Нова девојка (New Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од tigerlady, 4 декември 2011.

  1. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    9.165
    Пол:
    Женски
    Дали дека беше прва и едвај чекав да излезе, јас се пресмеав на нивните глупости :D :D

    Посбено на моментот на Винстон кога му рекоа - ако твоите зелени патики ти изгледаат кафени, тогаш што мислиш која боја си ти!? :rofl: :rofl:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.754
    Пол:
    Женски
    Мене некако ми се чини како млак старт на новата сезона да имаа, ќе изгледам уште една, две епизоди ако не се поправат ќе ја баталам и оваа серија.

    Жими тоа што беше смешно кога го прашаа Винстон за бојата на патиките, другото се ми беше безвезе.
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јас па само што ги видов осмех на лице ми се појави во секундата :lol:
    Овој пат не барав логика туку само си ги гледав и си се смеев.Е сега сигурна сум дека соджински ќе ја оправат но како и да е мене ми се посебни и оригинални и ќе си ги гледам!

    :rofl: :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На mileystar и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  4. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    И мене не ми беше смешна баш,добро освен тоа со Винстон и Шмидт :D Морам да признаам дека Ник и Џес како пар ми се досадни,боље се како пријатели е тогаш ми се смешни и глупички :)
     
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Конечно ја изгледав првата епизода од третата сезона. Мноооогу тапа, а Ник е ептен лигав :puke: ...
    Единствено добра беше финтата со бојата на патиките, другото - тапа. Ај, ваљда ќе се оправат понатака!
     
  6. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    мене пак ми се допадна првата епизода :D .Ник и Џес се многу слатки заедно :$ :inlove: .А Винстон и Шмит се жива смеаа,прснав од смеење кога на крајот Винстон ја заврши слагалицата и рече дека добро изгледала а воопшто не беше готова :D :D
     
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Супер ми беше оваа епизода, многу подобра од претходните две.
    Моменти-Winston во ресторанот кога чуваше место за друштвото и кога им збореше на парот на некој негов јазик :lol: Дефинитивно ми станува омилен лик во серијава
    Ник ми беше најдобар во епизодава, какви фаци правеше :rofl: Со Џес ми се супер пар, преслатки ми беа кога се бакнаа во колата а и на крајот кога се караа какви глупости изнатрескаа и на крај да би дошле до заклучок дека и двајцата веруваат дека коњите се од свемирот :rofl:
    Сиси :( Баш ми е криво за нејзе, ама ете конечно се дозна некако за лагата на Шмит.Се надевам дека со ова режисерот нема некоја намера да ја снема Сиси од серијава, преубав лик ми е.
    На крајот со заканувањето на Шмит дека ќе им ја расипе врската на Џес и Ник :o
     

    Прикачени фајлови:

    На ana-t му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Пауза прават??? До кога?

    Edit: Лошо почна сезонава, ама полека почнуваат да ја оправаат со епизодиве, само не ми е јасно зошто нема нови епизоди. Инаку најомилен лик ми е Вилсон :rock: најбољи е! 8)
     
  9. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    9.165
    Пол:
    Женски
    Не прават пауза :?: Само минатата среда немаше нова епизода, утре си искача нова :)
    Јас разбрав дека The Coach се враќа повторно :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ник и Џеси се премногу лигави и иако на почетокот сакав да станат пар, сега веќе се предомислувам. Во 4тава сезона Винстон ми е некако најомилен. :)
     
    На Rozich, sweet-cherry и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  11. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    9.165
    Пол:
    Женски
    Јас се изнасмеав на вчерашната епизода! Скроз! :lol: :lol: :lol:

    Ник ми беше врвот уште на почетокот со тоа што 'го немале муабетот за дечко-девојка' и кога му кажа на The Coach дека и кажува на Џес каква торта да му направи! Фацата priceless!!! Супер епизода!
    И целата ситуација со Арти беше ептен интересна, кога не можеа да го истераат од кревет, па Ник кога му ја зачука леле леле :rofl: :rofl:

    [​IMG]
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    хахаха и јас се пресмеав за бразилецот ауу покрај јакото тело мора да признаете и каква слатка насмевка имаше. :D :o
    Ник и Џес малце повише го тупат. Ликот на Шмит го упропастуваат малку по малку, од фраер го направија очаен. Заради Винстон ја гледам серијава :rock:
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    24.579
    Пол:
    Женски
    Богами Винстон последниве неколку епизоди е пресмешен!
    Сцените во ресторанот кога закажуваше маса беа врв.
    :rofl:

    Овој Coach ми делуваше напорно, ко преисфорсирано да му е глумењето, едноставно ме замараше. И кога е он тука Винстон ко да ми е у сенка и затоа ме нервира.
    Не знам што им е планот, ќе го има редовно од сега или?
     
    На teddybear, Rozich, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Е значи ич не сакам Сиси и Коуч да бидат заедно.Каков кретен е значи.Цело време се надевав дека Шмит ќе успее да им го расипе состанокот а и колку бев среќна кога Коич што и да кажеше трескаше некоја глупост ама на крај сепак успеа да ја ќари :(
    Вилсон со мачката и со госпожата на крај :rofl:
    Џес со Шмит и со удирањето со кола-јакоооо :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    24.579
    Пол:
    Женски
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    И мене Коуч ми иде ненормално на живци, патетичен ми е воопшто не ми е смешен.
    Со Сиси не ми се пари па ич, тоа страшно колку ми се тапа како спојка, по ништо не си одговараат.
    Али Винстон во акција, човече како ја зграба сум се згазила од смеење.
    Сега е недела на Денот на Благодарноста, сите извадија ваква епизода, мене ми се сипатични овие епизоди, празнични, убави ми се за гледање...
    Али овие празнично малку чукнато го сфаќаат и подразбираат :D

    http://www.youtube.com/watch?v=hJ412GNMEsY

    Сума сумарум, не беше најдобра сезонава, но не е ни лоша, имаат време до крај де се исправат сеуште.
     
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    До кога ќе прават пауза со епизодите? :wasntme:

    Во склоп на предходниот коментар, мене најдобра сезона ми беше 2ра. :lol: Многу посмешни беа, изгледа веќе немаат идеи што да снимаат Ч/
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Вчера си ја спуштив серијава, сега сум при крај на прва сезона, како и на повеќето (според првите коментари) ми беа тапа првите две-три епизоди, ама сега ми се смешни и интересни. Ќе пишам пак кога ќе ја изгледам цела. :)
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Летово ги гледав. Мислам дека стигнав до втора-трета сезона.
    FoxLife беше крив, што се навлеков на неа. Сите ликови ми се интересни. Штета што поима неам, до која епизода стигнав. Ќе треба повторно да ја симнувам, па да пробуричкам низ епизодите. Меморијата не ме држи мене многу. Особено не за филмови и серии. Многу брзо ги заборавам ликовите. Само знам дека успеваше да ме насмее. Ако ја симнам сега, ќе почнам да ја гледам, ќе тргнам во школо и ќе ја избришам. Потоа пак ќе заборавам до каде сум, пак ќе треба да барам. Најверојатно ќе ја догледам на летниот распуст. Заради таа моја заборавеност, преферирам филмчиња, повеќе од серии.
    Се изнатрескав глупости, а за серијата ништо. Еве затоа некои сликички. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    Фацката на Ник. :rofl:
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Доста беше! :D
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Toлку чекање за што?
    Многу тапа ми беа последните 2 епизоди, џабе чекање.
    Коуч ми е навистина непотребен, а и Сиси сега почна да работи како шанкерка, why?
    Moра нешто да сменат, некој нов лик да внесат, Коуч да го избркаат, било што.