1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишни и божиќни подароци

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 10 декември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сите знаеме дека традиција на католиците е за време на божиќ да си подаруваат поклончиња, оставени под елката.

    Дали вие подарувате за време на новогодишната вечер или пак за божиќните празници?
    Што најчесто подарувате?
    На кои лица подарувате?
    Што сте подариле претходните години? Дали планирате годинава да подарите и што?
    А дали на вас ви подаруваат? Што би сакале да ви подарат годинава?

    Знаеме сепак дека малите подароци за овие празници не исполнуваат и ни даваат насмевка повеќе! :inlove:
     
    На madamstefi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Супер ти е темава! Обожавам да подарувам и сакам поклончиња, всушност некако Нова Година и Божиќ не се тоа тоа за мене, ако не подарам нешто. Обавезно секоја година излегуваме со сестра ми и им купуваме поклони на нашите најблиски. Омилен подарок за мене е книгата, а своевремено многу сакав и мечиња. Најчесто подарувам шољи за чај со новогодишна слика, џемпери, шалови, капчиња, парфемче и сетоа тоа подарено со мнооогу љубов...
     
    На madamstefi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Темава е супер! :)
    Обожавам поклончиња, си подаруваме меѓусебно со најблиските на новогодишната ноќ, најчесто подарувам џемперчиња, шал, парфем, книга.. :* :* :*
     
    На madamstefi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Не поминува ниту една Н.Г. без пакетче. Ако никој друг, барем мајка ми ми купува. Инаку друго не подарувам, освен со дечко ми. Нешто ситно. Еве и на дедо му реков оваа година да ми купи пакетче, па 3 год. не ми купил, а најубави ми купуваше :D
     
    На ocila и dolly.doll им се допаѓа ова.
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Jaс баш и не подарувам многу, бидејќи сепак немам свои пари. Но најчесто им подарувам на мајка ми и татко ми по нешто ситно, со заштедените пари. :) На татко ми најчесто му купувам некој парфем или колонска вода, а на мајка ми книги, бидејќи е љубител на книгите, а неколку пати и имам купено пепелник бидејќи пуши цигари. :)

    Инаку јас за подарак не барам ништо, освен едно пакетче кое навистина ми прави мерак. :) А мене ми подаруваат мајка ми, татко ми и баба ми, и зависи некогаш ми даваат пари, некогаш некоја ситница, но сепак за мене и ситните работи ме прават среќна, посебно кога се подарени од некоја посебна личност. :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Сакам да подарувам рачно изработени честитки кои сама ги правам, и навистина ми е мило кога мене ќе ми подарат една таква, зошто знам дека некој се потрудил и одвоил време да ја направи за мене. Моите помали братучеди обично добиваат пакетчиња полни со чоколади и други интересни работи на кои се радуваат децата. За сестра ми обично купувам она што и е потребно, а лани тоа беше комплет - шал, ракавици и капа. Подарувам и по некоја интересна книга со уникатна посвета :lol: Лани на мама и тато им напишав песна и им ја спакував во интересно издание. Во принцип сакам да подарам работи кои немаат одредена материјална вредност бидејќи таквите обично се најценети ;)
     
    На CarrieBradshow, piksooki и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Во нашето семејство обавезно за нова година за сите има поклон под елката. Уште од помали ни правеше така татко ми, па така и остана. :)
    Ги обожавам тие работи во семејството, и среќна сум што имам такво. Хармонијата, топлината и љубовта се најбитни во едно семејство.
    А не да се радувам, уфф. Обожавам да добивам поклони, а уште повеќе обожавам кога јас поклонувам и гледам колку се среќни, не можам да ви опишам колку мене тоа ме прави уште посреќна :inlove:
    Така да оваа традиција ќе ја применувам и јас еден ден кога ќе имам свое семејство. :) :angel:
     
    На LittlePinky, pepicaa, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Искрено не сме си подарувале подароци со најблиските освен пакетчињата :D . И еве и ден денес иако сме поголеми, дедо ми обавезно мене и сестра ми ни купува пакетче. Всушност тој не прашува пари или пакетче, но некако пакетче ми е поинтересно. Уште му се радувам :D :D :D .
     
