*Копиран текст Ова се новогодишни желби на децата без родители . Има елка со лампиони на кои се напишани нивните желби. Земаш лампион и оставаш подарок. Подарокот може да биде изненадување, нешто што тие не го ставиле на список. Креативци, доколку имате идеја, време и средства да ја реализирате истата, направете го тоа за некој кому тоа сигурно многу ќе му значи. Елката е поставена во Рамстор. Сликата преземете ја и зумирајте ја за да погледнете.
Инаку на лице место можете да видите кои дечиња се заокужени, а за кои се' уште не е обезбеден подарок, па ако планирате да купувате нешто поминете претходно за да знаете што точно фали. Ако немате време или доволно средства за купување тогаш може да оставите пари во кутијата за донации. Девојчето што седи таму е секој ден од 14:00 часот.
Јас кога бев уште во четвртокот голем дел од дечињата немаа добиено подароци, се надевам дека е сменета ситуацијата до денеска. Фалеше скоро се, тренерки, барбики, колички. Сепак ако толку немаш време да провериш пред да купиш однеси било што од списоков или нешто друго интресно што ти текнува, верувам дека ќе заврши во вистинските раце