Форумџика на годината

Новак Ѓоковиќ

Дискусија во 'Спорт' започната од The-Queen, 6 јули 2011.

  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    [​IMG]

    Новак Џоковиќ (роден на 22 мај 1987 година) е српски професионален тенисер кој се наоѓа на првото место во Светот на АТП листата (Сојуз на тениски професионалци).

    Тој има освоено две Гренд Слем титули, во 2008 година и во 2011 година на шампионатот Австралијан Опен, со што стана првиот тенисер кој ја претставувал Србија и освоил Гренд Слем титула во поединечна категорија, и најмладиот играч кој стигнал до полуфинале на еден Гренд слем тунир, одделно и последователно.

    Тој започна да игра тенис на четири години, и беше забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ на осумгодишна возраст, која изјави: ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш.

    Денес е прв тенисер на светот, која е негова дамнешна желба. Освојувањето на Вимблдон и станување на прв тенисер во светот тој вели дека се остварување на неговиот сон.

    [​IMG]

    Неговата кариера почнав да ја следам некаде 2008 година кога почнуваше цутот на неговата кариера, секоја негова игра ме воодушевува, и мислам дека заслужува место тука. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Доколку модетаторите сметаат дека темава не е потребна слободно нека ја избришат.
     
    На Amore, Camellia и Inna15 им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Новак Џоковиќ

    :clap:
    Ама морам да си кажам и тоа дека е малку лигав тип. А не му иде одма глуми дека нешто го боли :lol:
     
    На Hellen и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Camellia

    Camellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Новак Џоковиќ

    Кога не му идело? о.0 :P
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    Песна за него.
    Имаат србиве направено и една интересна пародија. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=V98EQ8XLJvk
    Добар е Ноле, не го следам многу зошто не гледам често тенис, знам од време на време.
    Успех е да тренираш толку време и да си го освоиш сонот, за пофалби.
    Го гледав дочекот, колку ја направи горда цела Србија, браво.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    ноле the best 8)
    БАш он е еден од ретките кои не ме иритираат и не ми се лигават. Во однос на тоа дека е #1 приземен е залеку подобар од оној Федерер. мене мие нај екстра 8)
    p.s Он је ноле сви га воле-мн заразно у пм ;)
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    АЈДЕ НОЛЕ , ДРЖИ СЕ :rock: Еден сет за ЏОЛЕ! :inlove:
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Новак Џоковиќ

    Ајде Ноле бе смачкај го овој по којзнае кој пат годинава во финале, јас не знам до толку да бројам колку што ти имаш победи веќе цела година!
    [​IMG]
    [​IMG]
    и пак нели? 8)
    [​IMG]

    Ах да и совршена е оваа за него, нека си ја чува :)
    [​IMG]
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Новак Џоковиќ

    Оваа година е дефинитивно негова, повторно реди успеси, и така нека продолжи :)
     
  9. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Новак Џоковиќ

    Ноле е срцееее, секогаш навивам само за него, еден и единствен, многу ми е природен, симпатичен, а и девојка му е сооооооон.... Нолееее :inlove:

    Прочитав на фб група, Рафаел Надал- доказ дека сите шпански серии немаат среќен крај... :D
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Новак Џоковиќ

    Глупаво е сега да го исмеваме на Надал и тој беше одличен играч.Ноле сега го заменува, ама да бидеме реални и него ќе му дојде крајот.
    Едноставно таков е овој спорт-индивидуална игра, се зависи од тебе.Надал е веќе истоштен од толку успеси, истото ќе се случи и со Ноле и тоа нема врска со нивниот талент.Надал на времето го победуваше Федерер постојано, сега е веќе изморен, се појавува Ноле кој сега собрал сила.Подоцна на Ноле ќе му се случи истото.

    Како и да е, браво за Ноле и да се надеваме ќе го освои и Ролан Гарос.Сега нека слави и одмара :clap:
     
    На Rozich и Hiii им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    Се согласува со тоа дека Надал играше добро но не и дека ќе му дојде крајот. Чекај сега се уигра детето и плус е млад има мн време пред него, рано е да го отпишуваш. Но алал да му е на надал не се предаде до крај, стварно, играше фономенално, но сепак, не е како ноле.
    Абе ноле ноле, без сон ме остави, до последна секунда те пратев, да не беше 2 саат ќе се дерев на глас! Шампион бе, растур прави, алал да ти е 8)
    ако продолжи вака се ќе им собере незнам што ќе прават после
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Новак Џоковиќ

    Ова знаеш кои го прават? Оние квази навивачи. Ако не знаете што е квази навивач тоа е оној кој навива за оној кој е стално прв, најдобар тим па за него се навива.
    Вистински навивач кој ќе засака тим, играч сеедно го сака и во добро и во лошо, а противниците не се мразат едноставно тоа се противници некад победуваат некад губат од твојот играч.
    Неможе да ги сакаш, ама ниско е да ги пљукаш.
    Ако некој каже дека Надал и Роже се лоши тенисери можат слободно да го свртат каналот на некоја турска серија. Ноле е најдобар во моментов, но никој не е вечно на врвот.
    Мене еве едноставно антипатичен ми е Роже откако знам за него, намќор, но тоа не ми дозволува за право да кажам дека е лош тенисер.

