Па и јас почнав да ја гледам серијава и сум до 12 епизода.Многу ми се свиѓа и одвај чекам да ја изгледам првава сезона
Дечки, каде ги гледате епизодите? Јас ја започнав серијава пред неколку месеци и гледав онлајн преку sidereel, ама не можам да најдам линкови за некои епизоди и ја прекинав. Да ми дадете некоја страна каде ги има сите линкови од епизодите, м?
Мишелка, а да си ги симнеш од thepiratebay.org и да ги избришеш кога ќе завршиш со гледање? Нема регистрации, бесплатно е брзо се симнуваат, не ти сецка при гледање и можеш и превод да сименап ако сакаш! Мој предлог е торент пред онлајн стрим. Секогаш можеш да ја избришеш епизодата, да не ти зафаќа место
Уф, Хипстер, мене највеќе ме плаши да не ми се закачи некој вирус. Ќе скренат моиве ако уште еднаш им кажам дека компјутерот е за форматирање. Ајде ќе пробам, па ќе пишам следната недела што сум направила - оваа ми е презафатена со полагања и учење и немам време да ги дружам сериите. :geek: П.С. Да не случајно е грешка линков, не ми ја отвара страницата !?
Мишела, ги имаш сите епизоди на филмовизија, со српски превод. Јас таму ја изгледав, затоа што сум готован и сакам се на готово, ме мрзеше да спуштам башка серијата башка преводи... Еве: http://www.filmovionline.org/browse-the ... -date.html
Фала ти Менди, јас како што сум мрза светска, ќе си ги гледам и таму. Ма ако треба и ќе ги симнам, имаше и таква опција, зар не? Сакам да си ги имам, ќе правам колекции. Jaс се вратив во темата да упатам еден поздрав до Хипстер. Првата сезона ја изгледав во рекорно време, ја најдов со превод (на англиски, ама сепак подобро отколку така да зјапам во екранот). Ќе ставев линк, ама не можам да го најдам а жива глава. Која сака, ќе си го најде на пајратбеј - цела сезона е. Моментално ја делкам втората сезона, ама некако не ми е тоа тоа. Се надевам дека нема да ми стане досадна.
Може да се гледа новата епизода, излезен е торент. Ми се свиѓа докторов на Џес, така некако симпатичен ми е. Ама некако почнаа во место да тапкаат, се истото е, малку досадна станува.
Си ја подгледнувам понекогаш серијава и не е лоша.Од ликовите неможам никого посебно да издвојам бидејќи некако секој е надополнение на другиот.Морам да кажам дека Сиси е преубава.
Морам да ставам од овој некоја слика за да ја освежам темава, ептен ми е пријатен за гледање и мило ми е што го вратија назад во целава приказна, убав пар се со Џес.
Спојлер Јака беше последнава 12 епизода особено кога Ник ке се начука и кога ќе се трипува.Жал ми е што го шутна стриптизетата.Џес и докторот ми се супер пар.Сакам Сиси и Шмит на крај да завршат заедно
Малку ја затупеа серијава, па најверојатно мораа да направат нешто за да се вратат. А богами и се вратија. Во никој случај не отворајте спојлер ако не сте ја гледале вчерашната епизода. Спојлер Ееее конечно, ако веќе не биднеше ова ќе ја остаев серијава.
^Богами ставрно беше сочен. Конечно на дело, се гледаше дека има хемија, дури и искри искачаа од нив. Али што ќе биде со Сем сега? Ми се допадна азијкава на Вилсон, незнам од каде ми е позната од претходно.
Го отворив спојлерот на Реин да видам што се случило иако не ја гледав вчерашната епизода и останав ваква Спојлер Алелуја
ФАЛА БОГУ!!! Конечно и тоа се случи! Ама ептен беше добро, летаа искри на сите страни Едвај чекам да видам како ќе се одвиваат настаните понатаму...
Спојлер Предобра епизода.Најпрво Ник со капутот, у кој филм си влезе човекот, после Џес кога ќе биде сама и на сите ќе им се јавува дека некој ќе ја нападне.Супер сцена ми беше кога Ник ќе има паничен напад и ќе помегне надвор зад прозорецот, и реакцијата на Шмит кога ќе се онесвести И на крај бакнежот Колку само се гледа дека има хемија меѓу Џес и Ник. Хипстер ако ја имаш гледано серијата Скандал од таму може ти е позната азијката, мене од таму ми беше