Новогодишна желба до СИТЕ на форумот: Во нареднава година да не куртулите од здравје, љубов, среќа, мир, успех, насмевки, прегратки, бакнежи и парички. Секогаш бидете сакани и сакајте. Уживајте максимално во секој ден од животот. Ви посакувам многу среќа на секое животно поле и да ви се остварат сите зацртани цели. На сите мајки им посакувам трпение и безгрижно детство за дечињата. За оние кои сакаат да станат мајки - да напишат што побргу тука дека ќе имаат бебенце и сите да се радуваме заедно. За сите заљубени - да станат уште позаљубени, а за оние "несреќно" заљубените - што побрзо да ја најдат среќата во љубовта. За сите што се соочуваат со било какви проблеми - да им се решат што побрзо и се да биде заборавено. Да не должам уште, ви посакувам се најубаво!
Сите ние си водиме некакви животни битки, некои полесни, некои потешки. Се тече, се се менува. Оној кој сега е горе, утре е доле. Оној кој е доле утре е горе. На сите кои во моментов ви е неопходна поддршка, ви ја пружам целата. Бог нека ви даде неизмерна сила да го издржите се она што ве очекува. И тоа да има позитивен исход, кај сите. Ме трогна приказната на @galapce биди јака мила, мајчиното срце може да издржи многу. На сите од поддршка и ин витро штркот да ви донесе бебе. За депресијата и анксиозноста да зборуваме во минато, повеќе да ни се смее срцето.
Ќе се повторам најверојатно како и претходните членови. На сите до еден ви сакам пред се' здравје. Да бидете здрави и живи, да го живеете животот со полна пареа, да не жалите за ништо. На @galapce и посакувам да го најдат лекот и малото да има среќно и безгрижно детство, без шетање по болнички ходници. На @monik55 и @izmislena годинава да им се наполнат рацете и срцето, како и на сите оние кои се борат за бебе, конечно да им се исполни долгопосакуваниот сон. На сите им посакувам да го најдат она што го бараат, но во таа потрага да не се изгубат себеси. Бидете ми среќни и весели, уште една година завршува, нова доаѓа, а со неа и нова надеж за подобро утре.
Јас ќе ви посакам на сите до еден овде да бидете исполнети и најсреќни на @k.frosina и посакувам во новата година да отиде на некој романтичен одмор на Сејшели или Малдиви на @Rama и посакувам повеќе лудории на љубовен план, и да одиме заедно да бркаме дечковци а за галапче сега читам, неа и посакувам се најдобро и знам дека ќе успее.
Да не звучам ко манекенка на избор за мис ама стварно ви посакувам на сите се најдобро. Тука сте секој ден да ми го разубавувате денот и кога ќе прочитам некоја убава работа што ви се случила дури и јас сум среќна, а и обратно со неубавите работи Во 2018та сите да сте здрави, среќни, весели, заљубени, се да ви иде ко подмачкано и во секоја тема да читаме се само убави работи да се случуваат.
Јас на феминките на овој форум добри и недобри им посакувам помалку мешање во туѓи животи, живеење на својот за промена живот , помалку оговарање и теретење. Малку повеќе среќа и мотивација за својот убав живот и стремеж истиот да им биде уште подобар и поисполнет без многу оговарање ...Е тоа им го посакувам на Феминките , вистински да го живеат животот во целост и хармонија. Да си најдат љубов, вистинска забава и помалку да се замараат со останатиот свет
@Elissa ти благодарам многу И јас тебе ти посакувам се најдобро и сите желби да ти се исполнат Може да одиме на Малдиви ке носам цело ФМЌ
Мили феминки,на сите до една ви посакувам здравје,среќа,насмевки и многу љубов во новата година,а цело лошо оставете го во старава година @galapce Мајка,силна,најсилна,ќе се најде лекот,верувај само @Elissa Абе и дечковци ќе бркаме и се што ќе се најде на пат Ти ги посакувам сите убавини на овој свет,не само во оваа година,туку и во наредните 100
@Petra777 @Rama @sonuvana @carangigia @Orthophill @Vitaly @baba Rada @elimkd @agios @LegallyBlonde13 @Selest @Bulgarian @melnicanecot @♡BuBaLe♡ @zokystanoevsky @Capricorn96 @Meckicja , да не пишувам одделно за овој ова за тој тоа, на сите ви посакувам да ви се исполнат желбите кои најмногу ги посакувате, да бидете здрави цела година, успешни, сакани, ништо да не изгубите и ништо да не ви недостига.
@Bitter-Sweet Ти ги посакувам сите убавини на овој свет,пред се здравје,среќа и љубов Истото важи и за погоре наведените....
