Си имам список со одлуки и за 2013 година, како и за претходните 3, од кои гледам дека две одлуки упорно се провлекуваат од еден во друг список - да заштедам барем 100 евра до крајот на годината и да појдам на Гуча. Нит имам 100 евра во касичката крава, ниту видов Гуча, здравје годинава да видиме. А од ланскиот список, убедливо најлоша реализација 3/10 исполнети, оф леле, освен симнатите килограми и наоѓањето на работа, присуство на одличен концерт ми е ставено под знак прашалник , мислев ќе биде Лени Кравиц, ама ајде да речеме дека беше Влатко Стефановски годинава која изминува или Нувел Ваг... сепак се 3 реализирани одлуки, да не цепидлачам. А од другото, ни CAE сертификат, ниту се смеев секој ден, ниту 100 евра во плус, ниту бев на одмор со либето, ниту започнав заеднички живот со него... мислиш желбиве којзнае какви ми се, т.е. одлуките, како да сум се решила да подигнам викендица на Палма де Мајорка или да научам да скијам на Златибор. За оваа година префрлив нешто од минатиот список и главната одлука е да си најдам подобро платена работа и да си купам точак. И да заживеам со либето заедно и дете да склепаме. Скромно девојче, знам.
Имам премногу желби дури неможам да се одлучам која попрво да ја пишам. Оваа година што следува ќе биде моја година, слободна од секакви обврски. Одмор година ќе ја наречам. Година во која ќе треба да си ја треснам главата од ѕид и да сфатам некои работи. Што всушност сакам јас, кои ми се вистинските желби и цели. Како некое размазено детиште незнам што да правам со себе. * Редовно да вежбам и да пазам што внесувам. Џанкфуд скоро никогаш! Оваа желба ми е преголема зошто ги знам резултатите, сум го осетила тоа чувство и затоа го сакам повторно назад. Пред се самодовербата ми е најбитна во одлукава како награда. И зошто кога ми е желба и проклето ја сакам неможам да ја исполнам? * Да научам нов јазик и таа ќе ми се исполни. Се запишав на албански јазик па од февруари ќе почнам со часови. * Да ги научам сите можни фризури и посовршено да шминкам. * Да положам за кола. Ги извозев сите часеви со инструктор пред две години ама најбитното ( тестови, полигон и градска ) ми остана незавршено. * Да си најдам работа оваа година привремена за да си исполнам ситни желбички. * Да читам повеќе книги. Сега барем ќе имам време. ии уште многу работи, но тие ми се ситници. Овие поголемите, побитните ги пишав
Па можам да кажам дека ми се исполни се што си посакав и што си зацртав во 2012 година, како што мислев дека ќе биде така и испадна дури и подобро да бидам искрена. Се вработив, прошетав низ Европа, заштедив и некој денар за 2013ва година, си уплатив за возачка, па можеби ќе положам до крајот на годинава, ќе видиме Малку факултетот го завлеков минатата година, ама не е толку лошо. Придонесов за дома со парите, им помогнав на моите со трошоците околу факултетот и финансиски ги ослободив од моите желби и потреби Се на се супер година ми беше, убаво ми беше и на љубовен план да не кажам прекрасно. Во 2013 година влегувам само со две желби, навистина не посакувам ништо друго само да го завршам факултетов како нешто најважно,а после ако имам среќа да си најдам и подобра работа, или евентуално да ме унапредат според струката. Имам за цел да бидам поупорна и поконцентирана на факултетот, а се друго ќе ставам во спореден план. Друго ништо нема да ме интересира во 2013, ни одмори ни чуда ни ништо додека не завршам факултет!
1. Очекувам да станам цврста како камен. 2. Да си најдам работа. 3. Да бидам полна со страст и љубов. 4. Да се научам да јавам коњ. 5. Да почнам да го уредувам мојот двор. 6. Да земам кредит за куќичка. 7. Да се одлучам за куќна слава. А, 2012 година ми беше претешка, како и повеќето до сега. Во неа научив дека ама навистина нај злобни мисли ти имаат роднините. Научив да се чувам од секои мили суштества кои како вртиопашки те распрашуваат за твоите цели и твојот живот, а потоа сакаат да ти ги уништат. Научив со ладна глава да им ги прикажувам моите успеси - на ваквите луѓе - при бидејќи знам дека после живи ќе се изедат. Научив дека немам потреба од страв, таквите неможат ништо против мојата душа. 2012 научив да танцувам. Си одгледувам собни растенија. Се запознав со пилатесот ... Превземав голем чекор на полето љубов. Од мојата прва вистинска работа Заштедив голема сума пари кои им ги дадов на моите да решат едно проблемчиште. Научив дека не секогаш треба да се попушта, а некогаш пак треба, хи, хи. Оваа година дишам само љубов, сакам и наредната да е така.
