Јас ја накитив елката минатата недела и еве сега деновиве планирам да си купам мала елка и за во мојата соба да си имам бидејќи ептен ја сакам оваа новогодишна еуфорија.
Mojата е во црвено и златно.Некако убава комбинација ми е,со радост си ја гледам А најомилена ми е лила со сребрено.Здравје,кога ќе го средам утре мојот дома во лила и сиво е ваква елка ќе имам Инаку сега не ми одговараше на моменталниот ентериер
Не си ја викај така елката Памелче. Елката е скромна но со душа, накиена со мерак. Веќе ми станаа одбивни елкине стерилни, со строго запазена симетрија, композиција на бои...џанам за на излог.
Истото сакав да го прокоментирам, никогаш нема да ја китам елката со само 2-3 типа лампиони во две бои. Тие елки ми се премногу како од излог, ми немаат душа, топлина... Плус и јас сакам постојано да си купувам различни лампиони, не можам да купувам по некоја шема. Така да Памелче елката е убава, а најмногу сакам рачно изработени лампиони
Колку сакам природна елка...само немам каде да ја чувам остатокот од годината, а и цените кој знае колку се...
еве слики од моите елки,по малата е од лани а големата елка е од оваа година.годинава не знам кој беше по радосен кога ја украсувавме елката дали јас или керка ми од што не ни се чекаше ја украсивме на крајот од ноември 25 или 26ти.само да си кажам дека не сум некој талент за украсување се гледа и по сликите ама како и да е многу си ја сакам елката,каква таква моја си е