@Someonespecial @Summerlover @macka91 Фала ви за убавите зборови и желби. И јас вас, а и на сите останати активни членови на цел форум (не само од штабот), ви посакувам здравје, среќа, мир и љубов, а останатото само ќе си дојде. Сите имаме милиони желби, ама пред се здравје На форумв да има повеќе насмевки и дружења, а помалку кланови и недоразбирања. Повеќе позитивни личности, а помалку намќори. Повеќе свадби и бебиња, а помалку проблеми. Да им докажеме на сите дека сме најпозитивен и највесел форум Поделбите и клановите да ги оставиме во старата година зад врата.
Посакувам, посакувам.. Сите оние кои ми упатија прекрасна желба на нив дупло да им се враќа Посакувам @podravka првин да се успокои па со позитивна мисла напред @monik55 исто прво друшке среди мислите, чувствата па храбро напред, јас знам дека ти можеш @Ninichka и @pandelka да бидат најпрво похрабри, вие можете, вие знаете, чекорете само напред, чекори назад во оваа година да нема @only44you дадичке, гушки до мала и голема дада, многу здравје за трите @mareane зрачиш женче, се што сакаш твое да биди @Lady Phoenix дупло, дупло близначке и на тебе оваа година и конечно да ставиш потпис таму каде што треба
@monik55 И посакувам свое катче во кое е го пронајде својот спокој и ќе ја обнови својата среќа, а потоа и исполнување на нејзината најголема желба. @Umbrella22 Здравје пред се а потоа да си се всели заедно со либето и да ужива во нивната заедничка љубов. @MilaP @Mariangel @galapce пред се здравје за вашите најмили а потоа се останато. @stetoskop Што обрзо да ја заборават и да ја остават оваа голема битка зад себе и среќни моменти со либето и цела фамилија. @JuLleE најпрво здравје за малиот а за тебе да го пронајдеш повторно внатрешниот баланс и да смогнеш сили да се бориш за својата среќа...независно каде. @lunicka и во наредната година да остане уникатна и посебна како што е и со многу повеќе причини занасмевки. Полесна работа, со малку повеќе слободно време и поголема плата. @zhap4e Посакувам ОН да е тој вистинскиот @Dust Да уживаш максимално во својата филмска љубовна приказна...некаде далеку далеку. Добивам впечаток дека твоето патување допрва ќе започне. @Bozica1980 да ја постигне посакуваната линија. @sanjaeva Пред се здравје и среќа, како за тебе така и за твојата лепотица. Врската мајка-ќерка помеѓу вас да биде секогаш цврста и нераскинлива. Да имаш уште повеќе ведри моменти во престојната година и милион мали и големи нешта кои ќе донесат радост и среќа во истата. @mal.ecka Таа капка солза на која толку често ме потсеќаш поради својата чистина но и тага оваа година да се претвори во капка изворска вода. Чиста, бистра и природна...баш каква што си и ти. Сакајте се и гушкајте се со либето, многу убави моменти со внуката, вратата кон анксиозноста целосно да биде затворена и едно бебче во рацете. @duffi се што си планирате и посакувате со мажето да ви се оствари. Штркот да помине кај @kukla21 @duffi @emkaemka @mal.ecka @Viktorijaaa5 @LivingGlam @Sesil @Ninichka @pandelka @podravka @Libra88 @bokace @Bebulleee @do-re-mi @mariz @bittersweet Посакувам здравје за неа и за трите ангелчиња чие секојдневие ми има изнудено толку многу насмевки. Да остане баш таква каква што е @joy1 да ја заборави оваа лоша година зад себе и што повеќе насмевки со малите принцези и мажето @Sky-butterfly да останат перфект фамили како што ги замислувам и од срце им посакувам многу убави фамилијарни моменти @Mama25 @vitamina @irena.1 здрави и најубави бебчиња @Kaetana Да не ја изгуби својата униканост и ведрина која зрачи од секој нејзин пишан збор. Што побргу да ги надминете тантрумите и да уживате со малата принцеза. @promeneta Што полесна адаптација во Германија. @nena2010 И јас се приклучувам во желбите за една филмска љубов во Истамбул. @Peco да ја пронајде својата втора половина. @Doozy Авантуристичкиот дух да те однесе на местото каде што професионално комплетно ќе се реализираш и нема да се плашиш да ја доживееш љубовта на начин на кој го заслужуваш, целосно и искрено. @Ketchup Да созрее во младичот/мажот во кој верувам ќе се развие и целосно ќе го исполни својот потенцијал. @Summerlover Да продолжи да изнудува насмевки кај нас, но и со повеќе причини за насмевки на нејзиното лице. @Mishela Да продолжи да го развива тој совршен спој од нежност и цврстина, детска ведрина и шарм, едноставност и професионален пристап...Да си реди успеси на сите полиња. @anel @Val-Dim @Esmeralda-MD @mareane @WORRIED.BT @Tajnaotrovna и во наредната година секој ваш пост да ме асоцира на топлина, фамилија и убави моменти во кругот на истата. @Abeja Убаини со малите а и што подалеку да фатиш. @Moira да ни пишува само убави работи од далечната Остралија @imelda да си остане кул како што е и да ни споделува повеќе дешафки со нас (или салонки) Групен поздрав за сФаќите. Да не ми ги косат момичињата @galapce @AngelOfArh @PUPICA Да не ја изгуби никогаш широкоградноста и подготвеноста да подаде пријателска рака секому кому му е потребна. @LivingGlam Тоа жарче чиј пламен дури и виртуелно сјае, да го достигне својот максимум оваа година...сеедно на кое поле. Заслужуваш. @marama Еден прстен годинава. @sesilija Почесто да пишува, пред се убави нешта...сеедно на која тема. Леле што направив со листава а не сум готова...ќе има продолжение, тука или во СП.
Само на твојава листа се најдов Ти благодарам лепотице, истото ти го посакувам и јас, плус многу здравје и успеси ♥
Bravo mila @danichap ,posebna si! I jas ti posakuvam okean od sreka i zdravje vo Novata godina! Te gushkam!
Gushki najgolemi i samo sreka vo Novata, a za bebulinja,znam deka 2017g.ke bide nasa, nasata najsrekna godina!
@stevemila , zenicke,lavice,heroj devojce....mila moja...ti go posakuvam istoto sto i sebe! I da znaes deka neuspehot e zad nas, vo Novata ke cekorime zaedno so uste po eden/dva para nodjinja !... Gushki!
@Natasa. P ,mila ti posakuvam da si najsrekna majka na svet, 2017g,definitivno e tvoja godina! Te gushkam tebe i tvoeto ubavo meshe!
@danichap @duffi @mareane ви посакувам од се срце да ви се оствари и најмалата желба во оваа година. Да сте ми здрави живи и весели.
Леле @danichap, на таа желба не знам ни што да одговорам. Само ќе ти посакам љубов, на тони! Веќе ја најде, па да расте до бескрај. И здравје, и тоа на тони. Другото, со ред. @Lady Phoenix да најде внатрешен мир. Нејзините да бидат добри и да не ја секираат. И да видиме слики од специјалниот ден. 1ви септември беше или 10ти јуни? Еден од тие датуми е сигурно. Епа, денот да ви биде најспецијален. За сите феминки, посакувам да бидеме малку потрпеливи. И мир во светот. Ќе се дополнам кога ќе имам време, ве имам многу други на ум. Ама, во себе желбите се веќе посакани.
@lunicka Истото како една феминка погоре,ти посакувам да ја најдеш работата од соништата,да те исполни целосно,да имаш повеќе време за тука,бидеќи ми фалат твоите постови и твојата уникатност и искреност. @Lady Phoenix Оваа година и двете да не напушти анксот Еден постпис,венчаница и една душа во рацете,од ти посакувам.
