Оваа тема ја отварам за сите да кажат што мислат и што сакаат да дават на телевизиите оваа сезона Засега за сигурно е дека: 1. Сител тв: -На терапија (Нова македонска серија снимана според светска лиценца) -Вљубениот ерген (Нова сезона) -Парампарче (Нова сезона) -Се или нешто и Брза кујна (Нови сезони) 2. Канал 5 -Украден живот (Нова сезона) -Доста е! (сега ги прикажуваат репризите, но прочитав некаде по прикажување на репризите ќе започнат нови епизоди) Турската серија Anne (Мајка) од оваа есен ќе се емитува на Прва српска и Хајат Па јас мислам бидејќи ќе се емитува во Србија и Босна ќе дојде и кај нас И најверојатно ќе ја емитува сител А Канал 5 можно е да ја откупи Косем (по Величенствениот) но нема никаква информација Што мислите вие што ќе даваат?
Читав на интернет дека Мајка сигурно ќе ја даваат во македонија ама не знам на кој канал. Сигурно по успехот со КА сител ќе даваат некоја романтична комедија. А можно е да ја откупат и Kara Sevda. Ма да има уште 2 сезони од појраз 1ипол од KA така да незнам...
Знам дека програмата им е збутана многу и незнам кога шо ќе дават Ама сигурен сум дека Сител нема да ја пропуште МАЈКА Зашо ќе биде една од најгледаните и сигурно нема да се вика мајка зашо имаше една шо се викаше Мајка и сигурно ќе и дадат друго име А незнам шо и требаше оваа новата така и така имаат многу шо да дават и они уште додатно ја натрупуваат програмата
Зашто само турско и индиско нашиве телевизии емитуваат? Нека дадат некој филм за кој вреди да го трошиш времето пред тв. Иначе јас само Вљубениот Ерген по некоја епизода имам гледано, другиве не ги пратам. Би било добро малку да се огледаат на Фокс и сличните тв канали, чии програми се доста разновидни и има за секој по нешто.
Па еве сега од 4ти ќе почне македонска на сител и златни двори која е Хрватска а не турска или индиска
А и индиски нема во последно време Последна на сител беше малечката невеста и прекинаа ја пред година две На канал исто пред година две заврши таа шо ја даваа А алфа Отфрлена пред година дена заврши и еве сега оваа Повеќето се турски а ретко некоја индиска
Јас воглавно зборувам за мк тв канали. Мислењето си го искажав, не ги пратам сериите и неможам да коментирам за содржина и сл, но тоа што го напишав би сакала и да се промени на нашите канали.
^ како што прочитав на еден сајт омер и дефне заедно ќе снимаат нова серија,али каква и како ќе се вика мислам дека почетокот на октомври или ноември ќе кажат.
Фчерашни снимаат трета сезона, со душа ги чекам пак секоја недела да ми ја разубавуваат Исто и за македонската серија На Терапија сум ептен заинтересирана. Другото е сѐ турски серии, како и секогаш. На Телма има ли најава за филмска понуда или некоја квалитетна серија од светски познатите?
Би требало од 4 септември, а термин уште не се знае Уствари од страна на Сител и не е пуштена најава Ама на тв пакет пишува од 4 септември