И јас сум дома. Не е лошо, испив две чаши вино и малку ме удрија во глава, сега ќе се трезнам со храна. Не ме бива
Јас пијам само вака за некои пригоди (Нова година, роденден). Колку да се рече. Инаку не сум љубител. Пијам пополека инаку, брзо не знам
Се набутав уште во 7, немам место, сега пополека си пијам пивце. Ми фали друштво, да пееме на шабанарија, да правиме глупости, после кој повраќа, кој спие, кој уште пее. Ти се плукнам во пандемијава.
@kravce смееш ти алкохол? Значи знаев дека нешто не е во ред со млеката во последно, тоа алкохолизирани да ни ги давале...
За пиење, зависи од пијачката. Виски да е, ќе го цуцкам цел ден може, и на крај мочка ќе стане ама винцево благо, и право во глава. Вели оди ти, ќе те стигнам јас
Кравче млеко не пие, демонка пие растителна млека од бадеми, оризови такви ти некои, што мислиш зошто?
Поздрав друштво, Прво мислев дека сум единствен што останав дома али сега видов дека не сум само јас, хахаха. Ти благодарам, @Кавалер. Се прејадов искрено да ви кажам, сега ќе читам по форумов па планирам нетфликс да почнам нова серија.. Сеуште не сум се одлучил која, има некој да предложи некоја? Уживајте!