Пааааа... Гледам од ланскиот список се оствариле 5/10, па 50% реализација не е за фрлање. Сменив дури 2 работни места, екстра солидни и добро платени, на тој план сум задоволна. Бев на одмор со либето, купив точак , не напишав баш книга, ама пишувам колумни па да речеме дека сум задоволна. Не сме почнале уште да живееме заедно со Хуго, но сме преблиску до тој чекор, сега откако си го имаме станот. Што се однесува до другите одлуки, упорно се префрлаат од една во друга година, упорно значи. Не знам како секоја година ја завршувам со незаштедени 100 евра, никако да појдам на Гуча, а од кога пекам... да сме живи и здрави, префрлам дел за следнава година и секако, додавам нови.
Сакам само да имам поголема среќа- ако ја имам се ќе се среди. Не дека не сум среќна сега, но, не сум некој среќлија, уште еден куп работи треба да се остварат, затоа сакам само поголема среќа.
Го гледам ланскиов список и забележав дека ми се исполниле скоро сите, но не целосно. Дипломирав, но не се запишав на постдипломски и не се вработив. ТОЈ се врати, бевме среќни заедно, но среќата не траеше долго. Фризурата и бојата на косата ги сменив. Другите, до некаде се исполниле до некаде не. За годинава што следи немам некои посебни желби и одлуки. Овие неколку ми се најважни. 1. Сакам во текот на целата година да не следи среќа, да сме здрави, живи и заљубени и некој денар плус; 2. Да се запишам на постдипломски студии; 3. Да се вработам; 4. Конечно да ја најдам својата сродна душа (ако постои таква) , а може и прстен на рака ; 5. Да не им оддавам значење на небитните работи (ова ми е одлука, ама како што е тргнато ќе ми стане желба, бидејќи никако не можам да ја реализирам); 6. Може и некое одморче надвор од државава или во неа (ова не ми е задолжително, не сум по шетањето) ; 7. Да се здебелам и да вежбам,а и имиџ да сменам не ќе е лошо; 8. Повеќе да се дружам, да запознавам нови луѓе и многу да се забавувам; 9. Да ги избришам сите непотребни личности од животов, и да ги направам среќни оние кои ме сакаат; 10. Да заштедам парички и да си приуштам неколку задоволства; 11. Да започнам да се занимавам со пеење и да го покажам својот скриен талент . И тоа би било се`. Не барам многу, нели? Од неколку, 11 испаднале
Ланската желба....дефинитивно исполнета....дури и дедо мраз малку повеќе фрлил од магичниот прав па ни се заарни годината со свадба и бебе
Да бидеме сите живи и здрави Да ми се редат поголеми успеси на факс па и на други полиња Да се видам со една многу добрааа блиска личност која многу ми значи И една златна картичка. Не барам многу
Генерално сум задоволна со луѓето што ги имам до себе, како и со работата. Ќе посакам само да не изгубам ништо од тоа што го имам сега.
Нова година со нови почетоци. Успех како на професионален, така и на приватен план, здравје, среќа и љубов. Не барам многу ☺️
Пред се сите мои најблиски, најсакани да ми се на број. Да сме здрави психички и физички. Да дипломирам на почетокот на годинава. Да полагам за лиценца. Се друго е небитно.
Како што планирав, во текот на последните неколку години почнав сè помалку да користам социјални, поготово да објавувам лични ствари. Се осеќам и среќна и горда што излегов од тој магичен круг на споделување нешта што сега ми се екстремно банални, па и кринџи. Вака гледано не знам ни зошто сум споделувала ствари, ручекот што сум го јадела, пејсаж од прошетката низ парк, најавната шпица од серија, итн, итн. Стварно неам појма која ми била потребата, ваљда беше начин на функционирање во оваа современа сегашност. Ама работев, и сè уште работам да не споделувам веќе такви работи. Нема поента. Најубаво е да си анонимен, и со исклучок на најблиските, никој ништо да не знае за тебе. Па така, како и во претходните пар години, и за следнава си ја поставувам целта на што е можно помалце користење социјални. Друга работа, ќе се стремам да бидам набљудувач, да не зборувам премногу, некако не гледам поента ни во споделување на мисли, идеи и совети со разни луѓе. Ретко кој заслужува. Зошто да давам дел од умот и срцето на некој што ништо не ми значи, а утре може истото да го искористи да ме прави будала. Сфатив дека и кога имаш најдобри намери и желба да помогнеш, многу често луѓето пак наоѓаат маани и ги испревртуваат работите. И да дадеш искрен совет, може да те хејтаат зад грб дека се прави паметен. Така да, ќе си ги чувам мислите за себе, но ќе останам достоинствено љубезна и културна, бидејќи принципите нема да си ги сменам поради туѓата нечовечност.
Имам една желба, да сме сите живо и здрави. Добро, и уште една, да поминам убаво време со најблиските. Новогодишната одлука ми е да внимавам на здравјето. Не зависи сѐ од мене, ама доста зависи. И да поминам повеќе време со најблиските.