@Petra777 @Bitter-Sweet @Rama @baba Rada @elimkd феминките кои одма ме прифатија на форумот сакам да ви посакам среќна нова, да имате многу здравје, среќа, да ви се исполнат ситe желби и да бидете исполнети на секое поле Поминете ги празниците во мир, благосостојба и со оние кои ги сакате. Се читаме во 2018 и само убавини да не следат
Женички,мајки кралици ,девојки ви ја посакувам новата 2018 година да биде многу подобра од оваа година Сите тешки борби што ги имавме во ова година во следната да бидат полесни или да ги нема. Ви посакувам многууу здравје и љубов другото ке си дојде по себе Сите што посакуват бебенце оваа нова година да им се исполни. Сите што студират да успеат во студитее А ние што работиме оваа година да имам поголем успех на работното поле. На мојата нова другарка што беше со мене во 2017 кога паѓав и се кршев,кога леев солзи радосници беше со мене @Snow white и ја посакувам сета среќа ,лесно да помине на денот на раѓањето на принцезата што ја очекуваме,никогаш нема да заборавам колку убав ми го направи денот кога ми кажа дека има две цртки тој ден и за нејзе леев солзи радосници.Да бидеш најсакана,најсреќна и најбогата жена. Ти благодарам за се до ден денес што направи за мене како една постара сестра
На сестричето @Tan4ence да продолжи со успеси на факултет и да биде среќна со либето @simonna.a исто да продолжи со 10ките и да се усреќи со некого @Ketchup после матурата да му се оствари американскиот сон, да врти пара таму и да дава автограми @Lella да растура во школо како и досега, и уште многу книги и серии да си препорачуваме @Anabelle.Amorette @LittleChili @Florenсе @Kukla994 @Читател @PogbaPol @GrevMk @John Snow @LiliBoz @Gosh да се пронајде себеси, дали овде или во странција, како и да одлучи... да биде исполнета и да си најде некое slay царче како што заслужува И остали мои две мачкици @DAngel и @JollyGirl да си останат прекрасни какви што се, и уште посреќни и заљубени Најдрагата дама и мајка @Lianna Anna – и оваа година нека ти помине во хармонична семејна идила @Nigredo Odor @Briar Rose @Bender Rodriguez @Црна Ружа @+++ моите омилени генијални филозофи – да извлечете максимум од вашите способности и многу успеси да редите @Yowannty @macka91 @Doozy @Mishela @sweet-cherry @MagsDestiny @prominent @crimson @AnaKarenina @1209 @*Amethyst* @IronLady @Elissa @k.frosina @Antolinaa @Rebecca_R @CameliaMiller @theowndemon @Rama @Dream-Girl @Mrs.Brain @Stephen Amell @Sweetlove_0312 и сите останати од ќошето – да ја полниме темата само со убавини Исто и за дамите @Annath @vitamina @referentka @danichap @Bozica1980 @joy1 @sanjaeva и секако најважната желба на @galapce Сѐ најубаво во новата година на сите вас прекрасни луѓе, и останатите што се дружиме и почитуваме, сигурно некого заборавив СП ми е too mainstream веќе
ПОСАКУВАМ ОВОЈ УБАВ И ДОБАР ДЕДО МРАЗ ДА НАЈДЕ ПОМОШ ЗА НАШИОТ ЛЕПОТАН АЛЕКСАНДАР И ДА ДОНЕСЕ РАДОСТ И СМЕА ЗА НАШАТА @galapce ...оваа желба ми е од дното на срцето и душата
@Bitter-Sweet da pronajdes mir vnatre, sekogas da si go imas i da si go cuvas i da te vodi najbezgresnata raka, da go pronajdes ona za sto mectaes i da znaes samo za ljubov, mir a po malku i ogan... @Briar Rose , mojata verna drugarkicka se da dostignes, a koga bi gi posakala i dzvezdite i niv bi mozela!! Se najubavo <3 @sjdgo da go cuvas racionalniot um koj e tvoj najskapocen biser, mnogu shali, nasmevki (i najubavata nijansa na plavo ti ja posakuvam) @carangigia i od mene si prifatena, prodolzi da si imas svoj stav za se dodeka ti si uverena vo istoto so dlabocinata na tvoeto srce. @Gosh eden kup pari ti posakuvam i nekoj specijalen decko. @elimkd uste mnogu procitani knigi, i radosti @DzingrlakaDzikica seks seks i knigi a na site ostanati se sto dusa ke im posaka. Srekjna Nova Godina!!
Ти благодарам, @Someonespecial. Јас навистина ти посакувам да си најдеш некој урнебесно згоден фраер кој покрај морална поддршка, ќе ти биде најверен другар за шетање низ книжарници и библиотеки (и душкање книги, афкорс).