Сте виделе негде мало елкиче, до кај пола метро, веќе украсено? Спојлер И само да ми дојди дома, по можност
Девојки дали некој почна со новогодишно украсување? Годинава беше шит па сакам да почнам...да не е срамота уште сега? ☺️
Зошто срамота? Украси си. Јас одвај додржувам до 1 декември, зошто и цел јануари ми е украсено па ако украсам пред декември ќе ми здосади до нова година.
Обично секоја година украсувам дури кон крајот на декември ама оваа година и јас ќе си украсам порано. И гледам дека имам многу истомисленици. Веројатно затоа што на сите ни е потребно малку шаренило и светлина. Никаков срам, прави си како што ти одговара
Вчера во Енте, поранешно базаро во Ново Лисиче редеа новогодишна роба. Имаше баш убави, густи елки од 1500 ден, па нагоре. И такви како со снег, со шишарки, на краевите со сијалички...
Како ги чистите елките тие со снег што се, ако ја ставам во када да ја истуширам целиот снег ќе падне а лани баш поради снегот земав нова ама незнам како да ја измијам
Мислам дека може со боја- спреј ( траен) Имам глеано на pinterеst *јас сакам да прашам дали имате видено негде чинии ( не од големите за декорација) со новогодишни дезени? Негде низ БТ или интернет продавница...