Бидејќи не најдов ваква тема каде што би споделувале лично мислење за оваа професија или лични искуства решив да ја отворам. Целта е да продискутираме дали би избрале ваква професија или веќе сте дел од оваа фела, зошто да, зошто не? Дали сметате дека како објективен новинар може да се просперира во Македонија без пристрасно фаворизирање на одредени политички опции и без креирање лажни вести за состојбите во земјава, животите на јавните личности? Колку нашите новинари ги користат привилегиите од нивната професија и дали се доволно заштитени при извршување на нивните задачи на терен и дали доволно финансиски се вреднува нивниот труд? Дали сметате дека кај нас има квалитетно новинарсто и квалитетни новинари и издвоите некои или повеќето влегуваат во оваа фела за да искористуваат привилегии или понатаму работат на сосем друга струка? Па еве да започнам со мое лично мислење, само мислење бидејќи немам лични искуства на оваа тема. Новинарство како професија според мене да, зошто да? Кретивноста и слободата во пишувањето пред се ако си објективен новинар под ничии влијанија. Новинарите ги користат привилегиите од нивната професија но сметам дека треба повеќе да се насочат кон информирање за социјално загрозени лица кои имаат потреба од услуги и пренасочување на средства за нив, за неправилности во искористување на услугите од Министерство за труд и социјална политика и други ситуации кои со медиумско експонирање би имале побрза завршница. За заштитеност на работното место мислам дека се претежно безбедни но сметам дека кога одат на терен особено и порано кога оделе во конфликтни подрачја дека треба да има лице од обезбедување со нивната екипа, како што во банки-маркети си има такво лице. За финансии мислам дека треба да имаат повисоки примања за да не потпаѓаат под корумпирачки активности како случаите на Латас и Ивона и многу други кои јавно не се познати а во фелата добро познати. Од новинари чии текстови сум ги читала и ми оставиле позитивен впечаток би ги издвоила Горан Михајловски- СДК за слободоумни, Лејла Сабит исто секогаш имала убави и реални текстови, Снежана Лупевска-Созен и многу други. Но меѓу новинариве има и некои кои влегле само заради привилегии а немаат предиспозиција за оваа професија и на крај често завршуваат на работни места за кои стручно не се квалификувани.
АКо немаат факултет за новинарство, не смеат да се кажуваат новинари. Ако некоја професија подбивам и мразам, а особено не почитувам тогаш тоа е неистражувакото новинарство. За самоименуваните неписмени новинари, апсолутно не трошам нокти.
Не би рекла дека се исплати да си новинар. Имам разговарано со еден комшија и се жали дека слабо ги плаќаат. Само ако се плеткаш со власта му е мајката. А оние такозвани новинари? Не ги бива и нема да ги биде.
Секоја чест за вистинските новинари, оние објективните. Се плашам само дека се малцинство. Освен тоа и многу ризична професија може да биде. А ако нешто мразам, тоа се необјективни ,,новинари'' што си раскажуваат приказни и си кажуваат личен став наместо да известуваат. Не поднесувам и напумпани, сензационалистички наслови, само за поголема гледаност/кликови. Тоа треба да се казува, бидејќи се создава непотребна паника.
Не ги сметам за новинари оние кои ги измислуваат вестите. Па уште и кога ќе се случи нешто не кажуваат точни информации. Битно да им се прочита веста.
Нема 'објективни' новинари во Македонија. Ни еден! Се' зависи од тоа кој го финансира медиумот. Истражувачко новинарство е мисловен поим Ни сум го видела, ни ќе го видам во догледно време кај нас. Новинарството кај нас е копи-паст. Едит: Би сакала да бидам новинар и тоа многу... Само не во ваква атмосфера.
И јас многу би сакала, ама новинарка за сериозни теми не само марионетка за забава на народни маси. Сепак и кај нас има еден дел кој е премолчуван дискриминација по полова основа и објективизација на жените новинарки, еден дел од оваа професија која и покрај сите предизвици дава дополнителна тежина. Сепак една има проговорено на оваа тема и нормално продолжи да биде од новинарка само писателка. Спојлер Ана Јовковска што исклучително ја ценам
Македонското новинарство, (независно од идеолошката припадност на новинарите) е воглавно препишувачко/прераскажувачко новинарство со низок преведувачки квалитет кога се во прашање странските - најчесто српски, хрватски, американски... извори со сензационално срочени наслови и плитка содржина на статиите. Типичен дебилен пример: „Таа сакаше да направи нешто, но потоа ѝ се случи ова!„ - Која таа? Што сакала да направи? Кога? Што ѝ се случило потоа? Извор?. Ако сакате да станете квалитетни новинари a ѝ мислите добро на македонската јавност, сериозно поработете на истражувачките вештини и правописот на македонскиот јазик+користете лектор. И не пишувајте за небитни теми од регионот како на пр.: Страотна катастрофална сообраќајка во близина на Средњи Курајберовац(а да наведевте држава?); На братучетка ѝ на првата комшивка на познатата балканска пеачка (за која првпат од написот дознаваме дека била позната) ѝ се родиле по третпат мрсулковци. Вистински добар новинар треба да умее да ги постави вистинските прашања кај вистинските луѓе за проблемите и збиднувањата во општеството со (доколку е можно) ги наведе предложените решенија и алтернативи за истите.
