Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишна желба за ____ феминка!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 1 декември 2012.

  1. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    6.644
    Пол:
    Женски
    @blonde_supergirl благодарам за убавите зборови, многу ми значат. Новата година да ти донесе многу здравје, среќа и исполнетост на секое поле. Само убавини да те следат :f: :hug: :*
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.339
    Пол:
    Женски
    На @Someonespecial и посакувам среќна нова година и секоја желба-реалност , успеси на секое поле , љубов и секако здравје пред се ! Поздрав Спешлке :*

    И на сите останати феминки Ви посакувам среќна нова година , многу успеси , здравје , среќа и љубов и многу секс :P !
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Те гушкам мила и јас тебе и ти посакувам среќна нова и се шо сакаш да ти се исполни знаеш што чекам какво известување во 2018 :)) :) :) ТИ БЛАГОДАРАМ И ЈАС ТЕБЕ ШТО ТЕ ИМАМ ТЕБЕ <3
     
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    134.909
    Пол:
    Женски
    На сите членови во новата година им посакувам да им се исполнат оние желби кои ќе ги направат вистински среќни :)
     
    На WildMk, Purplelilac, ivi1987 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Здравје за @kravce и за оние за кои пишува. :) Ако не помалку грижи, бар повеќе убави моменти да ги затрупаат другиве.
    Љубовче кое ќе трае и трае... и ќе се топат заедно по улиците на скопјево и светот :inlove:..и Норвешка;:nod: ќе се смеат и блесават ко тинејџери, ќе си гугуткаат и филозофираат до бели мугри. И ќе се љубат де. :$:P
     
    На WildMk, Dust, Rama и 11 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @zhap4e
    [​IMG]
    Ќе ме разлигавиш по сабајле ;(
    Исто жабо, да си купиме посебна касичка џапан да пише на неа :) конечно да се прошетаме до Азија (poolparty)
     
    На WildMk, Dust, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @MilaP да и се исполни најголемата желба и да не израдува сите.
    Добро здравје на сите, пред се на дечињата.
    Што помалку нервози и многу љубов.
     
    На WildMk, Dust, Rama и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e прво здравје,нов стан,подобра работа :hug:
    @galapce мноогу здравје,болница да не видите,нова љубов :* :l:
    @tincemajmunce здрави и една бебушка :$ :inlove:
    @danichap здравје,мирни ноќи,да нема кашлици и тт :hug:
    @kiki_riki многу здравје, да се поправи ножето :hug:
    @mariz исто здравје и да си ни спокојна во новата :*

    На сите ви посакувам многу здравје пред се
    Да сакате и да бидете сакани :l:
     
    На ☆P!nselsp!tze☆, WildMk, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    102.570
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 @Alishan30 @dunika ви посакувам ова 2019година да бидете со полни мешиња со преслатки бебчиња.
    И до сите мои соборци од темата да ја добиеме битката за бебе.
    @Mr. Right да му се случи љубов и да почне да верува во љубов и ауди.
    @LejlaD @lunicka @mareane здравје пред се на вас и вашите најмили па сила за предизвиците кои ги носи животот.
    @Peco да ја пронајде љубовта на својот живот, да ја пронајде својата сродна душа.
    @JuLleE да си ја пронајдеш работата од твоите соништа .
    @Herrera во оваа нова 2019 да ја пронајдеш љубовта на твојот живот да бидеш среќна и весела.
    @WildMk да ти се оствари сонот и жалбата за кои најмногу сонуваш и посакуваш.
    До сите од темата +_40 на сите ви посакувам многу здравје, среќа успех на сите полиња, љубов и мир и нека новогодишната магија допре до вашите срца и нека ви ја исполни онаа желба која ви стои во вашите срца.
    И до сите членови на форумив ви посакувам здравје,среќа,љубов и успех на сите полиња.
    Нека новата 2019 биде онаква каква што посакувате и каква што сте ја испланирале.
    Чин чин romantična-večera-700x352.jpg
     