Amin so bi rekle starite.Seto loso da ostane zad nas i samo ubavini da ne sledat.I jas ti posakuvam mnogu uspeh,steka,trpenie zasto so bebusite ke ni treba hihi.Te guskam najmila
Сега ја видов темава и... отворив @danichap со новогодишните желби до многу Феминки уште еднаш ми потврди дека е прекрасна личност Во новата година и посакувам многу здравје, љубов и топли прегратки со малата принцеза... Ииии... Топли прегратки со втората принцеза која наскоро ке пристигне ПС Ке бидам малку себична... Посакувам Дани да се врати во нашата тема... И даваше посебен шарм Уште не сум ја заборавила долната облека што ни ја посвети на сите нас од +/- 40
@danichap @vitamina - успешна година, здраво бебуле, среќа, љубов.. @joy1 - тоа што го изгуби во 2016, дупло да ти се врати во 2017 тоа што не може да се врати, нека остане во убави спомени @Aleksandar1212 - да ни скокнеш во тавче оваа година или барем да го најдеш она делчето..најмалото и здравјето да те служи @referentka - здравје за цела фам.Рефовски, успех на секој план, неизмерна љубов За останатите ..покасно, да се приберам Сите останати.. Успешна година да си имате, исполнета со мн љубов, здравје...
Мили мои, иако секојдневно го минувавме денот заедно, споделувајќи ги нашите победи и радости, макар и виртуелно бевме и сме дел од едно прекрасно друштво, сепак како што е редот да ви посакам многу убави моменти во новата година. За мене изминува истовремено и најубавата и најлошата година. На крајот, најважно е да сме здрави и живи и со најмилите на број. Што ќе ни носи животот не се знае, но она малку што зависи од нас, да го направиме како што треба - посакувајте и верувајте!! Пред се, сакајте го и ценете го она што го имате и бидете задоволни, лесно се губи!! Имајте здравје, па се останато! @monik55 , @pandelka , @Bebulleee , @mal.ecka, @podravka, @kukla21 , @Ninichka, @stevemila и сите од поддршка, жени лавици и борци, нека почетокот на новото одбројување го донесе крајот за вас во ова катче и едно ново одбројување во труднички! @Offspring да ни биде првата тазе мама на форумов со лесно миличка! @danichap остани таква и уживај во љубовта на твојот најмил и двете принцези . Со лесно и носи ја таа насмевка засекогаш @LadyC среќата од оваа година да те следи и во новата, и се што ќе си зацрташ да го привлечеш и да го доживееш @Viktorijaaa5 , @duffi тазе невести да си дочекате две цртки годинава @joy1 ти си жена борец, мајка за почит, домакинка за пофалба, работник за гордост и феминка на годината дефинитивно! нека новата година те изненади позитивно! @MilaP да си се гушкате со синко и да ни пишуваш само од дома или од работа, а со него да шетате само по паркови и игралишта @galapce сето она што ти ја одзеде насмевката да остане, да се заборави и избрише со годинава која завршува и да ни бидеш нова ти, уште повесела од таа која ни беше @Umbrella22 мила, наредново лето кога ќе се видиме, да ми се пофалиш со венчален прстен! Никогаш повеќе да не газиш по тие болнички ходници и да се будиш и заспиваш со твојот сакан! @referentka, @Cka, обоѓавам да ве читам, зрачите со позитива! Да ви се оствари новото живеалиште, веќе имате прекрасен дом од соништата! @sanjaeva многу нови успеси од твојата прекрасна гордост, но нека новава година те изненади тебе ко ниедна друга до сега, со убавини @mariatim, @mareane, @emkaemka , @Bridget , @baba Rada , @Ane-Goki1 , @anel , @Annath , @DVAANGELA , @Petra777 , @Val-Dim , @stetoskop , @Winter Lady , @VladeMila , @nena2010 , @LivingGlam , @Peco , @ninja35 , @zeka , @evangelina.ina , @Ariel , @Lady Phoenix , @PUPICA, @okcenzi , @JuLleE , @Sky-butterfly , @Jas! @friendy, @fallenangel , @bittersweet , @lunicka ,@Dust, @promeneta, @zhap4e , @lilith, @WORRIED.BT , @Bozica1980 , и сите од клубот +-40 се што сакате да ви се оствари!! @Kukla994 конечно да се гушнеш со саканиот и да уживате во вашата љубов @Eli23 , @mama89 , @m.i.g , @Pcelka94 ,@kallias , @SpangeBob , @Mariangel , @AngelOfArh , @Sunshine_1979 , @mariz, @eleni27 , @Mari* , @flower30 , мамички пред се здрави, најадени, среќни бебиња и без неспани ноќи во новата година Младите од катчето да остваруваат успеси на сите полиња и да си пронајдат искрена љубов! @Elissa , @Summerlover @Crna Dama тој по кого тагуваш да го исфрлиш од срцето и да го најдеш оној кој те заслужува. @vitamina да ја пречекаш новата година во прегратката по која долго копнееше доаѓаат само поубави и посреќни денови @ЕденЧлен кој дефинитивно ме плени со своите постови, ти посакувам една прегратка макар на кратко да ти ги намали сите болки кои ги носиш во себе, и годинава која доаѓа да ти го оствари сонот - да си создадеш фамилија А прекрасната @Serafima нека патот почесто те води на форумските страници, фалиш мила! Знам дека некого испуштив, ненамерно... Имајте убави празнични денови, насмевка на лицето и позитивна бура во срцето! Внимавајте што посакувате - може да се оствари!
