1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишни желби и одлуки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 29 декември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.453
    Допаѓања:
    146.684
    Веќе отчукуваат последните часови од 2009 и веќе длабоко сме згазнати во празничната еуфорија.Време на одлуки,желби,повод за промени...
    Кажете ми,што е тоа што ви ја обележа 2009?!Што научивте,што променивте?!Како ќе ја оцените,како лоша,прифатлива,добра,одлична?!

    Кои се вашите новогодишни одлуки и желби за 2010?!Што би сакале да промените,што би сакале да реализирате,да остварите,да ви се случи?!

    За мене лично,2009 е мноу подобра од 2008,иако ми се случи лоша работа за која би сакала светот да го превртам само да ја сменам.Но,благодарна сум што сум полуцидна од било кога и после тригодишниот сон,минат низ мрачни тунели,ја гледам светлината на денот,можеби не со совршена јасност,но доволно за да ги распознаам боите.Се чувствувам позрела,посвесна,потолерантна и поискусна.Факултетските обврски ги остварив токму како што планирав,имав прекрасен одмор,кој ми донесе убави спомени кои уште ми држат влага и ми будат убави чувства,преболев другарска љубов,станав полиберална од тоа што бев (иако бев прилично многу и претходно),научив многу работи во теорија,но си нареднувам нареднава година да ги применам во пракса.Како најмаркантна црта на целава година е загубата на блиска личност заради која сум на светов и заради која ја имам единствената шанса да го живеам рајот.Го претчувствував тоа со самото доаѓање на 2009,па затоа почетокот на годината ми беше нетипично лош и разочарувачки.Се надевам дека кај и да е,а се надевам дека на небото,ме чува,ме гледа и е тој,тој кој ми ја дава силата која ја имам во моментов за да истраам.


    2010 ми ветува многу и се надевам дека нема да ме разочара,дека нема да се разочарам сама од себе.Повторно факултетот ми е на прво место,се надевам дека успешно ќе го заокружам во рок и дека повторно ќе ми оди се по плановите.Посакувам многу здравје са мене,за моите дома,за пријателите,за цел свет.Посакувам повеќе хармонија помеѓу луѓето која ќе донесе мир и задоволство.
    Сакам да продолжам со здравиот начин на живот кој си го наметнав,здравата исхрана,квалитетниот сон,физичката активност и медитацијата.Сакам конечно да започнам со нештото кое сметам дека ќе ми донесе уште поголем мир и чувство на самореализација,комплетност.Сакам да пронајдам конечно вистински пријатели,а од друга страна да престанам да се грижам за задоволствбата на другите и како им е ним,заборавајќи на себе.
    Ова е само дел,но ако продолжам да пишувам....многу ќе ви дојде! :D
     
    На Mamba-Jamba му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    80
    Би сакала само ништо да не се повтори од оваа 2009 лоши спомени и настани ;( ;(
    Во новава само си посакувам здравје на себе и на блиските.
    И дефинитвно покачување на платата, ептен ќе се радувам :D :D :D :D
     
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Новогодишни желби и одлуки!

    Гледам во календарот уште 21ден до новата година вака гледајки седната и замислена си правам ректроспектива на минатите новогодишни прослави и желбата што ја имав после дванаесет секоја година.
    Сакам ова јавно да си го искажам бидејки после толку посакување и желание ми се оствари.Без разлика каде бев со кого прославував точно на полнок си замислував само едно да се вработам на соодветно работно место тоа што си го сакам што ми е зацртано во паметот воздивнував и почнував да плачам.Колку ли нови години поминаа со таа желба.Конечно во 2009 да ми се оствари.Мината год си зацратав вака желбата ми се исполни со добрата плата ке одам на дочек и 2010 да ми биде уште поубава. Не поминаа ни шест месеци од моето вработување се разболев и останав на боловање се ми се случи наеднаш.Декември 2009 си го поминав по болници,операција,трауми,физички и психички докрај изнемоштена.Ден,два пред новата година излегов од болница,а платите си ги потрошив за моето здравје.Во 2010 сакав само здравје.Сватив здравјето било најважно ми беше една добра поука и лекција во животот се друго се постигнува дали порано или покасно се ке си дојде на свое место.
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Новогодишни желби и одлуки!

