Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова година... Обичен премин од една во друга година, или...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Barbie-mwa, 11 декември 2010.

  1. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    порано ми беше онака посебна вечер, сеа не толку.
    но зависи до положбата со кого си е најважно :?:
     
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    61.461
    Нова година... Сепак е само обичен премин од една во друга година... Ништо посебно, ништо спектакуларно...
    Мислам дали во последниве години се изгуби возбудата околу славењето на Новата година од причина што сите почнавме да размислуваме во стилот „ секој ден може да ми биде Нова година, секој ден можам да славам нешто во кафеана, секој ден можам да си правам журки“!!!
    Но, за промена малку поинаку да погледнеме на Новата година - Скопје деновиве е убаво украсено, светат сијалички скоро од секој балкон, а почнаа и попустите во некои дуќани... Дечињата му пишуваат писма на Дедо Мраз со желби за убави подароци, а повозрасните си замислуваат неостварени желби и цела следна година ќе чекаат да им се остварат... А, сето тоа е убава предновогодишна атмосвера, нели!!! А, ако падне и снег (а изгледа нема), тогаш ке имаме убава Новогодишна ноќ (може и без снег)!!! :)
    Сите ние, да се потрудиме Новогодишната ноќ да не ни биде само премин од една во друга година - туку да ни биде нешто убаво, прекрасно и вредно за паметење - затоа што 2015 година е само еднаш во постоењето на планетата Земја!!!:) :party: :music:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    33.745
    Пол:
    Женски
    Па кога бев 14-15 бев многу возбудена, машки, серенади ова она. :D А и оваа година сум затоа што првпат ќе чекам со дечко. Иако знам дека е само една обична вечер, многу сум возбудена. :wasntme:
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Порано, кога бев помала, барем за мене имаше нешто во Нова година, имаше некоја еуфорија,нешто посебно. Стварно се чувствуваше како да е некој посебен ден кој сите со нетрпение го очекуваат, сега веќе не е така. Сега Нова година остана еден обичен ден, ист како било кој друг,само што поголеми трошоци и седење обавезно до 12, и бакнување со сите и оние кои ги знаеш и оние кои не ги знаеш ( за жал неколку години по ред морам да си честитам и со оние кои сум ги видела неколку пати во животот) ама ајде...
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.278
    Пол:
    Женски
    Коа бев помала многу бев возбудена за Нова Година, па спремање, дотерување, сеа ми е обичен премин од еден во друг ден и ништо друго. Едино ми е убаво што ми е накитено дома и има некоја топла атмосфера.
     
  6. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    За мене Новата Година е премин од една во друга година. Не е ништо посебно. Како помала едвај чекав да дојде Нова Година, а сега ми е сеедно. Не и придавам никакво значење.:)
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    До лани се радував за Нова година, правев планови каде ќе ја дочекам што ќе носам, оваа година имав неочекуван пресврт на настаните, сигурно е дека сум позрела за 1 година :D сега не ми треба лумпување и помпезно дочекување , не дека сум престарена , воопшто не сум, ете така ми дојде и сакам мир , ке си славам во поопуштена домашна атмосфера со друштвото .Годините ќе си поминуваат , што е и нормално, наше да правиме планови и да делуваме врз основа на тоа , само здравје и да се редат годините за сите без прекин .
     
  8. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    И тоа како се возбудував за Нова Година до лани. Ми беше посебна таа ноќ, прво одбројување часови, минути пред полноќ, па огномети, па честитување, посакување желби, бакнежи, прегратки... а сега буквално ништо, нема ни грам возбуда во мене, незнам многу сум сменета за последниве 6 месеци и на работите гледам поинаку. Е нов почеток, ама тие почетоци се повторуваат на секои 365 дена. Има други поважни почетоци, кои не се толку чести. Обрнете повеќе внимание на нив :*
     
  9. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Колку и да е Нова година популистички и капиталистички празник, колку и да нема некоја поента, колку се да е безврска, колку се да нема некое значење, но јас убаво се чувствувам. Човекот има потреба од вакви денови, има потреба од издувен вентил, има потреба од некој оптимизам, ведра енергија, полетност, затоа луѓето по инерција сите се на некаков начин весели, се купува, се пазарува, се обновуваат стари пријателства, самата таа потсвест дека нешто се случува чини од нас да чиниме други да се чувствуваат подобро. Па, не сме роботи ебаго? Колку и да не сум поборник на вакви работи јас искрено уживам и се чуствувам посебно. Може и 3 години да не влезам во црква, но на кого не му се топли срце кога на Велигден ќе ти дојдат малите деца од улицата по јајце и да ти пејат пред врата? Не знам зошто, ниту сум размислувал, но едноставно се чувстувам убаво и се дур ме држи такво чувство не размислувам на ништо друго)
     