Не ми се допаѓа опцијата за тагнатите членки што не можат да ја видат нотификацијата но се надевам дека барем ќе отворат и ќе си го пронајдат своето име меѓу посакуваните поздрави и желби за подобро утре и подобар живот на сите нас. Дај боже да имате убава следна година, исполнета пред се со здравје и среќа а се друго можеме да се потрудиме и да го достигнеме со овие два искрени збора искажани од срце. Нека господ ви даде мир и спокој, желби и надежи да со труд и мала мотивација успеете да го постигнете она што го посакувате и она опходното за живот и среќни моменти. Оваа година нека ви биде исполнета со многу љубов и несебични топли прегратки од саканите, нека имате плод на вашата љубов и мили мали рачиња и очиња онаму каде што се посакувани од срце и душа а воедно радосни детски песни и игри и многу здравје на сите ваши дечиња што ни го разубавуваат ова катче. На сите студентки и млади девојки им посакувам успешно завршен факултет исполнет со многу здравје и надеж за подобро утре за сите нив во реализација на работни места, на повозрасните љубов и реализација на нивните идни желби исполнети со многу дружба и непроспиени ноќи исполнети со насмевки. @Sky-butterfly @danichap @WORRIED.BT @Bozica1980 @mareane @Mariangel @mariz @Sunshine_1979 @Dust @Val-Dim @sanjaeva @simonka93 @joy1 @kukla21 @emkaemka @podravka @LadyC @Lady Phoenix @AnaKarenina @Yowannty @Summerlover @JollyGirl @sofijanoka @MilaP @galapce @Serafima @Elissa @eleni27 @flower30 @lunicka @LivingGlam @evangelina.ina @promeneta @zhap4e @friendy @mariatim @anel @Umbrella22 @Viktorijaaa5 @duffi @Annath @DVAANGELA @bittersweet @PUPICA @zeka @okcenzi @JuLleE @Petar80 @ninja35 @Peco @Ketchup @Bender Rodriguez @EvAngelos @Yipman2 @nena2010 @Cka @Offspring @Bebulleee @kikin @mal.ecka @Someonespecial @Anabelle.Amorette @Lella @Mama25 @kravce @manja666 @Mishela @sesilija @Sesil @Natasa. P @Kukla994 @Sanjichka007 @Lilianna @Doozy @Adi888 @Love...music @rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr @purple..m @theowndemon @IronLady @macka91 @kim.k @Rose96 @marama @MacenceEna @imelda @♡BuBaLe♡ Најверојатно имам пропуштено некого и се извинувам, толку луѓе а толку мал простор..буквално. Имајте еуфорична вечер и среќни празници. Се најдобро од срце.
@vitamina, златна си. И ти и @danichap. Ви посакувам многу, многу гушкања од малите раченца кои наскоро ќе ви пристигнат.
@vitamina фала ти од срце мила, истото и тебе ти го посакувам и со лесно да си го донесеш на свет срценцето што сега чука во тебе... На сите останати ви посакувам: Љубов Здравје Среќа Положени испити Вработувања Финансии Патувања Насмевки Радости Две црвени цртки Нека си земе кој што си сака.hug: