Читајќи го мислењето на @kravce сфатив дека треба да се искажам и јас еднаш нормално во темава. Јас воопшто не сум фан на луди журки, кога и да одам за било која прослава одвај чекам да се вратам дома (т.е. уште пред да тргнам од дома си викам леле што убаво ќе ми беше да си седам дома интроверт, тоа е). Годинава вака ми е таман, чаша алкохол во една рака, во другата книга.
Како сте ми, одбројувате ли? @Ahoy јас само што си направив кафе Ми треба, зашто од досада мислев ќе заспијам пред 12.
Богами колку ми е убаво вака и јас веќе не одам. Не знам која жива сила би ме натерало да се малтретирам со спремање и замарање каде, што, со кого...