Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишна желба за ____ феминка!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 1 декември 2012.

  1. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти посакам од мене во оваа нова 2019 да почнат твоите желби да ти се остваруваат.
    Не се познаваме од темите но кога го прочитав постот едноставно ми дојде да го напишам ова, сакам луѓето да се среќни и посакуваново е од дното на моето срце.
     
    На WildMk, LejlaD, Dadusicka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 Ти посакувам година во која ќе си пронајдеш искрено пријателство какво што заслужуваш и година во која ќе си тргнеш барем неколку грижи поврзани со факултетот :f:
    @Anabelle.Amorette Годинава да си ги оставиш сите грижи зад себе и да знаеш дека убави нешта те чекаат во иднина :f:
    @AnaKarenina Да ја имаш најубавата свадба, да прочиташ и ислушаш онолку книги колку што си имаш замислено, да продолжиш да ни бидеш мотивација на сите тука за да вежбаме и бидеме згодни :f:
    @BuBaLe (*не пишувам од телефон и не можам да ги пишам срцињата, па стискам палци да видиш дека си спомената) Ти посакувам и годинава да продолжиш да бидеш силна, истрајна и да веруваш дека си способна да успееш во се' што ќе посакаш :f:
    @cresa-jagoda Скорпијче да си се најдете годинава веќе со тој саканиот ти :D :f:
    @Doozy Во супер здравје да си се преселиш во Шведска и во викенди да се занимаваш со полињата со лаванда, а преку недела да си работиш како васпитачица на дечиња :inlove: :f:
    @Dream-Girl Дримке годинава да ти се исполнат сите планови онака како што си ги замислила, да си одите уште многу месеци со либето, да редиш само успеси и да направиш растур на факс :f:
    @*Ench@nted* Уште мноогу патувања и фотографии, спомени и приказни за раскажување :f:
    @Gosh Да ја пронајдеш сета среќа, љубов, успеси и живот каков што заслужуваш во убавините на Дојчландија :f:
    @ivi1987 Ти посакувам година исполнета со љубов и мигови на уживање со најсаканите :f:
    @JollyGirl Џоланке годинава да ти мине во знакот на швајцарските планини, со движење само кон врвот :f:
    @KateKane Годинава да си најдеш некој со кој ќе си јадете хамбургери заедно, и ќе ја слушате Ари, и ќе зборите за галаксии, физики, медицини, музики, Маунт Рашмор и мал милион други нешта. И да не ја заборавиш другарка ти Прпелица коа ќе го најдеш. Јас сум ти чоек за вафла кога ќе сакаш да ме частиш зашто ќе ти ја водам изборната кампања идната година. Многу љубов тикво една и сеа ај речи дека ќе ме тепаш (poolparty) :f:
    @Lella Ти посакувам уште некое шетање до Големото јаболко и уште многу успеси и дружби во текот на школувањето :f:
    @lovestoneddd Ацо, теби желим да останеш тако луд (ова во позитивна смисла секако), духовит, паметан и да продужиш да будеш права звезда на Балкану :rofl: Многу љубов и до тебе од мене и од тиквана што ја спомнав погоре :f:
    @MarigoldA Да се сакаш и почитуваш себе за личноста која што си, и да не заборавиш дека секое искуство е само една страна од книгата која ја испишуваш. So keep writing (fingers) :f:
    @Mishela Ти посакувам година со еден куп проекти а сепак да си наспана. Можно ли е тоа воопшто? :wasntme:
    И некое лото да падне за да се потроши само на книги :f:
    @Oxymoron Уште многу журки и годинава :f:
    @Rama Ти посакувам годинава да ја минеш пред се' во добро здравје, да го заборавиш она кое те кочело и враќало назад, да те пронајде оној кој те заслужува, да живееш живот за каков што си мечтаела :f:
    @SeaMermaid Мрмејдеке годинава да ти донесе уште многу јавни дебати, говори и настапувања. И љубов, и љубов (fingers) :f:
    @simonka93 Мончи, искрено ти посакувам сета љубов која ја подаруваш, да ти биде возвратена дупло повеќе. И да си бескрајно среќна, затоа што заслужуваш :f:
    @Snow-Star Годинава да ти донесе само позитивни резултати за сиот труд, сета амбиција и сето време кое го минуваш во надоградба и работа на себеси 8-| :f:
    @Someonespecial Специ, личност како тебе го заслужува најдоброто од животот. Каде и да си, ти посакувам секојдневно да ја добиваш поддршката, љубовта, вниманието, разбирањето и позитивната енергија со која зрачиш, во двојно поголема мерка :f:
    @srhsejbsk Годинава да научиш да свириш на гитара и да направиме некоја журка со друшките од ФМЌ :rock: :f:
    @Stephen Amell Да се избориш и издигнеш над она што е против тебе :f:
    @sweet-cherry Шери, само да си здрава и добра, позитивна и секогаш насмеана, и за факсот воопшто да не се грижиш. Годинава ти посакувам токму тоа, помалку грижи и многу дружби со убави луѓе :f:
    @theowndemon Демонче, нови кактуси, чаши, стила, бои, книги, стрипови, бинџување серии, дружби со Адолф и Бетмен, средби со љубенио, од баба да научиш да месиш :rofl:, да продолжиш да се храниш здраво, да не поздравуваш повремено со понекое сликче од Томче, и да си останеш така откачена :f:
    @Yowannty Да си шеташ в преграт со грашачето во рака покрај мирно море и со онаа топлина во душа со која зрачиш секаде :inlove: :f:
    @1209 Бројче да останеш така силна и што побргу да си бидеш со саканиот :f:

