Ќе се вмешам малку иако не сум дефинитивно љубител на тенисот, ниту пак го пратам нешто посебно. Зошто мислете дека го хејтаме? Секој си има свое мислење, јас во темите за спорт сум читала дека на многу им се атипатични спортисти за кои не ми е јасно стварно поради која причина (не мислам на Роналдо ). Зошто Ноле да е исклучок? Антипатичен ми е до бескрај, не според изглед туку немам објаснување ама ич го неќам. И тоа е тоа, секој со свое мислење. Не можам да кажам дека не е добар тенисер, толку успеси на лепе очи сигурно не се постигнуваат. Ама па претерано е форсиран општо, и од србите, и од сите. Дечкото оствари бројни успеси, секоја му чест ама да бидеме реални тенисот не е спорт во кој има преголема конкуренција. Значи, има голема ама не и преголема. Имаат србите и други спортисти кои не доваѓаат толку до израз а постигнуваат далеку повеќе. Ете, пример Бане Иванович, еден од оние кој го однесе на рамења Челзи до финале, па немаше толку ука бука како за Џоле. Дека е премногу форсиран - е. Нема врска што е можеби и најдобриот тенисер во светот, секогаш ќе има некој кој нема да го сака, на кој ќе му е антипатичен поради оваа или онаа причина.
Блек, вака сеа. Под еден ммногу битно,зашто исфорсиран зашто е моментало најдобар? Извини малку оф, а што требаше догаш да збориме за Реал или еве сеа за Барса дека е најифосирана? Оф идам за да докажам една поента. Кога некој нешто не ви чини,т.е е на врвот одма е преисфорсиран. Така и ти со фудбалот, кога Барса е на топ е исфорсирана, а кога Реал е фален и на врвзаслижено,работав кога мојот тим не чини, сите други се лоши и се преисфросирани А кога некој вие што го бодрите тоа не е префосирано и тој секогаш е најдобар. А кога да се збори,оној што е последен? Рафа е повреде не игра долог време, Федерер не е у форма, не е тоа тоа како што беше и бил порано. Друго, србите го величеле, а во тенис немало голема конкуренција? Грешка катастрофална. Ај ти не гледаш многу тенис, па да ти објаснам, АТП листата брои најдобрите 100 тенисери. Значи и да си 100ти, значи нешто значиш барем тронка у тенис. Ние немаме ни еден у топ 100. А можеш да замилиш уште колку има што ги нема у топ 100. Значи нема врска дека нема конкуранција, не се лути ама не ти држи гола вода тоа мислење. Тенисот е спорт во кој баш најтешко се успева. Јас имам другар од детство, кој е познат тенисер(колку моеш да бидеш познат) и знам што знали да си тенисер и колку жртви има тој спорт. Пари да незбориме, неговото семејство е прилично имотно, па имаше некои турнири кои неможеше да си ги дозволи. Мислам дека после скијање е најкап спорт тенис, ако грешам исправете ме, ама мислам дека во 3те најскапи сигурно. После тоа, апсусрно е да споредуваш успеш на индивидуалец и на дел од тим. Бане Ивановиќ ако не бил ќе бил Трајко, тропам име, ако он се повреди има резева на кула и одма сед заменува. АКо индивидуалец се повреди, пиши пропало, нема замена. Па кај го најде Бане Ивановиќ па, толку познат е што да ти кажам. Башка игра сам со своја воља, со свои сили, не се потпира на никој друг од тимот. Фудбал и тенис ама неможат никако да се споредат. И јас сакам поише фудбал од тенис искрено, ама неможам да споредам тежина, не се мерат, индивидуалец со тим од 12 души. Така да и јас ги разбирам србите и за прв пат не се потсемавам дека некој србин се подржува, зашто ние си иаме некој комлекс и потреба да извишуваме срби, од некоја Х причина. Така да, јасно ми е дека може не го сакате, антипатичен ви е, ама да кажете дека е форсиран. Мислњата се тие, нит ти ќеми го промеиш моето ни јас твоето. Ама едно разграничивме, не е префорсиран ни најмалку, и не дека нема конкуренција па да се величи. Абре 48 000 000 има заработено од тунири Епа попоштено заработени пари нема никој во Србија, ни во регионов. Тоа што вас не ви се свија од некои Х прични нема врска со фактите. И мене Рафа ми е мајмун воопшто недостоен за тенисер, бон-тон и манири 0, мислам дека раката не ја извади од газот, па никому ништо. Не се истррив на темата за Рафа дека е грд мајмун ова она. Гледам модераториве толку ноншалнатно се понашаат на коменатарите па уште и лајкуваат, објективност 0. За убавина мене сите ми се испод просек. Али ова не моден избор за тоа се коментира. За последен пат, нека ви е вас антипатичен,али хејтот кога го пишувате, барем пишете нешто што ќе го држи, вака испаѓа сте пишеле колку да се најдете во муабет. Или од чиста мира да си истресете некој чуден гнев.
