@Lady Phoenix @joy1 @mareane @danichap @vitamina Господ здравје да ви даде и на вас и на вашите најблиски.
@Crna Dama @DiFlove @Bitter-Sweet ♡BuBaLe♡ @Jas! @krEM4Eto @CrazyOne Ви посакувам све најубаво во новата 2017 година,да ве прати најмногу здравје,среќа,и љубов.Све што не ви се исполнило во старата,нека ви се исполни во новава 2017 Чувајте се
@ЕденЧлен фала многуу!! Среќна новаа година и новогодишни празници дечкии!! Не ве набројвам оти мноогу сте ама се знајте кој сте, исто и на оние со кој не се знам! Здравје, среќа, љубов и пари да ви се претурват секогаш!!!
Не можам да тагнам членки бидејки не има многу и сигурно некоја ненамерно ке ја пропуштам.До сите членки од темите,вештачко оплодување и подршка за сите оние кои сакаат да забременат.Мили мои феминки ви посакувам на сите вас до една оваа нова 2018 да биде наша година за полни мешиња со преслатки бебиња. Среќна нова благословена година Поздрав мили мои храбри феминки ве сите. Запомнете оваа година ќе биде наша плодна година.
И јас имам новогодишна желба за @galapce. Ја следам темата и ми пука срцево. Дај Боже што побрзо да се најде компатибилен донор и да оздрави малото Галапче. Исто така сакам да им посакам на останатите членови кои се борат со некој здравствен проблем побрзо да оздрават (@Doozy). Оние кои сакаат бебе - да го добијат. Оние кои чекаат љубов - да ја остварат. Сепак, немало ништо поважно од здравјето, а потоа среќата и љубовта.
Новогодишна желба за @sweet-cherry Драга, ти посакувам многу насмевки и среќни моменти во Новата 2018. Едноставно срцето да ти заигра од среќа и да речеш вредеше, сепак после невремето доаѓа сонце. Гледам дека си на добар пат до тоа. Ти посакувам и да си го оствариш сонот, да дипломираш. Тоа ќе ти ја зајакне борбата, дека си успеала покрај се. И ти посакувам се по ред, она што си го посакуваш и ти. Постојат моменти во животот кои не можеме, но сепак мораме да ги издржиме.
и посакувам на @monik55 не едно туку две бебенца наеднаш во новата година.Посакувам и татко и што поскоро да оздрави за да се радува на внучиња на @JuLleE и посакувам работа по струка во Новата година и да заборави на се што беше лошо и стресно во старата малото на мама @galapce да оздрави и да има среќно и нормално детство без болници и бели мантили сите феминки што очекуваат бебиња да се породат најлесно на свет . ах да и @Rama да застане конечно на нозе.Доста беа депресии,црни мисли.Да ја читаме во на срце ми лежи само насмеана,расположена,весела
На сите посакувам да го добијат она поради кое не спијат и кое длабоко во ноќта, будни го сонуваат. Дедо мраз да ви го даде токму она што ви недостасува, баш она што ви е најпотребно или она што ќе ве исполни и комплетира. За себе си посакувам спокој веќе неколку години... можеби оваа ќе биде токму таа што ќе ми го донесе. Среќни и бериќетни На здравје
На сите посакувам пред се здравје, тоа е најважно без него ништо нема значење. Ви посакувам да сакате и да бидете сакани. Нема да посакам да ви се остварат сите желби, затоа што човек треба да има нешто за кое ќе се стреми да го оствари. Ќе ви посакам да ви се оствари она по кое што долго сте мечтаеле, а се друго има кај кинезите. Посебна желба имам за @galapce . Да оздрави малечкото и никогаш повеќе да не треба да стапне во болница. @Yowannty конечно во новата година да си бидеш крај саканиот. Да уживате во заедничкиот живот и заедничките моменти. @Rama конечно да си го најдеш вистинскиот пат. Дедо Мраз нека ти донесе нова љубов толку силна и толку голема што ќе заборавиш на старата. Си ја заборавив @Doozy . Се да биде во најдобар ред и остани позтивина како што си.
На сите посакувам пред се здравје, среќа да ве следи, сите желби да ви се исполнат. Тие коишто не ви се исполниле во оваа година во наредната да ви се исполнат. Сакајте и бидете сакани.
@Ano се да биде во ред со јуначето @galapce да Ви донесе Дедо Мраз полна вреќа здравје за малото @DVAANGELA да излезеш победник на крај. @stetoskop да останеш јака ко и до сега. Сите од поддршка и вештачко да добиете две црти годинава И на сите посакувам здравје. Без се друго се може. Здравјето е најбитно. Да ве служи вам и вашите блиски .
На сите посакувам желбите да им станат реалност. Да ги прати здравје и неизмерна љубов. Проблемите, грижите и целата тежина на душата да исчезнат и Новата Година да ја паметите само по убави случувања.
@eli25 . Ти благодарам што не мислиш. Мора се да биде како што треба па на пролет да им правиме средба на батковците. Последнава година сфатив дека здравјето е најбитно од се. Затоа на сите им посакувам здравје пред се. @galapce посакувам се да се среди се со баткото твој во блиска иднина. Им посакувам и на сите од вештачко и поддршка да прејдат во труднички и бебе во наредната година. На сите од +-40 здравје и среќа и помалку грижи во иднина. На друшките кај бебињата што повеќе убави моменти со бебушите. За крај гушнете ги најмилите и дружете се само со позитивни луѓе. Правете што вас ве прави среќни.
@Rama & @Bitter-Sweet @carangigia да си се вгнездите во прегратките кај оние што ве заслужуваат @Sesil да ве посети штркот годинава. Но најбитното, на сите ви посакувам здравје, љубов и мир. Без овие три нешта не се може.
@galapce Ти посакувам во 2018 да го дајдете лекот и да оздрави малиот На сите ви посакувам мир, слога и љубов , нека оваа нова година донесе поубави моменти