    Ова се само дел од луѓето кои ми се мили и со кои најчесто се дружиме тука. Ве има уште многу кои ми ја направивте годинава убава и посебна: @Tan4ence @x.Daisy.x @smooch @Yipman2 @koritsaki @angelche16 @Ketchup @macka91 @vitamina @crimson @poenta @mazikeen @prominent @Rebecca_R @marama .
    Сигурно некого заборавив, но не е намерно затоа што навистина ве има премногу кои го правите форумов место на кое сакам да се враќам одново и одново :hug:

    Постов е пишуван пет саати :drunk: Олку цвеќиња немам испратено од незнам кога, поточно никогаш :drunk:
     
    Последна измена: 27 декември 2018
    На Lella, Yipman2, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    55.367
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу мила, се најубаво ти посакувам и тебе во новата година. Ме израдува. :hug: :l: :l:
     
    На WildMk, Rama и Purplelilac им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Ама ко ќе почнат да ти се исполнуваат нема да застанат. Од срце ти посакувам 2019 да е подобра од 2018 :*
     
    На WildMk, LejlaD, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Дечки многу ми падна мило кога си го прочитав никот меѓу некоја од вас :f::f::f:

    Јас вака решив, ќе ве делам по кланови :D и ќе ви посакам

    На младинското катче
    Многу книги!!
    Енергија, воља, борба за до книгите на факс.
    И кога мислите сите вие дека нема да успеете да положите и или да исчистите година, кога сте мутави од учење и немате енергија за уште повеќе сетете се дека вие можете и ќе успеете
    Многи се радувам за дечките што се трудат и покрај се..
    Сакам во иднина сите да ве видам отстварени учени и модерни моми со по некој папир меѓу мишка, црвен кармин и сукња :makeup::makeup::makeup:

    Многу убави моменти да си имате сите со дечковците, па да слушаме за прстени, веридби, регистрации, свадби и бремености :)
    Кој како сака кога сака.
    А на сингл дечките им посакувам што побрзо да си ја најдат сродната душа и тоа кога најмалку очекуваат и на место каде што најмалку очекуваат :inlove::).


    +/- 40 ка.
    Живи и здрави женски, среќни весели..
    Кој што сака побрзо да му се оствари, да имате сила, здравје, берикет за се што ќе намислете и фатете в раце :l:
    Искрено од срце, катчево ми било и ќе ми биде прибежиште благодарение на сите вас.
    :sun::f::l:
    Ве сакам.

    Мајчински муабети

    Жени, искрени желби за здравје на дечињата, среќни моменти, успеси и горди да сте.
    Повеќе секс, повеќе на екс, повеќе дечиња, повеќе мартини, повеќе кармин, повеќе фризури
    Тоа ви посакувам :d::sun::l:

    На сите останати кој што не се пронаоѓаат во катчињава, им посакувам љубов, здравје, успеси.. радости..

    :f::f::f::f::f:
     
    На Viktorijaaa5, WildMk, LejlaD и 21 други им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Сакам на сите да им посакам се најдобро и најубаво, најпрвин здравје и среќа и се што сакате да ви се исполни во наредниот период. Во исто време сакам да им се извинам на сите кои сум ги навредил на било каков начин без разлика дали било намерно или ненамерно. Самоконтролата ми е слаба страна и поради тоа би сакал да ми простите доколку на било каков начин сум направил да се чувствувате непријатно и навредено од моја страна. Сигурен сум дека во 2019 година нема повеќе да ме гледате тука и нема да му бодам очи на никого. Ај да не пишувам реферати бидејќи на некого му се гади од нив, иако би напишал уште многу други убави работи кои ви ги посакувам на сите од дното на душата. Поздрав и ви посакувам успешна година во секој поглед...
     
