Колку и да ја сакам Зои Дешанел, серијава...НОТ. Ги гледав првите неколку епизоди, ама не бре, не, не и не. Ретардирана ми е. Нека си го смени агентот, нека и наоѓаат подобри карактери, подобри филмови
Добро е серијава ќе нема паузи ќе може да ја изгледаме на раат Спојлер Фала Богу сите разбраа за Сиси и Шмит веќе редно беше. Баш ми се сладок пар И веќе аман сакам Џес да е со Ник и тие би биле убав пар
Во последно време многу серии изгледав онака наеднаш (многу слободно време не е на арно ) и оваа серија се најде на листата. За серијава ќе кажам дека ме изнасмеа, посебно епизодите со кактусот и со шапките. Зои (Џес) е ептен откачена (посебно потпевнувањето односно џингловите што ги измислува за себе) , а од останатата екипа најинтересен актер ми е Ник. И тренерот ми беше баш закон карактер, ама за жал само во првата епизода се појавува.
New Girl We wanted to let the fans know first: Jess and the gang will be returning for a 2nd season this Fall! превземено од фб.
Мислев серијава ќе ја изгледаме, прва сезона, недела по недела до финалето на 8 мај. Инаку да ќе има и втора сезона Спојлер леле последнава епизода смешки, колку само го замараа дечкото на Џес тоа е едно чудо
Знам дека не е можно ова да се случи, но мене ептен ми одговараат Џес и Шмид. Ник ми е предосаден лик за неа, а со Шмид се слични,двајцата откачени,секој на свој начин. Спојлер
Денес не ми беше ич до смеење, ама ова ме помоча брате, not lighter,not darker- BEYONCE! Интересна беше епизодава, имаше супер моменти
Серијава интересна стана. последнава епизода беше супер, сум се изнасмела со Шмидт, значи ептен е мрднат човеков.
^Последната стварно беше јака Нај јака до сега од сите, се изнасмеав. Прво со Џес- ју ар а мес Шмид, оф шмид зар је могуче Спојлер И еден заклучок, која пи*ка ипол е Сиси, мајка му стара, По нашки Цеце биму дошла
И ова ни заврши, а баш веше лудница епизодава, се измочав од смеење. Освен Шмит и Сиси, другото се заврши како што треба. Спојлер хахахахаххахахахахахахахахаха, се помочав, се помочав Или пак Аnd the dance, хахах колку се луди Почнаа траљаво, ама на крај искочи една супер интересна и смешна серија. Кој ќе чека до септември
Ја почнавте ли вторава сезона? Имаше некои хит моменти, ама сепак ми фали нешто, како и во првата сезона. Просечна ми е. Само многу се смеев на ова
^ Да почнав да ја гледам и новава сезона и во право си кога викаш дека фали нешто од првата сезона. Како и да е серијава си е интересна на свој начин, на моменти ми е досадна на моменти па се смеам на некои сцени. Како и да е ќе продолжам да ја гледам
Ja урочив изгледа, јака беше преходната епизода. Мислам дека оваа им беше најдоброто до сега. Спојлер Каков boob fight падна, хахаха не се здрави жими се Шмит кое буре бил Али сепак најјак муабетот дека на Сиси градите и се исти од 7мо оделение Добра епизода, имаше многу топ сцени!
Хахаха да да добра беше последнава епизода доста се изнасмеав со Шмит и Ник на крајот, а и со таа Русинката манекенката колешката на Сиси мислам каков лик е само
Вторава сезона ми е прејака,далеку посмешна од првата. И Зои е некако разубавена. А Шмид,класика,го обожавам. Инаку,ова ми се најсмешните сцени од прва сезона,со солзи се смеам секој пат кога ги гледам: http://www.youtube.com/watch?v=vm5_0Db0IFo Еве вториов клип е всушност целата сцена,една е,штета нема подобар линк,но се разбира сепак,видете му ги фаците на Шмид леле,како пробува да ја разбере http://www.youtube.com/watch?v=25006Fp3DWw И уште нешто интересно: http://www.youtube.com/watch?v=hWfywCaAmMk 02:25
Ау гостинката на Ник човече какво бакнување Мене ми е кул втората сезона, секако ја гледам за 20минутно релаксирање. Редно е да направат некоја Џес-Ник акција, нели така заврши втората сезона сепак. Шмит и Сиси се совршен пар, ама појак е кога е без неа па прави глупости да ја врати. Ник беше срце во Хелоуин епизодата “You wanna know why I don’t like haunted houses? Because they’re just like relationships. You walk in, all confident and then once you get in, it was not what you thought it’s gonna be, it’s scary!”
Супер ми е серијава-онака ептен е лимонадка, максимално релаксирачка...се кршам од смеење додека ја гледам, многу е добра!
Интересна беше последнава епизода се изнасмеав на делот со црниот Дедо Мраз и кога Шелдон играше стриптиз Ама и дечкото на Џес не е лош Спојлер
Ја почнав првата сезона денеска, почетокот на прва епизода од првата сезона ме освои Дефинитивно ке ја гледам.
Дали од што нема ништо што да се гледа мене последнава ми беше прав погодок, со мерак си ја изгледав. Дечкото на Џес е бомбона, уште кога беа само кежуал секс, ми беше Се изнасмав на сценава Добра беше последната сцена баш во нивен стил блесав Следна епизода дури на 8.Јануари