    Bо 2009 и 2010 ми беа најлошите години од животот,секако имаше и добри работи,али се надевам 2011 ке е подобра од овие 2год :worried: Oчекувам да положам за кола,да се видам конечно со моите родители,да се запишам за инструктор за зумба,и да почниме да градиме наша кука :) тоа ми се желбите засега,најважните :$ исто на сите други ви посакувам се најдобро во 2011,здравје,лубов,секс,слога и сите желби да ви се исполнат :nod: :l: :f: :^:
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.587
    Новогодишни желби и одлуки!

    Лани за првпат си направив список со 10 новогодишни одлуки за 2010 година. :)
    7 од нив се исполнија.
    Две не бев во состојба да си ги остварам - одмор во Египет и Гуча 2010, но има време, ќе ги префрлам на списокот за 2011. ;)
    Ентузијазмот за последната желба некако ми спласна и одамна веќе не ја посакувам, така што за неа и не ми е криво.
    7/10 сепак и не е мал процент.
    Дефинитивно ќе направам повторно список, 2010 за мене лично беше комплетно убава година, ако не и една од најубавите во мојот 25 годишен живот.
    Се надевам на уште поубава и посреќна 2011 година. За сите. ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    302
    Новогодишни желби и одлуки!

    Така ми е ќеф оваа година за Нова година за дочекот...едноставно сакам оваа година да биде подобра од 2010,да има повеќе успех на секое поле,да има помалку караници,а повеќе среќни моменти,помалку нервози и добар помин на матурска и секако да ја положам матурата со добра оценка.
     
  7. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Новогодишни желби и одлуки!

    Посакувам да ми биде како 2010 Јануари и февруари.... Тиа 2 месеца како да ми беа најубавите во мојот живот. :D Натаму па и не толку... Се надевам за во 2011 повеќе среќни моменти, здравје пред се, успех, да ми се исполнат сите желби и многу, многу љубов, нов дечко. :lol: Уште многу незаборавни пијанства, излегувања, лудории, дружење и се најубаво. Материјални желби немам, освен да ми купат нов компјутер :D Другото со среќата, само ќе си дојде....
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.046
    Новогодишни желби и одлуки!

    За следнава 2011 очекувам тотален пресврт на се како за мене така и за моите најблиски драги луѓе.Секако во позитивна насока.Очекувам да се случат поголеми и среќни моменти...Очекував јас и за претходните години ама ништо од тоа. :( Така да надежта си останува па ќе видиме...Инаку здравје фала богу секогаш си посакувам и за себе и за моите блиски и за сите мои познати пријатели и сл.За другото се само по себе веројатно си доаѓа...некому порано некому подоцна... :?:
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Новогодишни желби и одлуки!

    Јас оваа 2011 година очекувам здравје, среќа, љубов, убави моменти, успех на факултет и работа за мене и моите најблиски.
    Оваа 2010 година, поголемиот дел од желбите ми се исполнија, па истото го очекувам и во оваа што следи. :)
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    5.994
    Новогодишни желби и одлуки!

    Секад пред нова година чувствувам таква предпразнична еуфорија, не знам зашто. Некако и Нова Година ако подобро размислиме е обичен ден, ист како и сите други само што некој човек одлучил да биде тогаш Нова Година и сите тогаш ја слават.. Може она да биде и на 8 март и незнам јас не се раководам по тоа, ние можеме како сакаме да си рачунаме и по 200 и 300 дена да има, да измислиме и по некој нов месец. :lol: Сепак, јас да си се вратам на темата. Минатата година а и пред минатата си правев така во глава список на желби што сакам да ми се исполнат во Новата Година и разни одлуки, каква да бидам и се тоа. После ги запишав и бев цела среќна и исполнета заради тоа, ама после недела-две ми помина, празниците поминаа и радоста и целата таа еуфорија со нив.. И не бев толку надежна околу нив па повеќе или помалку си останав истата со некои мали промени кои ми дојдоа онака со пубертет. Ама, како и да е не сум нешто драстична сменета. Еве уште сега размислувам што сакам да имам и што сакам да сменам околу себе во Новата Година.. Па ќе видиме што ќе ми се отствари. Иако како што напомнав на почетокот е само ден, најобичен ден сепак украсеноста на градот, елките по домовите и воопшто целото тоа славење си придонесува атмосверата да стане таква. Па може и некоја желбичка уз тоа да си посакаме :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.480
    Допаѓања:
    63.988
    Пол:
    Женски
    Новогодишни желби и одлуки!