Малку оф одиме, сакам дискусии во спортските теми ама како што кажав тенисот не е некоја област од која се претерано разбирам, Од таа причина не можам да коментирам за тоа колку награди добил Џокович, која му е техника во игра и слично. Знам дека е успешен во тоа што го работи, за тоа секоја чест, симнувам капа, што и да е. Да, напротив ми држи вода мислењево, тргни го настрана тоа што си кажав дека ми е антипатичен, тоа си е лично мислење. Не ми беше поентата на постот тоа туку дека одите во темата најантипатичен спортист и буквално хејтате/ме нели спортисти како Роналдо, Меси, Тајгер Вудс, Руни, итн да не набројувам спортисти кои се покажале и докажале. А тука ќе се каже нешто за Џоле и одма тој некој хејта, се тресе некој гнев. Разбирам секој е таков кога се работи за омилен спортист/клуб ама дајте, да не смее лош збор да се каже за Ноле оти последниве години блеснал, сеге е недопирлив. Сите ќе ги вреѓаме во категорија спорт него не смееме затоа што во тој случај сме љубоморни на неговиот успех, вака? Меси и Роналдо жив пример (малку одиме оф со фудбалов ама чисто за споредба), најдобри во светот а има прееголем број на луѓе кои не можат да ги смислат. Значи нема врска талентот со тоа дали на некој му а антипатичен или не. Секој си има право на мислење. Според мое мислење е префорсиран (со ова не мора да се сложите, ама јас не го менувам мислењето). Нема врска, тенис, фудбал, во се е тешко да успееш. Иако еве, не сум знаела дека тенисот е најскап спорт. Инаку точно е дека фудбал и тенис не се споредуваат, сосема различни спортови. Тоа за Бане само како пример дадов. Па, баш и во тоа е поентата што не е некој екстремно познат, зошто пак Ноле да е нешто повеќе форсиран од него? И колку има предности индивидуалноста во тенисот а колективноста во фудбалот толку има и недостатоци. Во тим треба да се намачиш да дојдеш до прв тим пример во клуб како Челзи, во Премиер Лига. Ај да не одам оф многу со споредбите меѓу овие двајца. Еве, можеш слободно некој српски кошаркар или сосема некој друг успешен српски спортист да ставиш на негово место. Има конкуренција во тенисот, каде јас не реков дека нема. Ама во фудбалот има даааалеку повеќе. Уф, многу одам накриво од темата, толку од мене. Не ми беше намерата толку да разглабам за Ноле, Џоле, ватевр. Едноставно само затоа што прочитав мислења на темава дека оние кои го неќеме го хејтаме . Не ви ја уништувам повеќе темата, поздрав .
Убаво си имаше напишано Пирамида, и се согласувам, зашто сум била и ситуација да од ниеден збор да почне да ми се врти муабет како зашто навивам за Џокович, ама зборувам за жестоки напади прво кон мене а после кон Ноле. Па невкусни коментари од типот за убавина, за носот или за било све освен игра. Не викам дека твоето мислење лично било хејт. Ама имало и има на темава, и пак ќе кажам СИ СТОЈАТ и никој не ги брише. Колку е конструктивно мислењево што да ти кажам. Па и тоа над него ако е позитивно е неконструктивно. Муабетот ми беше горе доле посотот на пирамида и плус истово го разглобивме во темата за тенис општата со пеперминт. Може вас да не ви се свија али вистина е таа. Исто како што не ти се свија што Меси е најдобар и тоа ти е исфорсирано рака во оган ставам дека така мислиш. И јас сакам да кажам дека Милан е најдобар али си ќутам пошто далеку е од тоа и си ја прифаќам реланоста без да се контреирам на секој кој ми докажува факти дека некој друг е на врв. А ако кажете дека е преисфорисран дефинитивно не ја сваќате суштината на тоа што значи да се биде АС. Значи секој кој е најдобар е преисфорсиран? А зашто Џокович е преисфорсиран,зашто ти не навиваш за него нели? А Федерерсо години кога беше број 1, супер си се беше, неисфорсиран. Мислам дека малку не ја сваќате поентата на спортот. И темата за најантипатични спортисти одамна е отидина во бестрага, али ај да не се мешам у модераторската работа, одма ќе ме бришат
Абе види Блек, пошто јас го начнав муабетот за хејтање кревам раче за реплицирање и у склоп на истиот, ќе ти кажам, ОК, мене ич не ми е тажно ако ти, или билокој друг ми речеш дека ич не го сакаш Ѓоле - овај Ноле де Ваш избор, Боже мој. Не ни зборев за тоа. Ама јас не разбирам една работа, од кај искочи „трендов“ на - леле и јас го хејтам Ноле - а зошто? епа затоа!!! И следи ролање на очи ко новото смајли од Скајп...новото братче на И не разбирам уште една работа, еве конкретно нешто што ти спомна - форсиран од Србите? Ма остај ги нек се радуваат. Побогу ние за 4то место го напунивме цел плоштад и петарди се пукаа насекаде низ Македонија и низ светот кај што имаше Македонци. Буквално мрднавме тогаш. Кошарка, кошарка, Бо, кошарка. Специјални автобуси, луѓе искачаа од работа, од часови се пушташе. Тоа не е „форсирано“? Не е малку ненормално да речам? А Ноле е? Зошто? Тоа е актуелно, тоа не е форсирано. Форсирана може да ти е Хајди Клум која е ставена на секоја можна реклама. Ама Ноле? Ќе го замени и него евентуално некогаш некој друг и после него ќе го гледаме. Ама зошто да не му се радуваме на успехот сега додека е актуелно? ОК зборам за нас поддржувачите и Србите кои се радуваат плус од патриотски побуди. Ми текнува на времињата кога Моника Селеш беше број еден. Абе отвори фрижидер, Моника Селеш мислиш ќе ти запука тениско топче у фаца...ама си навивавме сите сложно југословенски. Радости се тоа, остај ги луѓето да се радуваат. На пример јас Федерер ич не можам да го гледам, ама кога конечно си ја освои британскана чинија ми беше мило. Да не беше Ноле Србин, сигурна сум дека немаше толку да се хејта. Јас барем таков впечаток си добив. И не зборев претходно за форумов конкретно него ете си ги следам другарите што мрчат и осеќаат некоја потреба да кажат нешто негативно на луѓе кои баш жустро навиваат за него. За инат. Мене ми е тоа непотребно полнење со негативни чуства. Ништо поише.