Сум размислувала доста на оваа тема. Има многу неписмени во фелата, почни од многу квази водители кои од критериуми задоволуваат само критериум за убавина, и друго ништо. Глас никаков, дикција нула, речникот им е 100 збора. Зборуваат на скопски дијалект, а не на македонски литературен јазик. Се служат со фрази „аууу, па види сеа“, „фала“, наместо благодарам, „У Македонија, у Скопјево“, не персираат никој, се обраќаат на „ти“. Платите треба да се зголемат, секако. Но, кога ќе размислам какво судство, здравство, какви политичари имаме, па новинарите дури ќе испаднат дека се жртви и добри во однос на претходно наведените и дека колку толку си ја работат работата за ниски плати.
Не сум земала предвид да бидам новинар, оти ме мрзи да зборувам и да навалувам со прашања, а и многу коруптивна професија е. Единствено спортското новинарство го сметам за интересно занимање.
Почитувам истражувачко новинарство а генерално како професија не ме привлекува и не можам да се замислам како новинар, углавном ги доживувам како лукави, упорни и дрски нешто во кое не можам да се пронајдам деф. им недостасува етички кодекс.
Еј, колку интересна тема Не ли било попаметно новинарот што пишува за правни работи на пример, да биде правник? Или тој што пишува за економија да биде економист ? Како да истражува кутриот, ако не знае што е инфлација, што е внатрешен долг, па ќе му верува на Зајко на збор дека економијата цвета. Мислам, ова во идеални услови мислам...не дека негде постојат такви. Ептен он топик-имам илјада причини зошто не, и ниедна зошто да. Јер ако си човек со интегритет ќе останеш брзо новинар без работа, а ако си купен, не ја исполнуваш функцијата на новинарството. Не постои денес новинарство, само пр машинерија- пиши за коњот, како што ќе каже газдата. Кој и да е газдата.
Новинарство се учи на правен факултет. Пола од испитите се правни и политички, дел економски, а учат и пишување и истражување. Не треба да се експерти, ќе прашаат експерт. Ќе истражуваат. Тоа им е работа. Ако нема школо, не го бројам у новинари и крај.
И јас се сложувам со тебе Чка. Кога во медиумите би примале само новинари по струка, и кога од тие пола би отпаднале по основ на неписменост, неталентирани се за струката, тогаш новинарските редови ќе бидат збиени, квалитетот поголем, а и платите повисоки. Не може некој со англиски јазик, не можел да си најде работа, па ајде нека биде новинар. Татко му бил снимател, а синот со филозoфија ај нека биде новинар. Завршил археологија, ама нема работа, ај знае некого во МТВ нека биде новинар. Епа не е така. Ја фатив на тв скоро Тијана Дапчевиќ и таа вели демек зошто имало реакции, дека пејачите се пробувале го глума и водителство, па таа била во шоу бизнис и ако ја бива зошто да не работела. Нема човек што го бива за се. Ама па кога ќе размислам дека обвинители, судии, лекари, можат да уништуваат човечки судбини, на новинари јас канал може да им сменам и крај.
Новинарството е општествено одговорна работа. Во нормално општество... Кај нас е фарса финансирана од различни партии. Повеќе личи на трач рубрика, отколку на вистинско новинарство. Без разлика колку се образовани новинарите. Климата е климава.
Јас сум новинар, за членките погоре да објаснам со завршен факултет. Факултетот не ти брка многу работа, а тоа го сфатив после долгогодишно искуство, затоа што воопшто немаш предмети кои се новинарски и ќе ти требаат кога ќе седнеш во редакција. Затоа новинарството ни е таму каде што ни е, а и не се писмени затоа што само еден семестар се учи македонски јазик. Преубава професија е, само жално е што државава ни ја упропасти. Дали се исплати, апсолутно не. Платите се мали насекаде и мора да имаш и нешто плус за еден лагоден живот