Е оваа година сама си ја накитив елката си ја направив таква како што сум сакала одсекогаш јас сум една од оние фриковите за околу модните дезени и средување на ентериерите па незнам дали можете да замислите колку е само убаво.Елката ми е голема до плафон и целата е во стил прелевање на боите од врвот до долу и најубавото е дека си направив пакети кои ги ставив под неа,како мало дете сум а всушност не ја сакам зимата но оваа година правам исклучок со оглед на тоа што целата куќа ми е како домот на Дедо Мраз прекрасно епа сега нека доаѓа Нова Година,ајт пријатно се гледаме на елката
Откако се сеќавам за себе, мојата елка била прилично чупава и ужасно шарена. Не дека не сакам шарени елки, ама мојата ги имаше сите можни бои Оваа сега што ја имам е помалку чупава од претходната и ја китам строго во црвено-златна комбинација Како и да е, едвај чекам да си ја накитам и тоа секоја година со мерак го правам, па ќе постирам некое фотче Инаку лани во Веро Центар имаше многу симпатична елка направена од плишани мечиња.
Дома моите си китат редовно, ама јас овде во Скопје во станот тешко пошто немам а некако не ми се купува и за тука. Ама ништо чудно некоја малечка да си земам, или пак некој украс.. сепак за се чувствува таа атмосфера колку толку. Ќе си импровизираме вака нешто, да не е без ич
Китиме нормално и секоја година купуваме повторно лампиончиња. Мајка ми знае убаво да ја накити елката затоа јас не се мешам само гледам
Мојата елка лани изгледаше вака ,оваа година за жал нема да можам да ја накитам дома бидејки нема кај да ја ставам па затоа решив дека ќе си ја китам во другата дома т.е кај дечко ми дома плус и мама негова ќе докупела лампиони па се надевам ке биде дури и поубава од лани
Мој бизнис е местење елка и такви ставри и никој не сакам да ми се меша.Ехе мајка ми со радост ми ја предаде работата и сега е само моја .На времето имавме едно мало елче за кое на мајка ми душа ја боли не сака да го фрли мн скапо го платила ...ама сега си имаме убава голема елка. .Сликиве се од ланската година.А оваа топкава ми беше празна и си и ставив плави лампиони поголеми и помали и она како снег што е
Со нетрпение чекам утре да си ја накитам елката. Пред две години си купив елка висока 210см и е многу разгранета и ја украсувам само со црвени и златни лампиони. Обожавам кога ќе видам елки накитени во 2-3 бои, не сакам шарени... Да ја накитам и ќе ја сликнам, барав слика од лани ама неможам да најдам.
Си купив вчера елка, мислам дека нема посреќен човек од мене. Си купив црвени и златни лампиони, не сакам шарена па ќе ја направам црвено-златна и башка ми одговара со ентериерот дома. Еве ја ама ненакитена, кога ќе ја накитам ќе ставам пак слики да ја видите.
Женски, кога ќе ги китите елките???? Јас сум многу нестрплива, сакам порано да ја наместам за да создадам новогодишна атмосфера дома, ама да не е рано сеуште????
Денес си ја накитив мојата елкичка,голема е и густа и многу и се радувам кога ќе треба да ја китам,накитена е со златни,сребрени и сини лампиони и златна и сина трака од тие има и машнички златни и сјалички најобични во една боја тие што се сеуште ја немам сликано ама еве многу слична скоро идентична на оваа:
Јас ја китам на СВ. Никола, ама оваа година од пуста радост дека си купив нова ќе ја накитам денес или утре.
во кои бои е шик украсена новогодишната елка мое мислеље е елката да биде украсена како некогаш во сите бои многу разлицни лампиони и украси сега многу вештачки изгледаат елките
Јухууу, ние нашата денес ја стокмивме, понеделнички, малтене истата од лани , има само нов врв, и поинаку ги наместивме лентите.
Премногу сакам елки и целата новогодишна еуфорија што доаѓа со нив. Кај нас дома китењето на елка е голем настан и сите четворица (јас, брат ми, татко ми и мајка ми) придонесуваме за убаво накитен, среден и топол дом. Секогаш ја китиме близу празникот св. Никола и тоа во златно црвена комбинација.Не е многу голема, 140cm, ама со добра комбинација на лампиони, сијалички и светлуцави ленти со ѕвездички, изгледа боженствено.Покрај елката украсуваме и со новогодишни свеќници, сијалички по прозорите и терасата, снегулки кои висат од таванот и слично.И кога се е накитено и стокмено како што треба, it's time to party
Многу сакам зима и многу сакам да китам елка.Годинава многу ми е жал, ама немав време за неа, ќе мора дури викендов да ја накитам, а обично пред 15 декември ми е накитена.Мислам дека тоа треба да се прави заеднички со семејството, но бидејќи кај мене дома не се баш расположени за китење елка, ќе мора сама да го направам тоа И обавезно ќе ставам слика од неа
Може ќе бидам офтопик ама да се надоврзам со китењево елки. Денес постојат прекрасни украси во разни бои и можат да се купат секаде. Но јас давам предност на сопствена изработка. Порано кога одевме на училиште правевме честитки, поклончиња, прстенчиња од хартија поврзани да излегледаат како украс на елката и слично. Би сакала да споделите идеи за правење лампиони, украси и слично. Тоа според мене е празнична еуфорија-сам да си креативен. Поубаво чувство од тоа нема. Поздрав. А, да, јас елката ќе си ја китам на св. Никола (тогаш правилно е да се кити). Поздрав Едит. Се извинувам!!! најдов таква тема!
Мене ми е балконот волшебно убав, ако ми текне да сликам ќе ставам сликичка некоја колку да ја доловам новогодишната атмосфера по дома што владее. Еве ја елката. Малку штура и лошо накитена. Има 2 бели лампиони што штрчат затоа што е во глобала црвено-златна, ама омилени ми се.