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Jас не сум подарувала никогаш,и сеуште не.Сеуште сум мала и немам пари да купувам подароци но честитки обавезно испраќам на блиските.Сметам дека тоа не детска радост,не ги сфаќам честитките како украс туку како искрено честитање и искрени желби за новата година. :)
    А мене,моите секоја година ми купуваат пакетче :$ ,баба и дедо исто така ми даваат пакетче и пари или пак нешто златно(ланче,белегзија).Ама со пакетчињата најголем ќеф си правам :$ Моите понекогаш ми велат ќе ти изнакупиме чоколади колку сакаш,какви сакаш,немора пакетче но мене новогодишната ќеса ми носи поголема радост :lol: :)
     
  10. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    До пред неколку години (5-6 :D ) бабите и дедовците, вујни, стрини, тетки ми даваа пакетче и пари :angel: Сега бидејќи сум била голема више за пакетче :!: :D , само пари добивам и обично тоа е за време на Божиќ или ден, два после Нова Година. Јас сакам да подарувам да... (бидејќи не заработувам сама, немам мои пари) ако имам заштедено нешто, тогаш купувам некои мали нешта за моите дома, ако не, ништо здравје (ама обично немам, зашто незнам да штедам :lol: ). А од роднини најчесто имам добивано парфемчиња и кутии за накит. У глобала не ми се битни толку поклоните, многу поубава ми е самата атмосфера (Божиќна, или вечерта на Бадник) кога цело семејство е дома, се спрема трпезата, сите се среќни и насмеани и владее некоја посебна топлина во домот :$ ... ама добро тоа во некоја друга тема... :)
     
    На macysh и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Ги сакам новогодишните празници токму поради овие така да ги наречам мали детали т.е. подароци кои се сепак мал знак на внимание,а многу значат.Подароците ги избирам со најголемо внимание,обожавам да шетам по дуќаните,да разгледувам и да одбирам подароци.Ова ми претставува уживање.Скоро секогаш гледам подароците за овие празници да бидат поврзани со нив,значи секогаш избирам некој сувенир со новогодишна содржина,за најмалите секако пакетчиња и дедомраз.Можеби тоа се скромни подароци,но мислам дека се убав гест и многу значат.Мене многу ми значи и ме прави среќна кога ќе добијам подарок токму затоа и подарувам.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Досега не сум подарувала. А баба и дедо обавезно ми купуваат паќетче. :lol: Ко на мало дете. Другите ми даваат пари. Но јас мислам дека сеуште сум мала за подарување, кога ќе имам сопствени пари можеби ќе купам на најблиските по нешто. место мене тоа го прави мајка ми и подарува на најблиските роднини по некое поклонче.
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ми недостига еуфоријата пред божиќ тука во Скопје,во Мелбурн е све искитено уште од ноември. Подароци обожавам да купувам,за сите домашни по нешто,а одкога се роди внук ми на него највеќе. Почитувајки си ја нашата православна вера,подароците место на католички божиќ,ги отвараме на нова година.На работа на почетокот на месецот се ставаат имињата на сите вработени во капа,кој на кого извлекол име му купува подарок,не поскап од 20долари.Никој незнае кој кого извлекол,ни од кого му е подарокот затоа се вика secret santa,и обично на колешките им купувам нешто интересно за домот.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    И мене ми носеа пакетчиња под елката, но веќе не. :doh: Иначе не ми треба посебен подарок, едно пакетче со чоколади и те како ќе ме израдува. :D
    Планирав на брат ми нешто да му купам и да му ставам под елката, но не успеав да собирам толку пари. Ама затоа сега ќе шетаме деновиве низ град и ќе му купам нешто онака ситно. :)
    Исто така и мајка ми и брат ми ќе дадат некој денар за на татко ми да му купам некоја кошула. :)
    Мајка ми за жал нема да го добие вистинскиот подарок под елката, но ќе има и за неа нешто ситно. :)
    И да, за мене ќе си купам неколку чоколади и ќе ги ставам во мал пакет завиткан со целофан. :)
     
  15. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Мислам дека кај нас не се пазат многу овие празнаици,не им се обрнува толку многу внимание...На пример гледаме по филмови Божиќ е толку голем празник,поклони под елката за сите,традиционална Божиќна вечера,сиите се дома насмеани весели,кај нас мислам дека не му обрнуваме толку внимание на Божиќ,барем не во моето семејство! Многу повеќе гледаме да се спремиме за Нова година и да појдеме некаде да ја прославиме.

