@referentka Од срце сакам да ти посакам во Новата 2023 да останеш таква каква што си искрена и со срце полно со добрина и љубов, да бидеш опкружена само со луѓе кои вистински те сакаат, почитуваат и ценат. Да имаш добро здравје и нека Новата 2023 ти биде најмагична, најрадосна, најуспешна на секое поле во животот, исполнета само со убавини, да бидеш многу сакана од твоите најмили и очите да ти се смеат од вистинска среќа во душата. Новата 2023 нека ти донесе сè што посакуваш и нека ти зачува сè што имаш, биди благословена од Бог. Ти посакувам мирен и хармоничен живот и никогаш да не ја изгубиш вербата и надежта за подобро утре
Време е да ја покажам емотивната страна малку и да напишам две-три реченици за луѓето што ми ја одбележаа оваа година, а знам дека исто ќе биде и во новата Прва е @Bezimenka90 , не дека одам редоследно по старост , туку дефинитивно е личноста која била секогаш тука за мене и редно е да ја споменам прва. Во новава година ти посакувам сите денови да ти се исполнети со љубов и здравје, многу прочитани книги и испиени коктели. А, и безброј согорени калории во теретана Да ги усовршиш домаќинските вештини, и шоферските вештини (купи ги веќе тие бандажи) па да го истражиме цело Скопје, и пошироко, зошто да не. Фала ти што си ми форумско bff и ќе гледам следнава година помалку да те нервирам Следна е @GirlRose , мојот близнак по творска релација Тебе ти посакувам, освен она стандардното, големи академски успеси и помалку стрес за испитите, не се сомневам во тебе Почесто да се гледаме во Скопје, за да ме научиш да месам пастрмајлија, само немој да го повикаме духот кај тебе што доаѓаше Фала ти за стомачните од смеење, се надевам така и ќе ја започнеме новата година, односно во Stekba boba mood @Ketchup тебе ќе ти посакам кариерен напредок, уште подобри фотографии и година која ќе може да ја наречеш дека била "твоја година" Се надевам во новава 2023та ќе бидеме сведоци на многу драми, ќе посетиме нови кафичи и на раат да може да оговараме личности кои нé нервираат И за крај @pdb123 , најтешко ми беше за тебе да смислам желби Ќе ти посакам да продолжиш со успесите во кариерата, остани си паметна и вљубена како и досега. Да продолжиме заеднички да ја зезаме Безименка и повеќе дружби во новава. По можност од 1ви Јануари некако магично да ти се намалат способностите за играње board games, редно е и јас некогаш да победам...шмрц Ly all XOXO
Не го очекував ова. Feeling so emotional now. Прво да кажам дека никогаш не ме нервираш, какви се овие невистини. Второ, сите ве сакам многу и многу ми значите, памукчиња мои. Трето, ти посакувам оваа година да ти биде преубава, исполнета со многу среќни моменти. Да си најдеш работа што те исполнува, ти да не провозиш со новата возачка и да се изнашеташ. Се надевам дека еден ден ќе ти се оствари сонот и ќе имаш базен со пастрмки, на кои ќе им се воодушевуваш додека месиш зелник со праз.
Навистина ме запрепастувате со изливите на емоции оваа година: како lava cake сте, тврди однадвор, меки одвнатре Јас по азбучен ред ќе ви посакам, без зборови (за разлика од сите мои километарски постови): @Bezimenka90: @f.girl: @GirlRose: