Оваа година елката ќе трпи секојдневни измени, многу голем мерак му прави на синот мој Не верувам дека овој е конечниот изглед, досега е сигурно дестина пати турната на земја Спојлер Видов во другите постови дека освен елките се ставаат слики и од другите декорации - ова кај мене е во ходникот - дел од новогодишната атмосфера.
да, чинијата не ја ставам поради малиот да не ми ја скрши а за НГ кога имам ситни колачи ставам во неа и мечето има почесна позиција на шанкот, па кој како помине лапнува колаче
И моето елкиче во комбинација со all time favorite лампионот. +на мајка ми фикусот кој секоја година рамо до рамо со елката мора и тој да биде накитен
Ааааа, па ние имаме лампиони и подароци + и сијалички, да не ги заборавиме зошто се вистинска радост за прцлата, кога и светкаат ќе летне од радост
знам дека е малку чудно, но мене мајка ми не ми дозволува да китам елка.. воопшто не е заинтересирана околу сета оваа новогодишна еуфорија и не сака ништо да китам по дома... не се чувстувам убаво, како празна е куќава, а баш е време да се накити.. помош, нешто?
Еве ја и мојата...не е многу богата со накит. Здравје догодина ќе биде побогата, зошто годинава парите ги вложивме во новава елка. Еве и мала декорација во дневната на столбовите, борова гранка со сијалички и снегулки. + прозорите и терасата со сијалички, како и полиците со украси.
јас искрено сум застапник за тезата дека сликата е подобра од сите зборови!!! некоја идеа за некласична елка
Еве ја и мојата елка како што ветив. Само што ја украсив и ја сликнав веднаш. Мала е бидејќи во 70 квадрати стан, поголема и не бива. А ова е малата елка која стои на полица во мојата соба.
Мојата шугавка. Годинава не сме празнично расположени, па ситно украсивме, инаку свети цел стан со се балконот кој има и посебна мала елка.