Одвај чекам да ја наредиме . Ја обожавам новогодишната атмосфера - китење елка, правење украси и икебани, насекаде украсено, сијалички во разни бои, лампиони, честитки, па уште и снег ако има . Ние имаме голема елка и ја украсуваме со црвени и жолти лампиони и ленти и со сијалички, па бидејќи и боите во дневната ни се такви (крем и црвена) и елката супер се совпаѓа. Имаме и многу украси, новогодишни фигури, па и нив ги изложуваме, а на завесите ставаме по некое црвено панделче и баш се убави така. Отсекогаш ми било мерак да украсувам, особено за Нова Година, па и сега исто, уживам . Спојлер Кога бевме со сестра ми не можевме да дочекаме да дојде денот да ја наредиме елката, па ја китевме некаде кон средината на декември, па ја чувавме украсена и за мојот роденден, па и за на татко ми, и многу често не фаќаше и почетокот на февруари со накитена елка . И тогаш имавме голема елка и ја китевме со лампиони во разни бои и форми, ленти, ѕвончиња, сијалички и сл. - што пошарена, тоа подобро . Спојлер
Ја обожавам целава новогодишна еуфорија! Атмосферата е супер насекаде во градот е украсено, сијалички светкаат во разни бои, елките се украсени... Уште снег да заврне и комплетно ќе биде се!
Ах,мераци,мераци.... На елка се радувам како малечко детенце. Најчесто ја китам само со црвени,бели и златни лампиони и многу сијалички.
Од оваа година јас ке ја китам елката ама кај мм, до лани не бев мажена и дома со мајка ми ја правевме кукла, цела елка беше златно и црвено, многу ми е жал што не си а сликав, ама таа со мм што ја правевме, мислам лани бевме дечко и девојка и заедно ја китевме неговата елка и цела ја направивме со црвени лампиони памтам купивме над 100 црвени пампиони, и оваа година сакам да ја направам таква цела црвена оти и станот ни е уреден црно бело црвено совршено би се вклопило кога ке имам слики обавезно ке ви ја покажам
Јас мојата ја сакам најшарена Ма какви еднобојни, двобојни лампиони, нека има од све по нешто Имам лампиони уште од деца кога сме биле и не ги менувам за ништо, па какви сака нека има сега по продавницине. Имам едно фигуриче со детенце од учителката од основно...знаете, кога си праевме лотарија (и стално ми се паѓаше некое дрво замотано во целофан )И сакам балони по дома, собрани во купче во вис, светилки само на елката, строго штедливо Кога ќе видам низ маало цели куќи светкаат ли светкаат, абе луѓе па скапа е струјата башка скраја да е од пожари
Оваа година нели ја украсивме елката, па нема простор за импровизации, ама за следната си ветив дека ваква ќе ја направам Со вакви „лампиони“ Осеќам ќе исчезнуваат лампиониве секој ден по малку....
секогас си ставам во мојот дом елка али сега за сега се усте ја немам,па скоро ке поЧнам со украсување а исто така и ке цртам надвор на зидот елка со светелки многу иде убаво