Имате новогодишен блам? -Јас не, ептен сум мирна. Ми текна на една новогодишна прослава со друштво, кога седев до дечко на една другарка, а она беше летва пијана и наместо на неговото уво се извика на моето - напалена сум *****(името на дечко и) и во истиот момент музиката запре и сите ја слушнаа. Од тогаш се тешам дека не можам да се избламирам повеќе од нејзе.
Анхој батко ми е така ме научи тој Тинка мац ми е дада ме учи мирна да сум Сите ве сакам бе Пресреќна суум
Не е блам ова моево, ама на една НГ еден типац седна до мене и на рамо ми плачеше (буквално) дека женска му го шутнала оти ја изневерил. Дрвце беше напраен
Јас како интроверт моментално го имам својот совршен дочек на новата година. Конечно оваа година имав оправдување да дремкам дома. Нема да раскажувам колку насилени ми беа претходните дочеци, со врв на црешата претходната. Такво едно непријатно да ти биде, греота, едвај чекав дома да си одам. И така бламови сум немала. Едншка у млади години многу се исповратив тачно у 12, и тоа зашто и тогаш пиев вино како сега, набрзина Утре и задутре ќе правам тоа што и вчера и денес, ќе гледам филмови и ќе размислувам кога да почнам да учам јазици, зошто тоа реков дека ќе го правам кога ќе бидам на одмор, и одморот врви и врвиии. Надежно ако има сонце, ќе се посунчаме. И така, сега би сакала да се претставам со песната
Или сум трезна без бламови или сум летва и врска немам што се случувало. Моето прво новогодишно пијанство беше некаде во средно. Беше спој на средношколски период со неограничено пиење во кафич. Требало да стават предупредување: Controlate por favor. Се сеќавам дека следното сабајле бев тагната како играм оро со луѓе што прв пат ги гледам во живот и се обидував да сконтам што се случувало.