Многу е убава денешната епизода, ми дојде да заплачам од среќа на крај Винстон и Коуч пак не се ништо посебно, мислам дека Сиси и Шмит треба да ги стават во комбинација пак. Ама Џес и Ник денес беа
Аааа, каква роденденска епизода, одлично, ме разнежнија видеата, баш беа слатки. Супер беше епизодава, keep this coming почесто, а не како претходните. Спојлер Kретен
И мене роденденската епизода многу ми се допадна. Сега гледам нема нова епизода, на официјалната страна на фб ништо не пишале, до кога ќе трае паузата.
^На 02.02 излегува нова епизода, значи на 03.02 ќе може да се гледа. Не беше лоша роденденскава, не беше нешто посебно смешна, ама имаше свои моменти. Треба да продолжат во тој правец.
Еве некои новости, во Super Bowl епизодата, ќе биде и Алесандра Амбросио http://www.etonline.com/tv/143089_A...Barros_New_Girl_Super_Bowl_Episode/index.html
Was it just me или новава епизода беше бааги глупичка? Мислам да, Принц зема со Џес да се расправа. Цела епизода ја поминав превртувајќи со очите.
Конечно добраааа епизода! Прав погодок. :up: Како во старите добри времиња, се изнасмеав. Конечно Шмит Винстон и Коуч да ми бидат смешни и никој да не ми биде вишок во епизодата. Џес и Ник исто беа со интересна приказна. Адам Броди ептен се разубавел го немав видено од времето на О.С. како и да е нека продолжат со ваквиве епизоди, што убаво ни се погоди по 2 нови епизоди во 1 недела.
Јас престанав да ја гледам серијава откако Ник ги однесе да ловат во дивина и Џес касна од таа гадната риба. Вреди да се вратам на гледање, или уште е тапа серијава?
Спојлер На колку глуп начин раскинаа Џес и Ник страшна работа значи. I miss my friend, демек не беа другари, цело време заедно, исто беше. Не знаат кај тераат со серијава очигледно.
Многу многу глупава одлука што раскинаа Џес и Ник, ептен тупави ми се сите епизоди, ич не ми е ни смешно нит интересно. Коуч ми станува поинтересен него порано, а Шмит некако слабо ми го ушемуваат, како што знае Шмит да се глупира и да биде смешен. Последната епизода посебно ми беше бесмислена.
Јас кренав раце од New girl од 20 март немам симнато нова епизода. Се согласувам дека у безвезе правец отиде серијава. А и како што гледам моментално на торент, изгледа пауза правеле па само 2 епизоди немам гледано. Како и да е ако ги изгледам уште тие 2 епизоди ќе ги изгледам заради Винстон хахаха најдобар ми е. Ник и Џес ми се ту мач аноинг!
Пред некој ден си продолжив каде што застанав и не се покајав што прекинав на 4та/5та епизода, затоа што сега си ги имав сите останати епизоди и не морав да чекам, па воопшто не ми се изгуби интересот Со Коуч серијава дефинитивно стана подобра, срцка е Посебно кога плачи Ама сепак мислам дека Винстон ми остана омилен, нема епизода во која не ме насмеал Мило ми е што Шмит не беше цело време со женски во сезонава, му видовме повеќе карактеристи наместо цело време по женски да трча (иако баш тоа го правеше во некои епизоди ).. Ник и Џес беа слатки заедно ама сеуште си немам оформено мислење за нивната врска, можеби е подобро што се разделија, се надевам во наредната сезона пак ќе бидат пријатели
Тапа првиве две епизоди. Мислам дека ќе ја тргнам серијава од листава. До толку ми е глупа. Ми нема некако смисла, ништо не се случува. Ама баш ништо.
Само што сакав засекогаш да ја прекинам серијава, пријатно ме изненадија последните 4ри епизоди. Посебно епизодата со Џес и метадонот, така слатко се немам одамна изнасмеано на серијава. Мрднаа малку од мртва точка, дури можам да кажам дека последниве епизоди беа најдоброто од серијава во последниве 2 години. Плус Џулијан Морис ака Рајан, ох боже мили, фантазија од муж(Прити литл лајрс - Врен ) Си изнаплакнав очи. Не знам за другите али мене Шмит ми е врвот во серијава, во епизодата со градите на Сиси се помочав.Тешка будалетинка. Кај мене веќе си добија пас за цела сезона, ја догледувам до крај, очекувам вакви епизоди, па и подобри.
Јас имав заостанато со серијава, и денес од 7-ма па натака ги догледав.Се изнасмеав, се врати стариот сјај на серијава, и Ryan е најпрекрасен Инаку не ми се свиѓа што ја сменија најавната шпица или како и да се вика Песничката секогаш ми се врти во глава. Спојлер
Предобри беа последните 2 епизоди, сум се згазила од смеење. Мило ми е што се враќаат во стариот сјај. Ептен ми се допаѓа ликот на Рајан, мислам како да не ти се допаѓа ваков комад. После не чинеле домаќински бели гаќи, пфффф Али најбоље сцена беше кога беа на церемонијата на Винстон, и коуч ја извади свирката од нигде никаде, сомалев од смеење. Коуч ме е нервираше на почетокот, ама сега толку ми е смешен што не можам да ја замислам серијава без него. Од што имаше пресмешни сцени не знам што попрво да издвојам. Спојлер