О, хо долг список. -Пред се, расположението на другите, да престане да влијае во толкава мера на мене. -Конечно да одам на добар концер...би сакал да присуствувам на концерт на Мјуз. -Следно би било зимување. Многу би сакал да заминам на некоја планина и цел ден да скијам. -Да ја сменам фризурата. -Да научам нов јазик. -Да го посетам Амстердам и цела Холандија. -Одмор, во некое тивко, госпопримливо медитеранско градче, и да можам да мир да го поминам лепото. -Да пронајдам нови пријатели. -Сум бил премногу саркастичен... епа ајде да се обидам да бидам по љубезен (тешко) -Да се сними 8 сезона на Д-р. Хаус. -Да научам да јавам коњ. -Да се обидам да играм хокеј на треба, баш ми е интересно. -Да изедам што повеќе чоколади. -Да прочитам што повеќе книги. -Да се обидам да насмеам што повеќе луѓе. -Сакам да започнам колеција на банкното од целиот свет. -Сакам нов лаптоп и телефон. -Со пријателите да направиме уште многу други глупости. Ееее многу сакам И последното, што побрзо да заврши 2012
ах, има многу ама ај најбитните *да магистрирам, конечно *унапредување на работа *прстен на рака, мара за рака *и при крајот на годината едно бебуле Другото се нека си остане вака како што е
Минатата година можам да ја памтам по многу работи, прво се издигнав и тоа многу... расчистив со некои луѓе што не ми требаа во животот.. оваа година ке ја паметам по -него, го добив него -настапот.. -успехот од настапот -порана за следни настапи А во следната сакам -да положам за возачка, конечно да го решам тоа -да остане покрај мене уште дооолго долго -да да ги решам испитите на факултет -да си го проширам бизнисот -и конечно да снимам музички спот многу скромна така?
ехее си имамм јас доста желби туку дали ке ми ги исполни дедо мраз??? хаха да ги видам 1Д и Лејди Гага барем еднаш у живот да ми купат убав апарат не овој шо го имам.. да продолжам да настапувам од балетот и да го видам оној на бекамови т.е најголемиот син му го заборавив името... (глупа шмизла,глупа.. цкцкцк) скромна сум нели?? :3
* Да ја завршам уште оваа година,па да дипломирам...после здравје ако даде Господ да се запишам на постдипломски студии * Да најдам работа и да придонесам и јас малку во семејството (не малку моите придонеле за мене и за сестрите) * Да чекам да се врати ТОЈ па конечно да бидеме среќни заедно * Да вежбам редовно и да јадам повеќе * Секој ден да бидам среќна и насмена и да не дозволам небитни луѓе да влијаат на моето расположение * Да не бидам толку мека кон луѓето,да не верувам многу и да се однесувам кон луѓето како што се однесуваат тие со мене * Да си ја исфарбам косата во посветло црвена И сигурно има уште, но овие ми се најважни
*да магистрирам *работа *да го научам Шведскиот јазик *да си одам пак со Мила на одмор сами *да направам хуманитарна изложба *да направам бар 2/3 успешни фотографии *срцево да ми биде помирно
Прво да си започнам со преглед на 2012 година. Конкретно не ми се има ништо посебно случено. Некоја магична љубов... не, некој значителен успех... не, некоја постигнување на цел исто не, сепак навраќајки се сметам дека беше добра и успешна година гледано од друг аспект, кој сметам дека е многу побитен. Оваа година работев на мене, се пронаоѓав, барав причини за моите однесуваања во минатото. Цела година си бев под лупа на сама себе. Тоа што изнајдов во мене, што било згаснато, неприметно, на некој начин угнетано од ставови и сфаќања наметнати од надвор, е право богатство. Сфатив исто дека тек добрва треба да се пронаоѓам и обликувам. Но успех е тоа што мислам дека годинава поставив добри темели за тоа. Еве последниве денови од годинава поминуваат, и од една страна сум во мир сама со себе, од друга сепак постои немир, возбуда за наредните подвизи во 2013. Планови и цели за 2013? уф многу ги има -Подобар успех на факултет -Инвестирање на време со квалитетни луѓе, другите малку на stand by -Промена на имиџ -Да си продолжам со хобито -Потемна боја на коса -Да научам да свирам инструмент -Да вежбам ( ова ќе биде интересно ) -И да го фатам се разбира Ова е одприлика генерална слика за 2013. п.с. прво мислење ми е, што значи новата година ќе биде и Фемина година. хах добро дојдов тогаш.