    На WildMk, LejlaD, Dadusicka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    25.340
    Пол:
    Женски
    @Purplelilac :f: најмило девојче :hug:
    Па и по азбучен ред сме наредени :l:
    Ти ја посакувам сета среќа на светов, нека ти оди се' од рака наредната година, секоја и најмала желбичка да ја реализираш! :*:
     
    На WildMk, Doozy, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    76.881
    Пол:
    Женски
    @Purplelilac
    @Someonespecial
    Мили, најмили :hug: Ви посакувам само убавини, најсреќни да сте :l:
    @Yowannty лесна бременост и само убавини да пишуваш на форумов :l:
    @dunika ти посакувам тоа што најмногу го посакуваш да ти се исполни во новата :hug:
    @Bubce38 најголемата желба да ти биде реалност во новата :l:
    @galapce многу здравје и само убавини со малиот борец и јунак :hug:
    @kravce од се срце ти посакувам сонце да те огрее, многу здравје и само убавини :hug:
    @zhap4e многу здравје и љубов :f::f::f:
    @lovestoneddd
    @KateKane
    @Rama
    @Gosh
    @macka91
    @Doozy
    @JollyGirl
    И сигурно заборавив уште неколку ненамерно...девојки, само убавини во новата :l:
    @CameliaMiller најсреќна да си. Во новата сите планови да ти се оствараш :hug:
    @theowndemon остани таква каква што си, позитивна, креативна, заљубена. Те гушкам :hug:
    Друштвото од 40 +/- да остане во добро расположение. Ви посакувам многу здравје, убави моменти со најблиските и сите желби реалност :f:
    @Peco
    @Mr. Right
    Во новата љубов да ви се случи, ова од срце ;)
    @MagsDestiny
    @blackwave
    На вас двете знаете што ви посакувам (смајли што дига веѓи) :wasntme::D:*
    @Bender Rodriguez се најдобро во новата:*:
    На сите останати би ви посакала поуспешна и посреќна година од оваа, исполнета само со убави работи.
     
    На WildMk, LejlaD, JollyGirl и 21 други им се допаѓа ова.
  9. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам од срце...дупло среќа да ти се враќа :hug:
     
    На WildMk, Rama и Mari* им се допаѓа ова.
  10. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Секој крај означува нов почеток...имате празна хартија и пенкало во раце,повторно да пишувате...Чувајте го својот дух и одлучноста непоколебливи и секогаш ќе чекорете по славниот пат.Ќе постигнете сѐ што ќе посакате. Јас сакам да бидете сите здрави,среќни,весели,позитивни,исполнети..кога ги имате овие драгоцености,сѐ имате.Сите тие што имаат желби да им се случи нешто убаво, нека им стане реалност.Бидете ми добри како што сте убави. Ваш Heartagram...:hug:
     
    На WildMk, LejlaD, Dadusicka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Еве јас ќе бидам малку поконкретна и себична и ќе посакам:
    сите феминки од темата вештачко оплодување и сличните на неа да се префрлат во труднички и мајчински муабети, ама баш сите до една,
    и уште една поголема желба, сите тука на форумов што се молиме за нечие здравје Господ да ни ги услиши молитвите!
     
    На WildMk, LejlaD, Dadusicka и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    55.014
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda Ти посакувам во првите денови од наредната година да ни пишуваш дека не само што си заљубена,туку си и среќна со саканиот во идилична врска,бидејќи заслужуваш најмногу на свет само убавини:inlove::hug:
    @Someonespecial Ти посакувам да уживаш во секој момент со саканиот,да дипломираш поскоро и да си ја најдеш идеалната работа:l::hug:
    @Purplelilac Ти посакувам да ја најдеш љубовта на твојот живот,да бидеш најсреќна на свет,и продолжи да бидеш толку топла,емпатична и искрена личност:hug::hug::hug:
    @Doozy Ти посакувам добро здравје,никогаш повеќе болница со очи да не видиш,освен кога ќе се пораѓаш со едно бебче:$:l:
    @JollyGirl & @Gosh Среќни и лесни моменти да си имате во новата средина,да имате работа што нема да ве изморува и растажува премногу,добро платена работа што ќе ви го надокнадува отсуството од дома:hug::hug:
    @macka91 Најубава и најсреќна невеста да ни бидеш,и од убавини глава да не можеш да одмориш:hug::l:
    @Yowannty & @Kukla994 Лесна бременост да си имате,да уживате галејќи си ги мешковците,да си родите здрави и прави дечиња:hug::hug::l:
    @kravce Сето лошо да остане зад тебе,продолжи да бидеш така емоционална,ама раскажувајќи само убавини:hug::hug::hug:
    @ivi1987 @Annath @referentka @vitamina @duffi Да си имате најубава семејна идила со вашите најсакани:f:
    @Dust Сите лузни и рани да ти се зараснат,и да бидеш сакана како што заслужуваш:hug::hug::hug:
    @Anabelle.Amorette Уште посреќни и позаљубени моменти со саканиот,побрзо дипломирање и добра работа:hug::l:
    @Milobebence Да ти се исполни најголемата желба оваа година:hug::hug::hug:
    @Alishan30 Да бидеш најсреќна и најдобра мајка на свет:f::hug:
    @galapce Продолжи да бидеш најхрабра мајка на свет,да најдеш нова љубов и да уживаш без никакви стеги:hug::f:
    @RAF Camora Да бидеш сакан и свој во наредната година,сето лошо конечно да го оставиш зад себе:hug:
    @zhap4e Да ни пише и таа нешто љубовно и да каже дека е среќна:hug:

    На сите ви посакувам многу здравје,љубов и среќа....
    Уживајте во малите нешта,не трагајте по совршенство,уживајте во дадениот момент,сакајте се себеси,а најважно негувајте го своето психичко и физичко здравје8)
     
    На galapce, WildMk, LejlaD и 20 други им се допаѓа ова.
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас ќе посакам вакви желби ,пред се многу здравје за сите феминки и нивните семејства ,на оние од темата вештачко опл. да ги читаме во труднички и мајчински во 2019 и на сите други многу среќа ,љубов ,топли прегратки и насмевки :party:
     
    На Rama, galapce, Mari* и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила:hug:и ти во новата 2019 да ми бидеш најсреќната особа на светот
     
    На Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки

    @Rama Ти благодарам многу на убавите зборови и јас на тебе ти посакувам се што сакаш да ти се исполни. Да си ми жива и здрава. Поздрав и имај пријатен и убав викенд. :hug:
     
    На Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Девојки вашите новогодишни желби за мене ми го топлат срцето, ми ги полнат очите со солзи радосници што сте се сетиле на мене и што од срце ми посакувате среќа во љубовта :inlove: Голем емотивец сум, сигурно веќе ме научивте :lol: секој ваш збор допира до мене, ве гушкам најсилно :hug: :hug: :hug:
    Само убавини да ви се враќаат, да бидете секогаш среќни и заљубени :inlove:

    @Rama конечно во Новата 2019 ти посакувам да ја победиш еднаш за секогаш анксиозноста, да бидеш здрава и секогаш позитивна, да бидеш помалку емотивна, за да не допираат туѓите зборови до тебе, туку да си го живееш животот како тебе ти е арно.
    Ти посакувам во Новата 2019 да го пронајдеш вистинскиот животен сопатник кој ќе ја заслужи твојата љубов, ти посакувам да бидеш вистински и од срце сакана толку многу за да заборавиш на лошото минато и да си основаш среќно семејство.
    Во Новата 2019 ти посакувам само за убави нешта да ни пишуваш, да ја споделиш со нас секоја убава вест, заедно да се радуваме за тебе :hug: :hug: :hug:

    @WarriorAngel тебе мила девојко, ракче мое сакано што и ти и @Rama ме трпите во лп :lol: ти посакувам повеќе со идиоти да си немаш работа, да заборавиш на сè лошо што досега било, да не си ја оптоваруваш главата со небитни личности кои не го заслужуваат твоето внимание. Да си најдеш животен сопатник кој ќе те сака толку многу, толку искрено колку што јас си го сакам ракчето. И на тебе и на @Rama ви ја посакувам целата универзумска среќа и љубов, заслужувате да бидете најсреќни и најсакани :l: Секоја желба нека ти се исполни, ти посакувам да напредуваш во кариерата, да најдеш работа според струката :)

    @Someonespecial @Dream-Girl вие долгоооо да уживате со вашите ракчиња, да ве сакаат, чуваат, почитуваат и да не ве нервираат :D :l: :hug:

