Интересно заврши сезонава Спојлер Сиси и Шмит јееее конечно заедно, па уште и свадба. Пак сценариово на серијава води кон спојување на Ник и Џес, јас и знаев дека така ќе направат, само мислев понатаму во серијава. И онака за глупост раскинаа претходно, редно е пак да се заедно. Винстон ми е многу смешен како лик посебно во комбинација со Коуч кој ја напушти серијава. Ќе фали и тој како лик.
За епизоди како последната вреди да се гледа серијава, иаку на моменти е толку смотано тиња. Спојлер Значи последната епизода беше толку романтична, толку топла и емоционална целата се растопив. Запросувањето ќе ми биде можеби едно од најубавите филмски запросување евер. Значи сосе финтата со парата сосе шушумигите што слушаа сосе музиката и позадина со се сФе. Ниту моментот на повторно спојување на Џес и Ник ниту заминувањето на Коуч не ми беше толку изенадно како ова. Предобро, се наежив. Коуч ќе фали на серијава, ама сепак и без него се може. Кај и да е ќе се смират Џес и Ник , Винстон ќе го видиме исто со некоја узобилен и серијава може да ја завршат. Ама ова беше сценаро снова запросувањево, браво.
Спојлер Стварно запросувањето беше ВРВ! Буквално ми се насолзија очите... Преинтересна серија не знам шо ќе прајме дури да излези новата сезона. Одвај ја чекам.. Ник и Џес веќе 100 пати се исплеткаја, ако додуша интересни се не се досадни.. Винстон најјак ми е со она мачката хахаха треба и тој да си најди некоја. Коуч интересен беше.. На почетокот имаше друг грумец па Коуч и сега чекаме трето црнче хаха оти таков е составот на групата
Серијава ја баталив од многу одамна, Спојлер откако Сиси правеше свадба со тој индиецот, не ни знам кога беше тоа Ама баш ми е мило што ќе се земат со Шмит.
Спојлер Ја гледам оваа серија, ама сум скокнала неколку епизоди и ме мрзеше да барам кои. Може некој да ми каже зошто раскинаа Џес и Ник?
Ако ова беше последната епизода на серијата евер беше едноставно прекрасна. Серииште ќе биде и остане за мене, колку год навино-детинеста-беспоентна била.
Се разнежнив. Искрено нема да ми биде ич криво и стварно да биде последна, што не мора и да значи, може ќе снимат уште една
Последна епизода и беше нема најавено 7сезона. А ако успат најават и испадне со задоволство би ја гледала
Ајде да ја активираме темата повторно. Значи ова е дефинитивно последна сезона. Ja гледавте ли првата епизода од сезона 7? Јас мислам дека требаше да ја завршат серијава со минатата сезона, но баш да видиме што ќе се случува. Немам баш некоја идеја како би се одвивале настаните, сите теми ми се исцрпени.
И јас не гледам поента во сезонава, супер ќе си завршеше со последната епизода. Новава ја изгледав и ми беше онака, просечна.
Цела сезона досега е просечна, најновата епизода дури испод просек. Глупави parenting фори, а многу малку хумор на кој би се насмеала навистина од срце. Малку тажничко дури, ама серијава памти каде каде подобри сезони и епизоди. Требаше да ја завршат со минатата според мене, кога веќе не нудат ништо интересно.
Конечно изгледав up to date Спојлер Крајно досадна ми е новава сезона. Од 2 до 6 епизода, дали 2-3 сцени ок ми беа. Ми беше океј онаа со Винстон и Ник и procrastination Ама на епизодата со мачката, и на последнава кога Ник конечно ја побара Џес за жена пуштив некоја солзичка not gonna lie Наредна недела завршува серијава.
Интересна е, има ups and downs, меѓутоа не е лоша серијата онака за релаксирање. Најновата сезона е убедливо најлоша. Со исклучок на епизода 06, конечно нешто интересно. Спојлер She said yes. Очекувано, ми се допадна, Ник и Џес отсекогаш ми биле омилен пар. Па и како ја погодија песнава од Dirty Dancing.
Едвај ја вратија серијава со уште една сезона, се' само за да ја завршат скроз со "цели" 8 епизоди? Од оние 22 што ги добивавме, многу не' усреќија... година ипол подоцна, 8 безвезни епизоди колку да се рече дека ни дале крај... На почетокот ми беше да речам интересна, хуморот никогаш не им бил нешто посебен, но ми даваше убав филинг, затоа ја гледав.