Сите ние што не сме биле доследни на нашите Новогодишни Одлyки да не консyмираме бел шеќер, бело брашно и сл. имаме шанса за "поправен")) Утре има Млада Месечина и тоа е поволен ден за иниЦирање на работи кои ни' се битни, нешто да се отФрли, нешто да се додаде))) Инакy годинава ќе биде најповолна за остварyвање на Новогодишните Желби за оние кои се родени во xороскопски Знак/Подзнак "Скорпија" и "Бик" (особено во април и мај) и "Рак" (од крајот на јyни па се' до јyли идната година) П.С.: Еве ги моите РезолyЦии: ¤ Да го заменам белиот шеќер со Фрyктоза ¤ Да го заменам белиот леб со Црн ¤ Да имам еднаш месечно Детокс Ден ¤ Да почнам да тренирам Аикидо ¤ АјФон5 ¤ Да почнам да yчам Арапски јазик ¤ Да ја yсовршам вештината на трпение
Колку искрено сум одговорила . Сега, на крајот од 2013 баш сакав да видам што и како сум постигнала. Ама некако многу големи желби сум имала бре. Имам уште еден месец за да ги променам нештата. ОК, дефинитивно нема шанси да земам кредит за куќа/стан до крајот на годинава. Автоматски неможам и да размислувам за куќна слава и средување на дворот. Силна сум и цврста. Полна со љубов, брливост и страст. Работата ми е слаба точка, најслаба. Ама ќе го решам и тоа во брзо време. И баш месецов ќе направам се само за да успеам да се качам на некое коњче. Тоа ќе ми биде поклон за Нова. Од Новата 2014 очекувам исто така многу, а и чувствувам дека ќе ми биде пресудна за конечно да се одлучам дали да остварам едно долго патување.
Најголема новогодишна желба за 2013 ми беше Дедо Мраз да ми донесе дечко и стварно си го добив најубавото поклонче, моето злато, за што сум многу благодарна. За 2014 сакам само здравје, среќа и љубов за мене и моите најблиски. Ок, нема да смета и некоја подобра работа
Да сум жива и здрава како и луѓето околу мене да бидам многу среќна со мојот сакан и да станам негова опруга во 2014 да ослабнам некое килце да се запишам на факлутет и воедно да најдам работа да бидам среќна секој ден и да ги гледам среќни луѓето кои што ги сакам
Новогодишна желба Те молам да изгорат сите училишта,книги....да нема веќе учење,или да одиме само да се прошетаме.... Но никогаш нема ова да се случи...за жал..
Хахаха стварно имало ефект од ливчиња, списоци и се тоа,да си направам и јас едно деновиве не е грешка инаку да не бидам офф топик, сакам: 1.Да ни биде уште поубаво со мм 2.Да ослабам 3.Да најдам некоја работа 4.Да средам за факултетот да идам за испити и да го поминам 5.Да научам нешто ново и да бидам повеќе продуктивна 6.Да се преселам 7.Да се среди случајот со еден идиот што ни прави проблеми 8.Да одвојам пари за шопинг, и поголема промена 9.Да посетам некое ново место 10.Да поработам на кариера
Пааа конкретно за оваа нова година го посакувам станот за кој собирам фискални Спојлер (исто така знам дека одамна е наместено кому ќе му го доделат...ама ај..) Останатите желби шо ги имам ми се скромни и веројатно сама ќе поработам на нивно остварување