    Туку Ноле наш пред 2-3 сезони имаше одлични настапи но никако да е најдобар.
    Со месеци му биле правени испитувања бидејки кажувал дека се чуствува изморено многу. И оп некој доктор пронашол дека Ноле е алергичен на одреден вид житна храна. И одма нов режим на исхрана и од тогаш е во подем неговата игра, иако е ослабнат тоа е заради новата исхрана но сега се чуствува подобро.
    Јас си го имам на ФБ неговиот фан клуб и си се радувам што сам си пишува он, одговара на фановите, многу е шеговит, друштвен, прав балканац, јас не ги сакам србите и ретко навивам за нив, ама Ноле не можам а да не го сакам, не ми е ни убав ни посебно шармантен, но енергијата која ја дава е доволна :)
     
    На MarchelineAmaru и Phyramide им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    И само едно ќе кажам гледам мн не го сакаат ноле, дури и антипатичен ви е! ОК секој си има мислење не се дискутира за вкусови, ама не ми е јасно како поарно ќе навивате за некој Шпанец или Швајцарец него за некој од сосетството, во случајов од србија. Искрено не сум ептен загреана за тенисов, ама мило ми е многу што Ноле е сега #1. Многу помило него некој Шпанец, Американец или што не. треба да се подржуваме и да наиваме еден за друг, ко сега што цел балкан навиваше за нашиве момци! А верувајте мн повеќе беа среќни србите него било кој друг!
    И јас мислам дека Ноле е мн пријатен и мн духовит и ни најмалку не е дигнат! 8)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Новак Џоковиќ

    Океј си е братот ,растур прави ;)
    И особено ми е интересен поради тоа што и покрај сите успеси ,тој си се однесува како типично маалско момче ,не се крева ,не се занесува...
     
  15. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Новак Џоковиќ

    Одбивен ми е,цревата ми се превртуваат кога го гледам |( Но,не можам да одречам дека е фантастичен тенисер.Тоа што ми е антипатичен не ми дава за право да ги оспорувам неговите квалитети како спортист. :bow:
    Ама,и единствен најдобар кошаркар да остани уште 100 години,нема да го променам мислењето за него :puke:
     
  16. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Новак Џоковиќ

    Супер момче е,сега намбр уан,како и да е,и нему ќе му мине рокот ;)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    Фан сум на Ноле, за мене е No.1
    Забавен, не е некој со дигнат нос,интересен, и со голем борбен дух
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Новак Џоковиќ

    За ова си потполно во право,прво Федерер победуваше постојано, па го замени Надал, а сега е Џоле, неможе еден цело време да биде на врвот.Иако според мене Федерер и Надал се најдобри, ги бива, гледам сега некако Федерер се враќа во нормала повторно и драго ми е, порано ми беше омилен, затоа што знаеше на смирен начин да прифаќа порази, кога играше беше брз, сега да, но не толку, е сега нормално годините си го прават своето.Не може на пример, на 40 години да биде како на 25, но добар е, не се предава :D Сега пак Надал ми е омилен, а и тој некако кикснува во играта, што е и нормално за секој тенисер, не може да биде вечно најдобар.Сепак има доста добри тенисери, Ферер, Вердаско итн.

    И Џоле те го :D на сцена, победува ли победува и него ептен му тргна со победиве, само одбивен ми е, па и едно време прочитав некаде, рекол дека мрази кога не победува |( па добро според него кој е тој кој не сака да успее? :^) |( Нема таков човек :D колку што знам.
     
  19. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Новак Џоковиќ

    Леле па каква врска има дали бил од Србија или бил од Шпанија или од Сомалија.
    Битно е дали мене ми е симпатичен,дали добро игра па тука земјата не е некој фактор.
    Новак ни јас не можам да го смислам,мене лично ми е грд(но,има убав брат :$ ) но,неговата игра е :bow:
    Мене фаворит ми е Надал и секогаш ќе ми биде но,во моментов Џоковиќ подобро игра,по спремен е...
    Едно време така беше Федерер,па Надал а сега е времето на Џоковиќ.Се со времето,и Џоковиќ ќе го замени друг помлад тенисер за некое време. :?:
    Или ќе се врати Надал како number 1 :wasntme:
     
  20. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Новак Џоковиќ

    со последнава глупост што ја направи можам да кажам дека изгуби многу фанови...иде на турнир повреден за само да земе пари од тоа што ке се појави без да размисли дека некој дошол и платил да го гледа....
    идиоту да не немаш случајно пари и сеа стварно покажа колку го сакаш тенисот (читај парите)
    биди горд биди човек и дај ги во хуманитарни цели
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.