    На mareane, WildMk, Dust и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.170
    Допаѓања:
    169.147
    Пол:
    Женски
    На @mareane , @LejlaD , @lunicka им посакувам децата да и бидат најсреќни . И само да ги радуваат.
    На @referentka да почне и за внуците да штеди
    На @zhap4e и @kravce ми е најтешко да им посакам желба . Тешка мистерија ми се , а и многу ми личат :). Ама би им посакала да почнат да пишуваат дека ја нашле љубовта на животот им .
    @LiliBoz да часте за куќа годинава
    @WildMk да го затвори бракот со тешки синџири :P
    @Cka сакам маж ти уште еднаш да остане на породилно ,за инат !
    @duffi сакам годинава што иде конечно да ја дочека снајка :o
    @JuLleE да не слушнам веќе дека ја боли , ја пецка :)
    @Bozica1980 годинава да се стори манИкенка (hollest)
    @malerozna да го сретне момакот од соништата


    Долг ми е списокот да напишам на кого му посакувам да се оствари во улога на мајка . На сите од мојата омилена тема им посакувам Господ да им ги наполни рачињата . На оние кои успеаја во постапката , им посакувам лесна бременост и лесен пораѓај на живи и здрави бебенца

    Ама ..
    На сите ви посакувам пред се здравје и само здравје
    Тоа е најбитното , знаете сите :!:
    Среќни и бериќетни празници :party::party::party:
     
    Последна измена: 27 декември 2018
    На WildMk, Dust, Rama и 21 други им се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.036
    Пол:
    Женски
    На Marijana93, WildMk, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.355
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темава прво на @Bubce38 помислив немислејќи дека она ме претркала..

    Така да Бубке моја, годинава не едно, туку две ти посакувам. Да ти вриштат по дома, да не знаеш глава кај ти е од убавини. Онака фино да те тресне горниот со најголемата среќа за нас смртниците. Е тоа ти посакувам. И да ми вртиш у 2 навечер лилиии абе грчеви има едново, што да му праам трие нозе. А пред се да ми дојдеш со стомак до зуби на частовка за куќа. :d:
    Слично нешто ако не и исто и посакувам и на @Milobebence . Од се срце и неа да ја тресне вакво нешто.
    На @blessed.an и посакувам се што помина во 2018 да остане зад неа. Здравје најмногу на свет и време за се да заборави што се случи. :f:
    На @Cka и посакувам да се одлучи за 2ро во 2019. :makeup:
    На @evangelina.ina и @DVAANGELA им посакувам мир во душата. Заслужуваат, после се. :l:
    ќе допишам...
     
    На mareane, WildMk, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Бидејќи на форумов имам многууу драги ликови и знам дека ако почнам да набројувам ќе заглавам до задутре и пак некој ненамерно ќе испуштам, затоа ќе се обидам некако да доловам...
    На членките во темата која и претходи на труднички муабети, со сето срце им посакувам да си ги видат најубавите две цртки и да се префрлат по девет месеци во темата мајчински и да ги имаат најневеројатните херојски породилни приказни :l: На сите, ама баш буквално на секоја до една!!
    На мамичките им посакувам здрави и среќни дечиња и исполнети со радост мајчински денови
    На омладината од ќошето им посакувам незаборавни лумперајќи, шетање, дружење, авантури, а особено да си го пронајдат своето место под сонцето и да си најдат соодветно вработување.
    На драгата дружина од 40ката особено неизмерно ви благодарам што ме трпевте во изминатава година и што ми бевте огромна поддршка во многу падови и по некој подем. Посакувам и во новава да се нижат нови страници, да се дуплираат потписите на јубилеите и да преовладуваат позитивните постови.
    На членовите од темите љубовни проблеми, брачни проблеми и онаа најтажната тема, ви посакувам да ги избришете солзите но пред се личностите кои тие солзи ги предизвикале, да воздивнете и да согледате до каде е и кон каде оди бракот и да се борите пред се за себе во таа заедница па ако не е вредна да се откажете од истата и последните да си ја пронајдете одново смислата за животот, зошто тој ни е еден и колку и да се чини невреден сепак вреди.

