Навистина убави елки има во Бриколаж ама се претерано скапи: 5,6,12000 зависно од големината. Вообичаено секоја година убави и густи елки има на пластичарска една продавница меѓу првите од лева страна кога одиш од континентал. нашата е 2 м или 2 и 20 навистина убава и густа, мислам дека околу 3000 беше.
И ние бевме во потрага по убава елка и пред некој ден купивме од Vicko, откако цел град го прошетавме. Ваму ми беа најубави и со пристојна цена за тој квалитет за разлика од другите места. Елката е Super Colorado Deluxe.
И јас сакам елка, нова поголема. Бил ли некој во пантер мис, дали се извадени елките, или да има од 1,80 до 2,00 м елка од кај нив, да знае цена и колкава е во ширина. Ептен прашања, ама кнап ни е, а не сакам за некоја година пак да купувам. Или да си накитсм малата уште оваа па да му ја мислам догодина. Еве ја, само на друго место ќе биде
И јас сакав утре да тркнам, порано им беа мн убави а мислам дека и со цени беа ок. Ќе си останам со малава изгледа
Ние од лани сме со природна елка. Преубава огромна сите што ја видоа ја бендисаа И оваа година истата ќе биде здравје а до година нова зш оваа планираме да ја засадиме во дворче Ја земавме од паркови и зеленило на илинденска околу 1500 ден комплет со саксија која ја замотав во оние стари вреќи вути огромен избор влегуваш и се губиш од мерак дур да одбереш
тоа што видов воопшто не ми се допадна. цените не им се ко минатата год. Ако доаѓаш подобро види меркур и електрометал. Во базароисто Чкљ им се елките. бриколаж има ама цените знаете како се. најубави се во коин каза ама поефтина од 200 еу не видов. Ако не си при пари не си ги фрлај и тие за џабе. терај со малава ништо не и фали. поДобро вложи во лампиони пошто реално ако не е накитена добро каква сака нека е. инаку и јас сум фан на природна елка. мада у превод доаѓа 50 еу секоја год.. и ептен скапо испаѓа
Лани бабите изнакупија куп лампиони, со тоа сум обезбедена имам баш бајаги. Ќе идам до меркур па ќе видиме што има. Фала ти во секој случај
па и јас така околу 15ти ама дека сум бремена и треба да се породам на 24 декември и касно ми е на свНикола ама па и глупо е на почеток декември...се мислам додека имам сила да средам хаха...ќе видиме ај
И јас требаше да се породам на 6 октомври, се породив на 21 септември. Накити си на 15ти хихи ... Или ако нешто иападне порано дур си у болница, маж ти нек те изненади нек накити