Има ли кворум од 9-10 души за вакво нешто овој викенд? Знам дека многу од вас сакаат да си останат анонимни (бидејќи работите во ЦИА или ДБК нормално и тоа си е сосема во ред. Но вие останатите што сте поотворени и немате проблем да излезете и да ги запознаете во живо останатите форумџии, што мислите на идејата да се собереме овој викенд на една новогодишна фемина собиранка? Место: Скопје, а за поконкретно ќе се договориме откако ќе знаеме колкава бројка сме (кафиќ, ресторант и сл.). А местото и не мора да биде пишано јавно, туку може да се договори во интерна групна порака на тие што ќе доаѓаат за да не дојде и некој од страна да не мањачи Време: Фер е времето да им одговара на мнозинството. Затоа направив еден линк каде што можете да гласате кое време (од понудените 6 опции) најмногу ви одговара, па да видиме што вели мнозинството. http://doodle.com/poll/v5snpg98gep4t59f <--- кликнете на линков Како? Запишете го вашето име (корисничко име на форумов), штиклирајте ги времињата што ви одговараат и НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ да кликнете SAVЕ (зачувај).
А со аватарите ли да дојдат залепени на чело или табла од никот ќе носат? Прашује једна од позатворените
Ајде бе, гласање е пола саат работа. Таман може да типуваме кој ќе тепа, а уз разговор и може да ја избистриме цела политика и да ги решиме сите државни проблеми, бар за тоа не бива нели
За тие што не се од Скопје ќе има платен превоз од страна на штабот на младинско револуционерна организација... Ич не се секирајте само изразете желба за дружење
Ако е во Битола, други ќе речат „А за тие што не сме од Битола?“ Факт е дека од сите градови, Скопје е најдобра конекција за сите. Затоа постои и опцијата преку ден, за да можат тие што не се од Скопје да си се вратат во разумно време. Ако има повеќе од Велес или Тетово, еве ја можам да ги префрлам.
Со Пиња Колада во рака ти мила, одма ќе те познаеме Иначе, за другиве не знам, ама ние од младинскиот клан работиме во Анонимуси, @CuteSugar нè вработи сите со врски Шала на страна, убава е идејава што веќе на неколку членови со искуство и на други форуми им текнува, ама реално тука мислам дека баш и нема изгледи да се реализира така со поширок круг на членови
Проблемот е, што, тука очи на непознато си вадат, а не па да се познаваат докторот и пациентот Ова од програмата на #Реално! Која идеја за собиранка е лоша, но форумите се анонимни со причина
Ако не ви се доаѓа, не мора да ја хејтате иницијативата. Ова не е ништо ново. Се правеле собиранки и на други форуми, сме правеле собиранки и на твитер (твитапи). А ако нема на овој форум таква атмосфера за собиранка во живо, па и не мора да се случи. Можеби после година две ќе има друг состав на членови што нема очи да си вадат на форумов и ќе си направат средба без проблем
Ако се деси собиранкава сигурно би се појавиле само 2-3 машки членови, и секако тролот што се избацува со капа...