    На eloves, vinozito1, LaraSolare и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам дека ова е прв пат да се согласам целосно со твое мислење. :D
     
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Нова Година, оваа година ама ич не се замарам со неа, не знам зошто безначајна ми е, не ја чувствувам таа еуфорија, каде со кого, што ли ќе облечам, бла бла, накратко да речам за сигурно ќе си бидам во пижамчиња со руската и кифлите, дома. КЛАСИКА.:D
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.119
    Пол:
    Женски
    Не е посебна или така нешто, ама самото славење ја прави поразлична. А премин од една во друга година не е нешто обично. Еднаш се случува, а одамна е дадена традиција да се прославува, што е сосема во ред, ама не на овој начин - по ресторани во гужва и многу турбофолк. (n):puke:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.323
    Пол:
    Женски
    Нова Година како ден е само обичен ден. Ама убаво е човек да очекува нешто со нетрпение, да слави, да се дотера, да си раздаде подароци со најблиските итн. Тоа го прави животот убав и интересен. И роденденот ако гледаме, е само обичен ден, ама убаво ни е да го славиме.
    Човек не смее да затупи во монотонијa :)
     
    На Someonespecial и LaraSolare им се допаѓа ова.
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се радувала на Нова Година не знам. Изминативе две години бев на дочек,и што да кажам С-В-А-Д-Б-А ! Не би повторно искрено. Обичен ден,обично излегување ко за викенд.
     
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Новата Година и ако е премин од една година во друга сепак треба да се прослави на некој начин.
    Мене ме асоцира на раѓање на нешто ново,невино и чисто.
    Секогаш кога сум имала лош ден,ме држела помислата дека тој ден ќе заврши и ќе дојде нов.
    Така и годините.Старата ќе си замине и ќе дојде Нова Година.Нова надеж, би рекла.
     
  16. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека порано повеќе се радував.Се сакав да ми е ново , оти срамота во старо , сите демек ново купуваа. Ама не ми е жал за парите што сум ги дала, барем тогаш со мерак правев се околу Нова Година.Еуфоријата спласна со годините и оваа година беше најмала, до вчера не знаев каде ќе чекам, така излезе полагања, рокови за триста работи.

    Aма длабоко во себе имам трошка еуфорија.Си велам уште една година каде што можам да си дозволам да славам надвор од дома,некогаш ќе имам деца за кои ќе се лишам јас од славење за тие да си поминат убаво, можеби , не дај боже, неплатени сметки, рати од кредити, здравјето нема секогаш да ме служи како сега,ќе имам повеќе брчки, повеќе грижи...

    Затоа и утре ќе се потрудам да си поминам убаво :)Можеби и новите генерации меѓу кои и јас може на некој начин да се вбројам , немааме толкава возбуда пошто излегуваат од помали , седаиме до покасно отколку што седеле нашите родители кога биле на наша возраст и Нова Година била единствената вечер кога до раните утрински часови ќе се слави.Јас а и многу мои врсници и помали од мене можеме слободно да заглавиме до 5 било која вечер и затоа Нова Година ни наликува на обично излегување.

    Нека ви е среќна, убав помин утре и со повеќе насмевки, позитивна енергија во 2015 :):hug:
     
    На Elena69221 и anna.tesoro им се допаѓа ова.
  17. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    денот кога девојчињата по клубови полесно даваат
    ...броеви де :drunk::bug:
     
    На Arthur и tessie им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.533
    Пол:
    Женски
    САМО обичен премин од една во друга година со мнооооогу луѓе од кои на крај испадна половина да не ни ги знам ... о.о Никогаш не сум давала некое големо, истакнато значење на Нова Година сем што никогаш не сум се навикнувала до сред лето која година сме :|
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Секој ден е само обичен ден ако е за тоа. Празниците ги создаваме ние.
    Она што ми се допаѓа во врска со празниците воопшто е тоа што е потребно нешто да не` потсети дека секое просведочено изгрејсонце е чудо само за себе, дека е нешто посебно. Дека треба да го славиме секој ден.

    За жал, многумина го знаат ова, но во практика ретко така се однесуваат. Празниците, а меѓу нив и чекањево на новата година се еден добар потсетник за тоа каков подарок е животот.
    Затоа, никогаш не ни мрчам кога ќе дознаам дека почнале да се слават туѓи празници.
    Што повеќе потсетници за она на што сведочиме секој ден, тоа подобро. :)
     
  20. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    нешто обично незнам не се возбудувам јас за оваа нок исто кака и секоја нок најобичен премин од една во друга година