Браво vitomir и јас не би двоела ниту една феминка не би било фер нели Секоја има право да е здрава,жива, среќна, да биде сакана и да сака и баш сите желби да и постанат стварност,браво пријателе бар си фер за сите :up:
Јипмен ти посакувам да продолжиш да бидеш тоа што си,да не насмеваш сите овде на форумов како секогаш Ти посакувам да најдеш личност со која можеш да се чуствуваш свој,да делите се и да се сакате многу И многу спортски да фатиш И на сите други феминки,женски,машки ви посакувам многу среќа,здравје и љубов Се гледаме на елката
Јипи ти посакувам во новата година да си фатиш некоја ултра згодна девојчица, која ке ја смееш до солзи како што тоа го правиш овде на форумов. А ако е некоја идиотка, со задоволство би ти се придружила да ја врземе на сред плоштад и да ја маваме со јајцата кои ми се подарок од тебе за НГ. Спојлер Za creshicka пакување друштвени јајца И јас инаку не би ве делила, еден по еден. Одиме вака- слабите да се здебелат, дебелите да ослабнат, среќните да си останат такви, несреќните да најдат среќа, болните да оздрават, досадните get a life, баналните да пораснат, ептен паметните да не се замислуваат толку паметни пошто не се, оние без дечко/девојка да бидат во врска, оние во несреќна врска да раскинат, бремените да родат здрави деца и тие самите да се живи и здрави, и тако даље во глобала тоа е тоа.
Јас би за ДУЗИ да ми остане таква позитивна и оптимистична и да гледа позитивно на сите негативни работи што и се случуваат, да продолжи да ме смее и да ме расположува На ИЛИПИЛИ и посакувам да си продолжи да си биде најсеќна со саканиот и ајде во годинава што ни иде свадба па и едно бебче На сите останати феминки, а и машки членови да не набројувам, сите да си бидете, среќни, позитивни и насмеани,здрави, прави и се што ќе си посакате да ви го оствари Дедо Мраз и новата година
Јас имам две желби: пак Фемина да биде најдобар сајт на годината И за колегита ми Илипили: подобра работа да најдит и на свадба да ме викнит, ко ќе ја имат, нормално Иначе не ми е колешка
Како мор не ти сум колешка ,готово со тешко срце јавно те откажувам пред јавноста на Фемина од колегита Јас тебе ти посакувам да си најдиш најуба работа на светот и да одиш Италија кај грофот На сите останати им посакувам само убавини да ги следат,позитива, од сите страни,да ви пукаат образите од смеа ,од љубов и здравје да не куртулите никогаш и по некој денар кај сите нема да е на одмет .
На сите ви посакувам многу здравје,среќа и љубов.Мислам дека тие работи се најважни во животот.Сакам сите да сте среќни,весели,само со насмевки на лицата,задоволни од животот и исполнети со многу љубов и топлина.ВЕ САКАМ!!!
Еве дефинитивно на дедо мраз му кажувам да ни ги исполни сите желби на сите феминки и феминци да ни дозволи да ни се стоплат срцата со среќа љубов да сме си здрави и живи
И Јас сум за да не ги делам феминките, ама во случајот ќе одделам една. Divinebutterfly, најмилото суштество, најдоброто, му посакувам многу среќа, многу здравје, и многу многу љубов и во новата година да си најди една уба работичка со уба платичка
ТедиМендо да дипломира, да ги среди односите со дотичниот жентлмен, и да си ја исполни зацртаната цел. Дузи да биде крунисана феминка на годината и да остане засекогаш паметна, позитивна и блебетало, зашто такви луѓе му фалат на овој грд свет. Рејнбоу да си најде работа за каква што сонува или да замине онаму каде што сонува. Со либето, нормално. На Лилит и` посакувам најдобриот другар што е во странство да и` стане комшија наскоро. На Трендафилка и` посакувам да ја земе веќе еднаш платата за овој месец (Any second now) , и да заживее веќе со тој дечко и`, аман досадна стана со желбава, дајте нека и` се оствари. За сите колективно - Љубов и здравје, парички и Секс. Помалку турски сапуници, повеќе книги. Повеќе готвена храна, помалку џанк фуд.
Групна честитка Ви посакувам многу букети рози, убав живот без нервози, алкохол во умерени дози, и секс во сите пози...
Snow - да се омажи, верувам ова сите го посакавме. marama - да го најде оној баланс меѓу телесен и душевен мир и да ужива во него.Цела година да ја следи благосостојба, да има хармоничен пријатен живот исполнет со насмевки.Многу, многу, многу љубов да ја следи.Од најблиските а и од онаа романтичната.Вака прекрасна девојка не е фер да биде сама.Да наиде на некој кој ќе и го стопли срцето. Малце офф топик муабет.Само јас останав на светот што уште праќа честитки и тоа на возрасни луѓе ?? Гајле ми е ќе си пуштам, на сите ќе ви испратам. А за себеси, чинам и веќе нема што да посакам, секоја желба ми стана реалност
јас имам повеќе групни честитки за екипата од подршка за бременост им посакувам оваа година да ги видат 2те најпосакувани цртки и да си добијат слатки убави прави здрави бебиња за екипата од подршка за слабеење им посакувам оваа година да си ослабнат кој колку сака на лесен и едноставен начин без да си ја мачат душата многу, и да бидат згодни како англеите на Викторија за екипата од труднички муабети им посакувам да си имаат сите лесна бременост, и наскоро да ги полниме темите за бебиња за момичињата со љубовни проблеми оваа година да ви дојде умот и да не се нервирате за мажите и да ги немате љубовните проблеми, да си уживате во љубовта, и благодетите што таа ги носе за екипата во серии и емисии им посакувам оваа година да ни се погоди некој добар филм доста им беше на турскиве лимонади една честитка за операторите на форумот да бидете по опуштени во однос на нашите грешки, луѓе сме - грешиме и големи желби за сите феминки да ви се остварат сите желби, да бидете здрави пред се, среќни, успешни, и задоволни од себе. Оваа година да ви донесе се по што трагавте и за што се боревте
И посакувам на Snow-Queen ,што побрзо да има на раката прстен со 7 камчиња и и посакувам на именце (thinkerbell) најголемата желба да и стане реалност
И посакувам на Tenkai да собере храброст, да си го отвори срцето и да во Новата година поминува многу, многу време со него. Doozy да ги маѓепса швабите, не со парфемот (и онака предвреме го ишприца), туку со сета своја духовитост, добронамерност и пријателство која ја има во себе. На Ljubam и посакувам никогаш да не се чувствува осамено Спојлер кога тоа го чувствувам во нејзините постови, ме боли На Serafima и посакувам здравје, затоа што се друго сама знае да си најде ... па дури и нам да ни подели.
Јас на Дузи и посакувам одлучност годинава и конечно да се реши измеѓу тие тројцата . И Срцекршачка дури може да ти подзавиди бре! А да, и титулата Форумџика на годината да ја добие - затоа што едноставно ја заслужи! И на Анабела и посакувам да ги симне тие 6-те кила и никогаш повеќе да не ги качи! Фала!