и тоа беше тоа. Сега пак пробував сама ама не ми стигна порака, ќе се јавам во банката како и да е, не ми е зорт.
Чикос имам едно прашање земав нов број а на нлб картичката сеуште мие статиот и за чогирање на елктеонско нлб банкарство ми бара код од тогашното бројче, дали можеби некој знае да отидам да направам ужурирање колку се плаќа и дали треба многу да чекам за картичката?
Мислам дека сега има заштити ради напади што има обиди. Мене на телефон ме прашуваа од каков уред, модел на телефон да кажам и после ми рекоа да евидентирано е дека сте се обидувале дури тогаш. И ми кажаа ќе пратат барање за тоа на банкомат да стигне и така успеа. Јави се кај техничка поддршка за е банкарство.
На шалтер у банка или преку апликацијата? Јас последно коа префрлав на друго лице преку апликацијата ми земаа 10 денари провизија, а на шалтер мислам дека беше 35 денари. На све ставаат провизија не се арни.
Преку апликација. Ок, значи симболично е, 10 денари. Лани банкоматот им беше празен, влегов на шалтер да ми извадат пари, земаат 50 денари за 15 секунди работа.
Па толку ми земаа последниот пат, сега ако качиле и тоа не знам. Во јануари префрлав, после тоа не сум префрлала пак. Ццц страшно, 50 денари да извадиш готовина, па тоа бесплатно треба да е ама треба...
Што се случува со банкоматите на НЛБ? Веќе ја нема онаа опција за најмала сума 100 денари? Да си извадиш 600, 700 итн? Или само таква среќа имав немаше банкоматот во моментот?
Ја има уште опцијата, сигурно банкоматот немал ситно. Ми се случило повеќе пати на некој има, на некој нема, зависи. Иначе многу добра опција е што има сам да си избереш колку ќе вадиш не да не ограничува банкоматот, се надевам дека не ја тргнале и нема во иднина.
Здраво, дали знае некој дали може да ставам ново коридничко име и лозинка на мклик, бидејќи сум ги заборавила и не можам да се најавам?
А преку мејлот не можеш ли да смениш лозинка? Или и мејлот го имаш заборавено? Ама дали ќе дозволи нов акаунт со ист ЕМБГ и ист број на картичка? За најсигурно нека праша во банка.
Ќе дозволат пред некоја година ми се има случено тоа и нов направив ама истиот username ти го дава пак. Но за сигурно нека се јави подобро
Јас кога и да сум пробала во било кој град не сум можела да извадам по 100, мислев и дека ја нема таа опција на нлв