    Новогодишна одлука е дека нема да има веќе новогодишни одлуки :!:
    И така секогаш испаѓа нешто сосема трето... Па зошто да си ја чукам главата со некакви си одлуки? |(
     
    На crazylady, julie77 и kate21 им се допаѓа ова.
  12. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.609
    Новогодишни желби и одлуки!

    Секоја година си се разликува од другата.
    Некои желби остануваат за следната бидејќи не биле исполнети.
    Многу работи ми се случија годинава,но најважното - здравје никако да дојде.
    Се надевам среќата ќе ми се насмевне и конечно ќе бидам комплетна со некои
    блиски личности што сакам да бидат до мене 24/7 :)
    Немам некоја друга посебна желба и одлука,се што ми било планирано
    однапред не се исполнувало,сум се разочарувала.
    Сакам оваа година помалку да се караме со мечето ]:) и да си уживаме.
    ахх ќе заборавев :lol:
    Да положам за кола оваа година.
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.993
    Новогодишни желби и одлуки!

    Имаше една група на фејсбук... Секоја нова година анализирам колку глупава сум била предходната година :D Немора да значи ништо датумот, да не изгледам сега како новагодиномразач, ама важни одлуки можат да се донесат на било кој датум, во било кое време...
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.480
    Допаѓања:
    63.988
    Пол:
    Женски
    Новогодишни желби и одлуки!

    Е зашто сега да не изгледаш како новагодиномрзач, па само јас ли да бидам? :rofl:
    Шала на страна, ете и јас се сложувам со тебе.
    И од утре ќе почнам да учам(ова во склоп на тоа дека секој ден може да се донесат важни одлуки :!: )
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    36.433
    Пол:
    Женски
    Новогодишни желби и одлуки!

    Ах желбички и желбички...секоја година си имам по некоја ама ретко ми се исполнуваат,ама пак и не се жалам добро ми како што ми е.За новата 2011 имам така повеќе преоритетни желби,некои од нив може да се каже дека ми се поставени цели кои морам да ги постигнам.2011 мислам дека ќе ми биде тешка година од тоа што ќе завршам средно и ќе почнам нов период од мојот живот во друг град,далеку од домче(ако испаде по плановите),значи мојата најголема желба и цел би било да ме примаат на факултетот што го сакам и да успеам да ги поминам првите месеци од новиот почеток без повеќе мака.Но пред оваа желба би било онаа како и секоја година,да ни даде Господ на моите најмили и на мене здравје, љубов и среќа и ќе го молам оваа година некој денар повеќе оти ми се смачи да слушам кавги за тие пусти пари.Имам и друга желба...да отидам на одмор пошто не бев ова година,со дечко ми или со другарките.Тоа би било тоа :)
     
  16. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    мојата желба е да купиме летово ќука во мк
     
  17. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.641
    Сакам да го сретнам момчето кое секој ден ми остава писменца во ташната , секако љубовни ) ;)
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.830
    Пол:
    Женски
    Само сакам да си ги положам испитите :@
     
  19. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Да ја активираме пак темава де..

    Најмногу од се сакам успеси, само за да можам да им плеснам в лице на ците што ме изнервираа во 2012 д видам која е The.Princess :@
     
  20. padme1517

    padme1517 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Сакам да ме прегрне моjот плавоok лепотан :hug: :inlove: