Да се заљубиш, памет да изгубиш Spoiler: да ти се оствари сонот тројка да пробаш И многу многу здравје @Herrera да си ја најдеш другата половина, памет шо ќе ти сврти и шо би рекол Рајт ќе те растури у кревет На сите други се што си сакате се да ви се исполни како и многу здравје, среќа, радости ии само убавини Едит невидов @joy1 ме претркала
На сите членови на Фемина... и на модови и админи... море и на сите кои читаат: Нека Новата 2019та ви биде полна со здравје, спокој во душата, и срце полно љубов Се' што ви е во мислите, нека ви биде во рацете
@Mr. Right , @Dadusicka среќни новогодишни и божиќни празници, ви посакувам да ви се реализираат сите недовршени планови и здравје да ве служи На останатите форумџии само ќе им порачам помалку да се караат во 2019 оти многу бевте напнати изминатава година, секоја втора тема на карање ви одеше. Изгледа слабо секс , па затоа се на нервна база Се надевам ќе бидете помалку себични , а повеќе пријателски расположени за форумско дружење.
На сите ви посакувам.. -Да ви бидат полни срцето и домот -Да ви здосади од раскош пари и изобилие -Да спиете со оние поради кои претходната година не спиевте -Да не ви требаат дворци ,замоци и принцови за да се осеќате како принцези -Да ви се може ама да несакате -Да не ви фали никој годинава -Да бидете нечија прва помисла при будење и последна пред заспивање -Да не ви биде никогаш досадно -Да славите роденден 365 пати годишно -Да се смеете од срце и да се заљубите трајно -Да останете здрави додека трае оваа епидемија наречена лудило и уште мн мн убави нешта Ви посакувам...
Фала ви на сите што посебно сте посакале за мене, да не ве цитирам сега Ако почнам да тагнувам до утре нема да завршам, па посакувам на сите од фмќ среќа во љубовта, тие што се сингл да си пронајдат некого, тие што се во врска да си продолжат во истата да се среќни, а некои врски да прејдат во брак. Ви посакувам и успеси на работа, школо/факултет. На тие од темите за забременување им посакувам оваа година да видат позитивни тестови за бременост. На тие од темите за проблеми со бракот и свекрвите им посакувам да ги решат проблемите. На тие од теми за секс и што се секираат дали се бремени им посакувам конечно да се едуцираат. Тие од темите за сингл им посакувам да си најдат сродна душа. На тие од темите за барање работа им посакувам да си најдат работа конечно по мерак. На тие од темите за образование да имаат многу успеси, некои да дипломираат и слично. За сите што не се пронајдовте во погоре спомнатите, а и вие што се пронајдовте на сите ви посакувам се најдобро, многу среќа и многу успеси, сите желби да си ги реализирате.
Кога ќе отворите порти на вашето срце и кога ќе нема место да збере се ви посакувам тоа што веќе се збрало да биде нешто најдобро за вас во новата 2019. Исполнувајте го срцето додека има место со добрина, љубезност, разбирање а најмногу љубов. Некој ќе допре до вас со перото како @Shelea , некој со добродушноста како @Rama , некој со возвратена насмевка како @Ygritte , некои со нешто што допрва следува. Бидете боја на сечие платно бидејќи нема грда слика, нема грди бои има очи во се што ја гледаат уметничката нишка на сите нас, на животот на секоја нова година што доаѓа и поминува. Имајте сите година во која вашето платно ќе биде поразнобојно, сјајно и за вечни спомени трајно. Ви посакувам на сите 2019 да ви биде година за паметење
Оооооо баш убаво што си помислила на мене уууу се стопив.... Среќна Нова и тебе нека ти ги исполни сите Ваши желби истото важи за сите Феминки
Нема да тагнувам никој посебно затоа што не сакам никој да остане нетагнат. На сите што го читате ова ви посакувам се најубаво, се што не ви се исполнило досега да ви се исполни во 2019. Бидете среќни, весели, позитивни и исполнети, и да не куртулите од убави работи. Срцето да ви е полно со љубов, а паричникот со пари. Бидете најдобрата верзија од себеси, отстранете ги токсичните луѓе без разлика каква поврзаност сте имале со нив. Многу успех на школо, факс и на работа. Во 00:00 не се случува магија, но тоа нека не ве обесхрабрува бидејќи ние сме тие кои си ја кроиме сопствената среќа. Вечер најубаво да си поминете без разлика каде ќе сте, љубов до сите.
Штркот да ги посети @Milobebence @Viktorijaaa5 @Bubce38 Здрави,прави,живи бебенца да даде Господ,лесен пораѓај кај @Sexybaby86 @dunika На другачките од 40ката,здравје,среќа,љубов.
На сите од 40 пред се им посакувам мир во срцето, здравје и радост. Една членка само посебно ќе ја спомнам, бидејќи често ја мислам периодов. @flower30, се што се случуваше периодов да остане само бледа меморија. Сета тага да изчезне и радост и топлина да се вселат во твоето срце наместо грижи и борби. Од срце ти посакувам мирна 2020.
Лили ме расплака Ти благодарам многу на убавите желби. Ние Новата Година ќе ја поминеме на Детска клиника. Да е се добро се надеваме утре ќе си одиме дома. Ти посакувам и тебе здравје и среќа, и да ти се остварат замислените планови. Годината да ја завршиш со еден убав поклон со уште еден пар рачиња што ќе те гишкаат најсилно
На сите до една ќе посакам само здравје, здравје и здравје А ќе ја издвојам @Dust и ќе и посакам во 2020 вистински да ја осети магијата на љубовта. Да продолжи вистински да сака и да биде сакана како што таа сака Среќни празници
@poenta, ти посакувам почесто да го оставаш срцето да те води. Да им се препуштиш на емоциите, но истовремено да ја задржиш и стабилноста, смиреноста и оптимизмот по кои си и препознатлива. Успехот во работата и задоволството од неа секако ти ги посакувам, но нека следната година ти биде љубовна и полна со емоции што ќе те остават без зборови На @cresa-jagoda и' пожелувам да остане заљубена-изгубена, но она што ти лежи на срце да ти биде во прегратките. И нормално, за цело ФМЌ, здравје, успеси и љубов без крај, и уште безброј постови во нашето ќошенце
Среќа, позитива и само убави моменти на сите во 2020 Ви посакувам! Ќе ја тагнам @Yowannty да и' посакам година исполнета со многу насмевки и прегратки од мали раченца. Година во која следи прво запче, прво зборче и првите чекорчиња. Да се радувате заедно на секој момент.
Ви посакувам срца полни со љубов,душа полна со мир и спокој,тело полно со здравје,џеб полн со пари и албум полн со спомени од вашите авантури и патувања.... Не заборавајте на лошото...на тоа што ве повредило,згазило,турнало или натажило.Нека ви биде лекција за наредна година ама не се навраќајте веќе на истото.Туркајте и гледајте напред колку тешко и да изгледа некогаш... Секој ден наоѓајте барем една причина за да се насмеете од срце.Гушкајте повеќе,најдете рамо на кое може искрено да плачете,рака која ке ве крева секогаш кога ке паѓате,усни кои ќе ве љубат како да е секој миг последен и срце кое ќе ве сака без граници... @simonka93 Годинава те чекам на кафе,вино,коктел,смеење,дружба и забава знаеш ти каде.Удри и клоца на 2019 ,отвори и ширум врата на 2020 .Те чекаат само убавини знам
Колку ме изненади Неизмерна благодарност за убавите желби Новата нека биде поуспешна од оваа во секој поглед
Мариа драга моја Ти посакувам исполнета година, многу насмевки, многу љубов и многу бериќет. Секој напредок на малото да те прави посебно горда. До крај на следната нови 2 цртки, да се дружиме пак одново. Па ќе спиеме кога ќе остареме.