А, нели се преубави Не е овде место за продавање, но за гледање не се прави проблем. Инаку ги продаваме веќе 7ма година, исти се како на сликите, дури во живо се поубави. Има повеќе слики ако кликнете за повеќе Детали. И никој до сега се нема пожалено или вратено елка. Што е чудно ако сликите се преубави?. Па нашиот купувач заслужува да гледа убаво прикажан производ. Нема ништо лошо во тоа, напротив. А и секогаш има опција, производот да се врати. Друго е кога продава фирма, а друго е кога некој става преубави слики на неидентификуван ФБ пејџ и лаже луѓе. Ама на оваа тема си пишувам во други теми на форумов. Значи кликнавте на линкот, разгледавте и коментиравте. Убави се, пак ќе ви речам, Ви привлекоа внимание, и сите си помисливте ова овде во МК не се продава, мора да е лага. Не е лага, не. Имам и една мала елка во канцеларија, истата е,само мала. Повелете слика
Далеку од тоа Наташа.. Но баш бидејќи е онлајн продавница треба да има слика од тоа што се продава. А не било каква слика. Вашата продавница одамна ја знам ама вакви ситници ги одвраќа луѓето да не купат. Кога одиш во продавница ја гледаш вистинската елка, кога кликаш на онлајн продавница треба да го видиш истото, ама сликано тука..не на некоја си бланко позадина фотошопирана.. Или слика земена од некоја си друга елка во друга земја и друга онлајн (или не) продавница.. И се додека не се научиме на тоа, онлајн шопингот во МК ќе биде на ниско ниво. Колку за споредба со американскиот онлајн шопинг, или германскиот..британскиот.. А од сликава јас не видов ништо освен едно гранче.
Јас гледав ваква елка, ама се некако ми се чини дека е тешка за собирање/складирање. Дали може убаво да се спакува по употреба?
Да може, се извинувам што се мешам имам таква елка. Ние си ја складираме во истата кутија каде што ја купивме, гранчињата се виткаат нагоре и тоа е. Најважно е што не се рони премногу, со белата елка го имавме тој проблем.
Обожавам вакви огромни изнакитени елкиии аа врвот е бомбона . Јас уште ја неам наружано мојата ама кај либето наружавме уште неколку работи иам на ум да додам.. па ќе ги шернам овде сите заедно
може да се растури елката во 3 дела а гранките секоја посебно ја собираш на внатре и не зафака многу место
Да се замешам во муабетот. Јас имам слична, оди на некоја страна понапред во темава, само врвовите на иглички и се попрскани со бело и не е воопшто лесно да се врати во првобитната положба како беше спакувана пред местењето. Невозможно е дури. Се расклапа на три дела, да, ама секој дел посебно во едно огромно ќесе го врзуваме. Ако немаш подрум или таван за кај да ја складираш, батали ја Или ние сме неспособни Или па елката не ни чини