Всушност не сум ни сигурна дали уште некој ја гледа серијава ама јас ќе ви кажам за неа. Релативно нова серија, досега имаат излезено само 7 епизоди. Приказната почнува кога Џеси открива дека дечкото ја изневерува и се преселува со тројца дечки кои не ги знае од претходно. И така сите различни карактери им почнуваат згодите и незгодите. Тоа што мене посебно ми се допаѓа е енергијата, глумците се супер вклопени а јас и онака си ја сакам Зои Дешанел како актерка. Мужите мене ми се прилично секси така да и тој дел не е за игнорирање. Можеби хуморот не е за да паднеш во несвест ама мене ми е баш интересен и релаксирачки. Во секој случај ако некој ја гледа ајде да размениме мислења, а може и ќе набедам некој да ја гледа (епизодите траат по 20 минути па за неколку саати се изгледува се што има излезено до сега)
Интересна е ептен, а Зои ја сакам ептен како актерка и супер е вклопена во улогава.А епизодиве се лесни за релаксирање
Дали е само до мене, ама тотално сум разочарана од Зои! Како да е друга глумица, од глумата во 500 of Summer нема ни грам. Концептот ми е веќе виден и искрено од сите серии што излегоа оваа година ми е убедливо најслаба! Добра за тепење време, ипак треа само 20 минути!
Многу јака серија! Гледам сите не се согласуваат, ама мене лично ептен ми е смешна (мажот ми рече така сум се немала смеено од Пријатели кога ги гледав) ! Вчера ја почнав и планирам да гледам уште (колку и д аима досега излезено )
Како се сснав деновиве, сите 10 епизоди ги изгледав ама добро и по 20 миниту се. Интересна е, Зои е ептен чукната, а и карактерот некако, срцка. A и се мислам понатаму Џес и Ник, ке се заедно.
Јас сега почнав да ја гледам. Добра е за релаксирање, ама хуморот е слаб некако. Би рекла ништо посебно. Ама ај, за тепање време.
слаба е и се послаба со теков на епизодиве, барам според мене. Се чудам како може да има подобра оцена на ИМДБ од 2 broke girls Нема некоја пособена тематика, нема некоја замисла од која може да развлекуваат даље. Мислам дека е прашање на врема кога ќе ја прекинат, барем спорем мене.
Koјзнае, според рејтинзите серијава е погледана од 2 broke girls. Можеби, за жал, ќе тера подолго. ќе видиме како ќе иде. Јас ќе ја гледам серијава, немам нешто посебно за гледање. Тоа е.
Јас си го повлекувам зборот, не ми е толку лоша, барем последниве 2-3 епизоди ми се допадна Јако беше со кактусот Има потенцијал, можеби до сега јас не сум го гледала ама се подобрува. Сиси е Мислам дека и глупите луѓе сватија дека Ник и Џес се свијаат, ама од километар се познава.
Серијава не е до толку лоша, интересни се некои епизоди, некогаш има голем хумор во нив, некогаш тапкаат во место али 20 минути за тепање време таман е серијава
мене сеуште ми е многу јака серијава (а на некои пак не им го дава тоа чувство од причина што го нема она смеење во позадина)..сепак мене ми е ептен забегана
Мене ми е многу супер серијава, 20 мин.дур ја гледам, си кулирам и си се смеам! Главните ликови се одлични! Џес како детинеста, учителка, сосема спротивна од нејзината најдобра другарка, секси моделот Сиси Спојлер Јас тајно навивам Џес и Ник да се спојат, совршени ми се И ги обожавам балетанките на Џес во сите бои
Малку забегаа последнава епизода, не се деси ништо, ама баш ништо значајно. Мене единствено смешно ми беше ова, Нека ги живнат малку работиве, нема драма, незнам фали нешто....
^Да, се сложувам. Нека се открие веќе врската со Сиси, или нека се случи нешто со Ник и Џес. Монотонија вака. Или па дека ја гледаме епизода по епизода некако не ни се чини интересна. Сепак, друго е да заредиш цела сезона. Ама сепак, нека мрднат малку.
И јас ја гледам, да потполнам време интересна е. Ова ми беше смешно http://www.youtube.com/watch?v=DrGir6DNbCc
Многу многу многу јака сцена!!!!!!! Оваа и онаа од првата или втората епизода кога Џес отиде да си ги земе работите од кај бившиот, кога машкиве ги ставија шеширите!
Ја загледав, па ја баталив.. не ми се допаѓа баш, а и го сменија тој црнецот на почетокот што беше, тој ми беше ептен интересен, сега овој новиов не баш...
Читав дека некаде добиле награда, за нај хумористични први епизоди (дали за првите 7/ како нова серија. И да, првите стварно беа многу смешни, али овие сега.. па ми се приспива. Некако туп хумор.
Ги гледав сите епизоди што се излезени до сега, и има интересни сцени овие ми беа најсмешни (stain remover...hellloooo!) а го нема делот кога си става парфем http://www.youtube.com/watch?v=WkltF9Ag ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=PrSFJFArkA4
Мрднаа нешто од место, некој дозна за Сиси и Шмиди. Мене стариов ми е језив малку, и ме одговараат ич... Ај барем нешто поразлично Јас знам, сигурна сум 100посто дека Џес ќе биде со Ник, си одговараат најмногу на свет Спојлер Срцка ми е Џес, многу ми е мила,детинеста искрена, наивна