Забавата почнува, се осеќа неверојатно лудило, полека гостите се собираат, почнува да се пие наголемо, никој не знае кај тера...се очекува да се соберат над 6000 членови... Еве се вклучуваме во живо, да видиме до каде е ситуацијата... Здраво, дечки како сте?
Што бидна со средбава? Јас сум за, немам ни срам ни перде со оглед на то шо со неколку феминки се имам по социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и сл, а и добро би било ова да се реализира реално.
Би се изненадил колку мажи го читаат овој форум а немаат акаунти.. Кога ќе се прочита дека имало собиранка некаде од форумов, има сите да дојдат.
Не тие лоша идејава. Јас сум за, нит се кријам нит ништо Ипак сите сме луѓе, иако форумов е анонимен. Убаво е кога човек запознава нови луѓе, и нови пријателства во животот. Така да исто и јас како ади немам срам..
Го предвидов ова. Затоа и местото не го издаваме јавно, туку интерно ќе си се договориме со тие што доаѓаат (во групна порака). И секако дека во таа групна порака нема да влезе некој сомнителен акаунт што се регистрирал завчера А од друга страна пак, зошто некој непознат и неинволвиран во форумов човек би дошол на приватна собиранка? И зошто би имало потреба да бара такви приватни собиранки по форуми? Па сега пред нова година речиси секој ден ќе има друштва собрани во некој кафиќ, најчесто колегии од работа кои што шефот ги собрал на афтер ворк парти, така што ако некој нема две чисти во мозокот и сака да се тупнува во приватни собиранки, може слободно да го направи во било кој кафиќ или кафана, не мора по интернет да шара бара. Ама сепак, ќе има обезбедено заштита од падобранци и приватност, не се сомневај во тоа.
И тоа шо викаш. Ја да завршам на собиранка со оној типот со милион акаунти шо спамува, и тој ќе ми е фин.
Na sred sobiranka ke dojde trol. Ili ke slika pa ke ne bapne tuka. Inace jas bi dosla..normalno ako me pokanite.
+1 Не сум активна нз колку на форумов али би дошла чисто нешто поразлично да искусам и ме интригираат некои ликови дали се исти ко што ги замислувам
Пиши адреса и ќе ти пуштиме покана со цветови и ѕвездички, нацртани лично од нашите неуморни феминки... Е сега може ќе ти налета некој трол пред домот, ама немај гајле... Се тоа се наши деца оттука... Безопасни
Приметив дека тие што означиле време кое што им одговара, означиле само еден термин (Сабота 20:00 часот). Можеби заборавив да кажам дека можете да чекирате повеќе термина, а не само еден. Тоа не значи дека повеќе пати ќе се сретнеме, туку така полесно ќе избереме едно време што на сите заеднички ни одговара. Иначе до сега сме пишале 4 души. Минимумот за да има кворум и за да се случи собиранкава е 10 души. Ајде не се срамете, излезете од вашата комфорна зона и вежбајте иницијативност и екстровертност, едноставно е: ќе се собереме, ќе нарачаме пијачка, ќе извадиме мобилните и ќе пишуваме на форумов http://doodle.com/poll/v5snpg98gep4t59f