    @Anabelle.Amorette Среќа во љубовта, успеси во кариерата, најмногууу здравје :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:

    @Purplelilac Шкорпијо тебе ти посакувам да најдеш некое ракче, кое ќе ти покаже што значи вистинска и искрена љубов и многу живци ти посакувам да имаш за да успееш да го разбереш ракчето :rofl: и да не те мачи многу, како ова моево :lol:
    И многу успеси на факултет :)
     
    На Rama, WildMk, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Многу сте за да ве пишувам една по една, затоа што на сите ви посакувам по нешто убаво во следнава година:) многу е неблагодарно да направам список, а пола да испуштам несакајќи ...
    Затоа мојата желботека ќе иде вака..
    На сите во 40ка им посакувам добро здравје, убави мигови поминати со најсаканите, посакувам многу нови бебенца на членките..
    Посакувам да се случи и по некоја нова љубов на незаљубените:inlove:

    На девојките во вештачко оплодување им посакувам плодна година:inlove: сите што не се израдуваа оваа година, следната дупло да се радуваат:inlove:
    На девојките од ФМЌ им посакувам година исполнета со љубов, да си фатите дечковци тие што немате:lol: тие што имате да се пофалите со некој дијамант на прст:P
    Многу успеси да имате на факултет/средно...да не израдувате со по некоја диплома 8)


    Посакувам сите до еден да имате добро здравје, година без многу нервози и проблеми..
    Посакувам во вашите домови и срца да владее хармонија, љубов, разбирање, почит..

    Ќе бидам нескромна и за себе ќе посакам само година без болки и солзи..

    За моето форумско тролче:D посакувам година исполнета со љубов, спокој, успех на професионален план..
    Посакувам да си среќен и исполнет без разлика на се.. заслужуваш многу повеќе од тоа што го добиваш, но повеќе не можам..Извини! Ако најдеш некоја подобра, кажи ми:wasntme: :D
     
    На Rama, macka91, Aleksandar1212 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda размислував што да ти посакам, ама освен "што е твое ќе си дојде" не знам баш многу бидејќи не ме бидува во изразување емоции. :D Ај сега сериозно. Ти си една премила и предобра личност, го заслужуваш само најдоброто и најубавото од животот. Во наредната година се надевам дека нема повеќе да слушам "уф, ме игнорира, ме нервира, кај е, што прави" туку дека долго посакуваната желба ќе ти се оствари. Дури тогаш ќе знаеш што значи љубов, искреност, сакање и почит. Се надевам дека ќе бидете заедно, дека ќе направите напредок во новата, дека и двајцата ќе се ослободите и ќе си признаете што сакате. Се надевам дека ќе слушам само колку убаво сте си поминале, дека секој ден со него ќе ти биде убав, а не само четвртоците, дека колку среќна те прави. Да не испадне се на романтична основа, ти посакувам уште многу десетки, уште многу поуспешна година на факултет и за на крај, да не ја заборавам мајка ти, посакувам да омекне и да види колку зрело и интелигентно размислуваш.

    @LoveHope едвај чекам да ја видам малата душа. :inlove: Во новата ти посакувам мир на душа, само убави моменти со нејзе, и никако нервози бидејќи ништо друго не е побитно од вас двете. Те гушкам :hug:
     
    На Rama, WildMk, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  19. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    @Rama, се најдобро, ти се восхитувам на љубовта која ја имаш во срцето, со благост на срна и ретка искреност.
    @cresa-jagoda , да стануваш се по- Шкорпионка, многу успех во животот.
    @Briar Rose , исто ко лани, онли тхе скај ис тхе лимит!
    @sjdgo , да продолжиш да бидеш ретка -- лепотица и стабилна девојка, со вкус и интелигенција. Се најдобро.
     
    На Rama, WildMk, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Фала ти најмногу! :hug: И јас ти посакувам убавини во новава година.

    @Herrera да си најде еден фраер у новава кој ќе те опсипува со љубоФ, а ќе те растура у кревет! 8)

    @Dadusicka и тебе ти посакувам да си најдеш некој саглам. :drunk: И бидете живи и здрави сите тројца и по некоја паричка да капне не ќе да е лошо. :hug:

    @Milobebence да части мекици во новата година! :!: :hug:

    @Mr. Right петардо една, шо да ти посакам тебе? :?:
     
    На Rama, NarCis@, Herrera и 7 други им се допаѓа ова.