Ова па Хугово - иста е ко лани! Е не е, имам нови златни еленчиња и црвена машничка! И во друг агол ја пикнавме.
Јас многу сакам шарени елки, со лампиони во сите можни бои на нив и триста други тракатанци. Амааааа, мајка ми некако не фаворизира шаренила, па секоја година ја кити само со црвени лампиони и детали. И не знам дали имам споменато - дома се ни е црвено. Еве ја нашата годинава, мене ми е малце тужничка и ружничка - затоа наредната година ќе ја китам јас сама по мој терк.
Ние имаме две елки. Едната е голема и зелена, а дугата е околу 140-150цм и е белаа Oбично ја украсуваме до 10ти- 15ти. Зелената елка ја украсуваме во дневната соба и е црвено- златна, а белата што ја купивме лани ја украсував виолетово со сребрено. Многу беше убава белата, ама оваа година мајка ми ги зела сите виолетови и сребрени лампиони и го украсила дуќанот. Кажете ми некоја идеја за белата елка како да ја украсам?
Елкиве се неверојатни. Кога би имала ваква, не би излегувала цела зима од дома. Да ти е мерак да ја гледаш. Јас мојата уште не ја китам, традиционално тоа се прави на 19-ти.
Никогаш не сум била возбудена околу китењето на елката, нова година, украси и сл. Но годинава ми е посебно мерак за вакви украси, поради тоа што ова е првата нова година на ќерка ми Купивме елка, ја накитивме, но засега имаме само 40лампиони. Сакам да докупам барем уште 10тина за да ми се пополни малку празниот простор, а и ламбички ни требаат , за да и светкаат на цуцата(обожава ламби, односно се што светка )
Накитивте елки бе Џенцки, јас годинава ќе китам кај дечко ми дома, во новата ми дома Имам во план неколку интересни украси, некои поубави лампиони, сијалички и се разбира, да уредам едно убаво делче од собата новогодишно, да светка, па ќе ви ставам и сликичка Инаку Анабелке баш ти е убава елката, не се бедирај супер си е
Еве ја нашата, во која, за воља на вистината, немам голем удел Вака изгледа типично машка новогодишна елка
Викендов кај мене домче ќе ја китиме заедно со душлето мое .Ќе си купиме лампиони ,украсни ленти, светилки и некои други ситници па ќе се врткаме околу неа и иако ќе имаме различн идеи за тоа како да ја накитиме сепак на крајот како и секоја година ќе дојдиме до краен резултат .Еве неколку кои што ми се допаднаа мене,а од нашата ќе ставам дополнително ветувам .
Не е рано за китење на елкиве? Јас секогаш мисла од кога памтам мојата елка си е китам за Св.Никола.Незнам зошто но ете. До лани сме е кителе во разни бои,али одсекогаш некако повеќе преовладувала црвената и жолтата боја. Па така да годинава планирам само овие две бои да си ги закачам. Е сега се мислам дали да е китам големата или пак малата елка. Што се однесува до мене,сакам и двете,но сум слушала демек во една куќа не било убаво т.е не чинело да има две елки.Иначе и двете ми се зелени.Ајде имам време ќе размислам,ќе ја накитам и ќе ви е покажам тука ете така И да,морам да ги пофалам вашите елки,сите се преубави
Да, и јас мислам дека е рано за китење елки, но ете сестра ми инсистираше да го направиме тоа денеска. Покрај елката ги извадивме од пакети и сите новогодишни тракатанци за украсување на домот. Останаа уште дворот, скалите и терасите.. Тоа ќе се кити утре-задутре. Направив некои фотки од елката ама не се баш најдобро излезени. Што е-тоа е..
Не е нормално каква еуфорија ме фаќа за нова година, чудо! Кога живеев кај моите китевме елка најдоцна на 15 ти декември и не ја раскитувавме до март. Од кога знам за себе со сестра ми ја китиме и без разлика на крајниот резултат моите викаа дека е најдобра на свет и дека никој нема таква елка, а ние верувавме, иако на слики изгледа дека баш никој нема таква елка Во новата дома сакав уште минатиот викенд да китиме елка, ама се избуткавме на рака за овој викенд. Купивме елка (180 цм) и се дртнав од среќа, ја накитивме со сите лампиони што ги имавме по дома, некои стари 30 години некои стари 30 дена- и е прешарена и најубава „Китење елка ден“ ми е најнапнат ден во свет и стандард ме боли глава од возбуда вечерта, зашто китам и во кујна, а купив и снегулки сапуни и елка гел за туширање и го накитив и купатилото За годинава ми остана уште чаршавчиња по маси, да докупам подароци за битните ликови во животот, да ги завиткам и да чекаат по елка. Се на се.. магија