    И за крај, нека новите почетоци ви донесат нови убавини.
    Среќни празници!
    И не чекајте, секој ден е нов почеток, секој миг е нова шанса, секој здив е нова надеж

    :d::o::music:
     
    На mareane, WildMk, Dust и 28 други им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Нема никого поединечно да набројувам,него едноставно на сите членови на форумов,ке ви посакам најмногу здравје во новата 2019 година,да пукате од здравје,да сте среќни(без матријално),душата да ви е полна со љубов и мир,и све што оваа 2018 година не сте исполниле,да ви се оствари во 2019 година.

    За сите оние кои се борат со депресијата,анксиозноста,во 2019 идеме најако,најсилно,со огромна верба,дека ке се победи секој предизвик,и дека овие две состојби ке ги снема,ви посакувам НАЈМНОГУ СРЕЌА,И БОРБА ЛАВОВСКА.

    Ве сака ЕденЧлен,бателети ги кавгите на форимов,секако мора да ги има за жал,но лошото нека поминува,доброто нека владее,све најубаво драги форумџи и форумџики.
     
    На mareane, WildMk, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.627
    Допаѓања:
    138.436
    Мојата новогодишна желба ја започнувам со @Milobebence. Ти посакувам годинава да си го добиеш најубавиот подарок. Да биде желбата 3 во 1:D ти посакувам и да успееш да го реализираш планот за работата кој го имаш замислено и во сето тоа да уживаш во нов , сопствен дом:hug:
    @Bubce38 и јас ти посакувам не едно, туку две бебенца да ве израдуваат годинава. Годинава во кујната повеќе да се ориентираш кон кашички отколку манџите:DИ да ни покажуваш слики во Модни к. Колку згодна трудница си:)
    @mareane ти посакувам годинава да ти биде многу полесна и подобра од претходната. Неубавите вести, нервозите и стресот да ги замениш со убави вести, повеќе одмор, насмевки и здравје за тебе и сите од твојата фамилија.
    @Alishan30 да има најлесна, школска бременост:). Лесен и брз пораѓај. И како што сите и бараме совети така годинава и она да ни бара совет за "најдобри пелени, квалитетни боди :):inlove:
    @JuLleE годинава помирна и поисполнета од претходната. Да најдеш работа по струка, здравје секако и нова љубов, сродна душа што ќе те исполнува и ќе те прави среќна.
    @LiliBoz ти посакувам наскоро да не "викаш" на вселување во нова куќа,а после некое време и на мекици за ќерка:inlove:
    @simonka93 ти посакувам да најдеш работа што ќе те исполнува, постовите во 2019 да ти бидат со и за многу љубов и разбирање. Да бидеш среќна, бидејќи заслужуваш:f:

    I'll be back:)
     
    На mareane, WildMk, LejlaD и 15 други им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Фала најмногу од срце :l:

    Ќе пишам желби подоцна
     
    На WildMk, Rama, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    102.570
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила од срце се си запомнила.
    И јас ти посакувам пред се здравје за сите после душевен мир и сите желби што ти лежат на срце да ти се осварат.
    @LiliBoz ти благодарам мила и на тебе.
    Ти посакувам пред се здравје а после да не частиш за новиот дом
    А тој дом да ви биде исполнет со радост среќа мир секогаш да бидете здрави и весели.
     
