1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова година... Обичен премин од една во друга година, или...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Barbie-mwa, 11 декември 2010.

  1. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Каква еуфорија бре.........до пред три години не сум знаела што попрво да направам,а сега ама баш немам волја ништо да направам....што е жалосно :( ........и криво ми е кога ќе ми текни дека иде Нова година а јас како некој труп сум..........ама како ќе мислиш на Нова година кога имаш еден куп проблеми :@
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    И јас ја немам воопшто , еуфорична сум обично за Бадник , Божик а за нова година кога бев дете да ,ама сега некако дури и товар ми е :|
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.752
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Не се сеќавам кога последен пат ме фатила оваа еуфорија :D Можеби во средно, кога се собиравме со друштвото, па баравме место за изнајмување, собиравме пари, па одевме по маркети да пазаруваме, па уредувавме и се по ред.
    Веќе одамна Нова Година не ми е ништо повеќе од преценета обична вечер.
     
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Го сакам овој период од годината - се е весело, шарено и хармонично.Луѓето се собираат почесто, децата се радуваат повеќе, се е совршено за Нова година.Новогодишната еуфорија е типичен дел од декември и иако понекогаш ми личи претерано, сепак, и јас се вплеткувам во тој позитивен хаос.
    Годинава некако, можеби заради тоа што сите можни предлози за Нова година ги одбив, не ја чувствувам таа еуфорија.А можеби и заради тоа што фали она што го прави овој период најубав - снегот :rofl:
     
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Новогодишна еуфорија

    Годинава и немам некоја еуфорија, сеедно ми е дали е Нова Година или не, дури и се’ уште не ми се верува дека за некој ден е.
    Го сакам овој период, отсекогаш, но годинава ми фали она позитивно и убаво новогодишно, празнично чувство.
    Ај може ако заврне снег ќе ми се врати празничното расположение и ќе ме понесе „еуфоријава“ што не ни гледам дека постои последниве години, како да исчезна. :|
     
  6. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Новогодишна еуфорија

    Обожавам новогодишна еуфорија! Едвај чекам да дојде Нова годинааа!!
     
  7. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Новогодишна еуфорија

    Лелеле, има уште многу малкуу.. :wasntme: Гледам не ве фатила баш Новогодишната еуфорија.. Ама во мојот град се е преубавоо.. :inlove: Така да, опседната сум со еуфоријава.. Не сакам никогаш да завршат празнициве.. Исто така ја чекам со нетрпение и забавата на 31 во школоо :inlove: :inlove: едвај чекам. Малце забегав туку ајј!! :D
     
  8. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Ја обожавам Новогодишната еуфорија :) кога целиот град е прекрасен во според мене најубавото годишно време ЗИМАТА
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.653
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Новогодишна еуфорија..пффф ма јооок бре!
    Со секоја година се помалце и помалце има еуфорија воопшто... најобичен ден на кој се трошат необично поише пари од обично...
    Китењето елка никогаш не ми било забавно..добро тоа може и до мене е.. :lol: аааама затоа секогаш празниците шо следеле после тоа биле тие шо ми ја грееле душата..тогаш по некое непишано правило.. семејството се собира на едно место..шо не може да се каже дека е така во текот на годината пошто денешниот брз начин на живот или ретко или воопшто не ни го дозволува тоа... сите со обавези, сите негде брзаат..секој нешто чека, се некој негде касни... тажно... Овие празници некако праат сите да најдат време, макар на кратко.. ама да се деси да се седне на маса заедно со остала толпа.. :)
     
  10. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Мене па баш ми е убаво.Новогодишни песни,планови за Н.Г,тие рекламите новогодишни,китење на елката,сегде свети...абе се ми е убаво. :)
     
  11. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Новогодишна еуфорија како што минуваат годините се послабо се осеќа и како што народот нема пари да купи ни едно парче месо и да си постави трпеза,како што цените се кренати во таван,а платите на минимум и ретко кога се редовни тешко да те фати еуфоријата,зборувам општо за народот,кај мене сеуште ја осеќам,но не како порано најмногу и се радувам на елката и сијаличките како мало дете.
     
    На Thebestone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Новогодишна еуфорија

    Не знам за вас, ама јас новогодишна еуфорија не осеќам. Осеќам новогодишна криза. :D
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Новогодишна еуфорија

    И јас воопшто не ја осеќам новогодишната еуфорија. Еве, елката дури денес ми текна да ја наќитам, по дома немам ниту еден украс ставено. Онака само, што се вели, ради реда. А и немам некои посебни очекувања ниту за дочекот на новата. Онака |(
     
  14. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Новогодишна еуфорија

    Денеска со натич се лакиравме, физури праевме.. Не дека е некоја новогодишна еуфоруја, тукуу.. :wasntme: ај!
     
  15. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Ептен ме фати еуфорија, уште пред еден месец, и не верувам дека ќе ме пушти бар до кај март. Среќа што пред некое време ми кажаа дека се честита до 13 јануари, инаку ќе ги гушкав и бацував сите што ги знам и не ги знам до кај април ваљда... Едвај чекам руска, кифлички и кока кола да појадувам во наредниве 2 недели, да отварам подароци, да подарувам џиџиња... ма се!!!!
     
  16. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Па да ви кажам не ја баш осеќам новогодишната еуфорија иако вечерва е Нова година.Не знам,ама веќе како оваа традиција толку на големо да се прославува Н.Г. како да избледува.Се прославува колку од ред.
     
  17. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    исто.. не е веќе тоа што беше го нема веќе духот.. ама сепак како што е редот вечерва си славиме :D
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    И ја не осеќам новогодишна еуфорија....
     
  19. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија

    Празник (што и не е баш празник) што најмногу го нејќам е Нова Година. Мразам елка да китам- годинава на 28.12 ја наместив со тешки маки. После мразам балкон да украсувам- вчера сабајлето коа се разбудија комшиите, што да видат, у последен момент јас обесена на оградата балкон украсувам :fubar: . И на крај ги мразам трошоците- ваков фустан, таков фустан, онакви трепки, ваков кармин, дебели хулахопки, па трк до Охрид, па стан барање |(, па другарки откажуваат/ закажуваат.. . Единствено добро нешто во празников ми е забавата. Душа да си исполниш! :D
     
  20. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Јас си ја имам таа новогошина еуфорија. :lol: Мене Нова година ми е среќен ден и секоја година со нетрпение го чекам. :)

    Дури и си го пружам тоа задоволство да ја испланирам целата вечер,а другарките немаат проблем со тоа. :lol:
    Но сепак...малце ми е страв од тие петардите. :D :$ Не знам зошто ама никогаш не сум ги сакала,а кај мене во населба за Нова година сите ги пукаат и да му е страв на човек надвор да излезе да си ужива во огнометот! :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.