    Јас многу ги сакам колетчината под елката,додека бев мала ми носеа тетките,баби дедовци,мама тато од сите имаше...сега веќе не :( :( :(
    Јас многу сакам да подарувам но за жал немам можност...лани со парите што баба мене ми ги даде за Нова година и купив на мама подарок за под елка!
    А оваа нова година Мене Дедо Мраз :D би сакала да ми донесе малку мир ... ако има :angel:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Оргинален подарок за Нова Година според мене е :
    шалче и капче , некој убав шол , чоколадца , лабело :)
    Најчесто подарувам на домашните , мама ,татко , дада , и на две поодобри другарки :D
     
  17. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Еве што најдов на интернет за подароциве па сакав да видите доколку не можете да се одлучите :) :* Иако лично јас многу од наведенине работи не би ги одбрала за подарок. :)


    1. За оние кои сакаат да читаат
    - Најново издание од омилениот автор
    - Интересен маркер за означување на страниците
    - Ламба за читање
    - Перниче за потпирање

    2. За практични личности
    - Убаво пенкало (пример Паркер) и роковник
    - Домашни божиќни колачиња
    - Шоља за млеко или чај
    - Шалче, капче, ракавици

    3. За љубителите на спортот
    - Батерии за далечинското
    - Пакетче со грицки за гледање натпревари
    - Претплата на спортски новости
    - Дрес од омилениот тим

    4. За домаќинки
    - Нова книга со рецепти
    - Дигитална вага
    - Чаша и лажица за мерење
    - Готвачки ракавици
    - Сет за вино (со отварачи)

    5. За љубителите на природата
    - Компас
    - Топли ракавици
    - Кабаница
    - Опрема за риболов
    - Сет за планинарење

    6. За парови
    - Уплатете масажа за двајца
    - Купон за во ресторан
    - Викенд патување
    - Парфем
    - Шише вино и јаготки

    7. За семејството
    - Сет нови ДВД филмови
    - Слагалица со 1000 парчиња
    - Миризливи свеќички
    - Домашни колачиња
    :) :) :)
     
    На stronchi_ и LittlePinky им се допаѓа ова.
  18. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Подарувам секоја година,секако во зависност од можностите!На домашните,цимерите,другари/другарки и секако на моите најсакани внучиња.За нив најмногу!Другите можат да поминат и со ситница!

    Внука ми си ја опремив сега засега со преубави ракавичиња и сега трагам по нешто да го дополнам поклонот.
    За внук ми допрва.Поголемко е малце,па сакам да биде нешто попрактично.

    За другарки накит,шминка,марами,книга или некој украс,кој знам дека сакаат да го имаат,ќе биде спремен!
    Тоа зависи од интересите и карактерот на тој што му поклонувам.
    Безвезе е да поклониш нешто ради реда,знаејќи дека нема да му се допадне,а не па да му служи.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Подароците е нешто што најмногу сакам, посебно ако се подарени со многу љубов.
    Ми се ствара некоја мала љубомора да ја наречам кога некој ќе каже еј, дечки ми за Нова година ми подари (блабла).. или за Божиќ ( блабла).. не дека сум зависна да имам дечко или нешто слично, ама ја посакувам таа љубов што мислев дека имав прилика да ја почувствувам а излезе дека е од сожалување.. И кога на форумот ќе прочитам на некоја феминка на пр. 7 години ин лав, 10 години ин лав, посакувам и јас да го кажам истото или нешто барем слично.. во оваа прилика кревам чаша за долгите, искрени врска :)
    инаку со другарките мои најверни :D секоја Нова година си подаруваме по нешто и мило ми е кога ќе видам како тоа го носи на пр. за алка некоја, менѓушки .. или кога ќе каже е тоа е од книга што ми ја купи, почуствувам задоволство.. и оваа година сакам нешто оригинално да им купам, али што ќе е тоа? :?:
    моите домашни ми купуваат поклони за Нова година и помалиот брат од неговите собрани пари и токму таа љубов ми е битна, а не е битно дали поклонот е авион или минти жвака. Така лани мојот помал брат ми купил орбит паќетче и ми кажа " даде толку соберав, другите ги потрошив на глупости, извини" и стварно не ми беше важно што е поклонот туку љубовта и солзите ми беа на очите.. :wasntme:
    чуствителна броукен, сакам да си го сменам името.. не сум ич броукен повеќe но, ајде нека е :)
     
  20. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Подеднакво сакам да подарувам и да примам подароци. Оваа година најважен подарок беше за мајка ми како мал гест и знак на благодарност за сите претрпени маки што ги имаше годинава. Заштедив малку пари и и купив преубав ѓердан.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.