    На WildMk, LejlaD, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.630
    Пол:
    Женски
    И јас за @kravce ќе речам - добро здравје за неа и сите што ѝ значат, па потоа сѐ друго :l: Не знам ништо конкретно лично за тебе, но освен што си ми многу емпатичен и прекрасен лик, те читам дека долго те мачат здравствени проблеми и смртни случаи, за жал. Ти посакувам силно сонце да те огрее и да ти надомести за сѐ лошо :hug:

    @Tan4ence да ми биде најсреќна со либето, да се сака и цени себеси и надворешно и внатрешно колку што заслужува, и да си се дружиме како и досега :hug:

    @Lella да продолжи да го освојува светот 8)

    @DAngel многу среќа со Шиме и успеси како only girl in the team и понатаму 8)

    @John Snow да те жениме, о б а в е з н о :!: :inlove: ]:) (се зезам, барем за обавезново де :lol:)

    @Rama, @Purplelilac, @KateKane да најдат фини, паметни и посебни момци какви што заслужуваат :l: Рама уште посилна и посамоуверена да ги победува анксиозноста и депресијата :hug:

    @JollyGirl да реди уште повеќе успеси со саканиот во новата средина :*:, @Yowannty и @Kukla994 со лесно да си ги завршат бременостите, па да се радуваат до бескрај со малите :sun: :sun: , @1209 да се собере пак заедно на едно место со сопругот, @macka91 и @AnaKarenina да имаат незаборавен најубав ден во животот и да бидат најсреќни во брачниот живот, @Dream-Girl да биде успешна и задоволна со матурата/изборот на факултет и врската уште повеќе да ја усреќува ^_^, @cresa-jagoda исто така успеси на факултет и да зрачи со љубов и понатаму :l:
    И на сите од ФМЌ да ви се исполнуваат сите желби и планови, само за убаво да се читаме :f::f::f:

    @galapce многу здравје и среќа со Алекче, сите грижи да ти останат во минатото :hug:
    @simonka93 успеси да реди на работното место :hug:
    И за останатите мои омилени мајки @Lianna Anna @ivi1987 @vitamina @*Ench@nted* @joy1 @Bozica1980 @NarCis@ семејна идила исполнета со радост и љубов :f:

    Си се знаете и другите што не ги спомнав, а се дружиме и почитуваме - најубави желби до сите :party: :hug::hug::hug:
     
    На WildMk, LejlaD, Dust и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    На @cresa-jagoda ѝ посакувам дупло повеќе љубов во новава. И не само четвртоците да се ваши денови, туку секој нареден ден што ќе поминеш со саканиот да ти биде посреќен и поисполнет. :hug:

    На @Someonespecial и @Dream-Girl им посакувам што почесто да се гледаат со саканите и да ве читаме со уште повеќе позитива во вашите постови. Да го победите сето она што ве мачи и ви тежи на душа.:hug:

    На @Tan4ence ѝ посакувам уште многу среќни моменти со либето, секогаш да сте заљубени и среќни, 0 проблеми и нервози од било што/кој во новава година и уште поголеми успеси на факс. :hug:

    На @Yowannty ѝ посакувам лесна бременост и многу здравје. Верувам дека со саканиот ќе бидете супер родители. :hug:

    На @theowndemon ѝ посакувам помалку проблеми со желудникот во новава, да може раат кафе да си пие,:lol: уште повеќе идеи и инспирација за цртежите, уште поуспешни семинарски и положени испити и нормално, уште посреќна да си со љубенио.:D Мачките да не ги заборавам, живи и здрави да ти се и да се множат. Ако треба помош за cat sitting, викај ме.:hug:

    Вака поединечно до наредна НГ би пишувала за сите од ФМЌ, а знам дека некого би заборавила. Затоа на сите, сите до една, ќе ви посакам внатрешен мир, исполнетост, среќа, успех во работата и учењето, доволно храброст и сила за остварување на сите ваши планови и цели во животот, љубов еден тон. Сакам да сте задоволни и среќни со себе, со она што сте го постигнале и сето она што допрва ве чека. :l:
     
    На WildMk, LejlaD, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  20. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Поради тоа што имам драги личности тука, и веројатноста дека некој ќе испуштам е огромна, ќе посакам вака:

    Пред сѐ, здравје, љубов и убави мигови.

    Позитивни тестови, здрави бебчиња и деца, прстени, свадби, дипломи, пари...
    Секој за што копнее, тоа да добие :l:

    За себе не си посакувам ништо, ионака желбите не ми се исполнуваат...
    Извинете на негатива
     
    На mareane, WildMk, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.