Ме мрзи да ја сликам,тазе китена е.Црвено со златно,има еден куп машЊи на неа,помалце лампиони,ама крупни со уште машњи на нив,ленти,сијалички жолти и ѕвончиња и поприлично височка е.Ја китеа моите и ...татко ми се сруши врз неа дур го местеше врвот,изгуби рамнотежа човекот...па ја прекитуваа,па после за да ја премести на официјалното место,заборави дека е на три дела....ја фати за средината,падна долниот дел,а горниот се накриви,па пак ја поправаа.Мајка ми попизде начисто,јас се уништив од смеење! Утре очекувам стандарно ко лани,мачорот да и мочне,да ја бележи доле и да и се опне некаде на средината со надеж дека нема да ја сруши,зошто е некоја америчка сорта(хахаха) и е стокетина од мачор!Уште поводи мајка ми да шизи!
Е, ги обожаваам! Располагаме со голема елка која е висока 2м. Ја купивме пред 3 год. што ја купивме ама кога се свестивме колку полнооо лампиони ке ни требааат е весело, весело. Целата е во црвено бела варијанта со деталчиња кон врвот од боја-старо злато (ама сум сликовита ). Има по 6-8 типа на лампиони по 10 ком. Несакам многу разнолика и пренатрупана елка, сакам да има некоја целина. Врвот е дедо Мраз и доле има 5 големи. И од врвот има една лента која кружи низ целата елка до доле.
http://amourchaleur.com/wordpress/wp-content/uploads/2008/12/29dec08.jpg Пред Џамбо е поставена ваква елка со мечиња, намената е донации за дечињата од детското село, се донираат играчиња ... прекраснотии
Еве ја мојата елкичка... мала ама слатка Златната кутија под елката е моето новогодишно пакетче. Појадов се’ што имаше внатре, ама утре пак ќе најдам некое чоколатце внатре (се надевам). Ова ми е омилениот Руди:
После стара нова година, која е на 13ти мислам. Јас околу 15ти, дури и 20ти јануари. Ептен сакам кога ми е накитена и секогаш се бунам да не ја откитуваме
Елката вчера ја откитив.. Секогаш ни стоеше до 18 јануари, ама ова година предвреме а во маркетот кај нас има: вакви елки што се наопаку, само што се мали и се закачени на горниот ѕид (таванот)
Jас немав елка, а и да имав - откитување потешко ке имаше, ке ми текнеше најверојатно да ја откитам во лето, па ке си речев - ајде за малку што ке ја откитувам... и ке си дремеше цела година, па наредната... до бескрај ваљда или дури не ја погоди некоја елементарна непогода
Денес се разделив од мојата убава елка, некако ми даваше посебен среќен амбиент. Сите новогодшни украсни си ги собрав , светилките нема веќе да ми го красат дворот
Си ојде денес и мојата најубава елкичка..Обожавам да ја редам и не сафаќам луге кои мразат елки.. Кај нас е секоја година традиција да се има елка, ако нема елка исто ко да не е Нова година..Оваа сега беше огромна и украсена со сребрено и темно виолетово.Ма баш си ја сакам елката бре
Може да сум офтопик, се извунувам ако сум но насловот гласи новогодишни елки Каде да најдам мало елкиче и убавки украсчиња за него за отприлика 1000 ден? Мојот дечко почна да живее сам па сакам да му украсам, да му има божикна атмосвера станот. Фала многу
И јас сум од тие луѓе кои мразат елки Незнам, ме нервира.. Таман си ја накитил, треба да ја откитуваш. Мразам кога имаме накитено елка, мразам кога треба да откитувам/китам. Во суштина целата новогодишна атмосфера ме неривира. Потсеќа на ладно, а јас ладно мразам
Јас повеќе сакам природно. Порано кога живеев надвор од мк, секоја година се купуваше природна елка, пошто така и прават таму. Елките изгледаа како вештачките, бујни такви преубави. Мене ми е најубаво кога ја китиме заедно елката, целото семејство. И не ми се свиѓаат елките во боја што се продаваат, бела, розева, кафеава.. глупости.
Елкиии преубаво нешто. Ја обожавам таа атмосвера кога се е светнато убаво. Уште малку и ќе ја накитам нашата елка.