Многу го сакам!Немаше да знам дека постои ако не беше дедо тука да ме тера да гледам тенис со него.Тпгаш тоа ми беше смрт,но сега сум му многу благодарна бидејќи мислев дека тенисот е досаден спорт,но напротив е многу добар.А Ноле само заслужува пофалби,бидејќи ретки се луѓето кои можат да си го остварат својот животен сон,а ете он успеа во тоа.
Успеа да го земе и Монте Карло едно големооо Браво за Човеков Тоа и се оЧекувасе играсе многу подобро од Рафа Чезнам зосто немам нисто против Рафа ама многу ме нервира Човекон зарем мора секогас кога треба тој да ја фрла топката да се Чепка по газ и да го Чепка носот и косата. Многу ми е мило сто победи Ноле сосема заслужено доста му бесе веке на надал мислесе дека пак тој ке победи ама џоко го скрси Порано не ни гледав тенис не ни сакав ама сега поради Новак не пропустам ниту една негова Утакмица. Цар е само нека продолжи. Напред Нолеее
Ептенн ми е криво сто изгуби вЧера само сто не заплакав играсе многу добро ама оној судија кога ја даде таа пресуда за аут а не бесе аут ноле многу се изнервира и од тогас ноле не бесе оној ноле сто бевме навикнати да го гледаме оЧигледно бесе дека суудијата бесе на страна на оној драпаленконо сто веке остај сто Човекон се Чеса само по газ и нос сега и алатите поЧна да си ги Чепка аман бе па цел свет те гледа ц.ц.ц брука Ама колку сака нека го освојува ролан гарос сепак нолее е прв и така ке остане усте многуу долго а тој може да си се теси со 3 место И се надевам дека ке изгуби од Ферер. И го оцекуваме следната година Новак многу подобар и секако да го освои и овој турнир па срекно.
Дали знаете можеби каде се продава книгата на Ноле- Сервирај за победа? Не сум поминала низ книжариве да видам...
Јас ја земав со едно спортско списание околу 200 денари треба да доплатиш. Ама не ми текнува кое списание беше. Ама побарај ќе ја најдеш одма Иначе јас почнав да ја читам( како најголем фан на Новак) и предобра е. Вреди да се прочита
KAДЕ???? Пребарав секаде, низ Центар, низ Кисела Вода, де трафики, де поголемиве маркети, де специјализирани само за списанија, никаде ја нема, секаде само книгата ја извадиле и ја продаваат 500 денари Демек ние палци цицаме и не знаеме дека намерно ја извадиле за да напраат пари, списанијата се продадоа, да де да, баш така. Пиши каде има, ќе одам до Сарај ако треба
Го најдов списанието у Тинексот што е во Карпош 2 кај Драмски театар и тоа сосема случајно на поминување, не успеав да заприметам дали имаше уште! Провери може имаат Иначе да 500 денари е посебно да се купи,ми рекоа у Сити Мол у трафика ја имало!
NOLE е супер лик, секоја чест за успехот и заслужува секоја пофалба....покрај талентот тој е човек кој е доста културен за разлика од некои кои ги заслепиле парите, тој е приземен човек, неуфилман и незаборавил порано како живеел тоа ретко се среќава денес....хехех најубвао ми е на душава кога играат со RAFAEL NADAL натпреварот ми е онака по кеф оти кога надал ке почне да губи-одма неговата психа доаѓа до израз, понервозен човек не сум видела, и оп почнува рамото-устата-носит-ушите-косата да ги допира и пукнува од нервоза, неможе да ја скрие нервозата и е многу многу психички нестабилен.....а ноле си е онака спонтан, смирен, концентриран па дури и кога играта трае и повеке време и се гура со последната сила...