1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишни и божиќни подароци

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 10 декември 2010.

  1. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Боже изгледа ние ко од Марс да сме спаднати :^) Кај нас во градот кај живеам колку што знам никој ништо не си подарува :|
    Само за нова година на малите деца им даваат пакетчиња со храна тие шо се и толку.
     
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Уфф кога ништо не му фали е потешко, оние вообичаени зимски подароци како капа, шал, џемпер сигурно до сега си му подарила :?: ако реши да земеш поскап пијалок, тогаш мислам дека за втората работа не треба да биде поскапа , така да , сега помислив само на оние интересни привезоци за клучеви и магнети со штосни пораки што се продаваат на штанд во Рамстор, мене ми се доста интересни и секогаш би одбрала нешто такво како додатен подарок, ако до сега и тоа не добил од тебе, ама најубаво е да излезеш да прошеташ и сигурно сама ќе го препознаеш тоа што ке му се допадне и ке го насмее ;) :) не знам колку бев од помош , ако се сетам нешто друго ке пишам.. :*
     
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Во меѓувреме се сетив и на друго , можеш да тркнеш до Продизајн во аеродром , таму прават многу убави привезоци со внатре слика, слагалици со ваша фотографија и слично, ама пред некој ден се јавив за друго, па ми кажаа една недела да чекам бидејки имаат сега многу работа, ако ти се допаѓа идејата побрзај :*
     
  4. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    sweet25 ќе може ли во лп да ми го оставиш бројот од продизајн? супер е идеата, па ќе пробам да ја реализирам. благодарам однапред :)
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ти го пратив бројот , ама тоа за кое јас најмногу ги барав ми рекоа дека не го правеле они ( привезок со како сенка фотографија) порано ги имаше на саем и не можам да го најдам , а инаку ако ти беше за другото прават, пишува и на нивната интернет страница, само внеси зк.мк и во златна книга ке ти го даде и бројот и страницата . :)
     
    На la.chocolada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Не трошам многу пари за подароци за празнициве.Сакам мали и искрени подароци,подарени од срце,а сакам и такви да подарувам.
    Кога бев мала најмногу се радував на пакетчињата кои ми ги носеа во голем број,и ги редев под елката и постојано ги броев. :)

    Сега купувам пакетчиња а и други подароци и украси само на моите внуци,кои се мали и им се радуваат.Моите најблиски сеуште имаат навика за Нова Година да ми даваат пари,не дека не ми годат,ама голема сум бре :D но ете,така останало од кога почнав да станувам голема за пакетчиња.

    Оваа година од дечко ми го добив парфемот кој го сакав,па планирам него да го изненадам со неговите омилени слатки на самата вечер на Нова Година,знам дека многу ќе се израдува :)
    Такви поклони сакам,направени од срце и со многу љубов,макар и едно убаво спакувано чоколадо или убава креативна честитка.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ахххххххх, the magic of Christmas season is upon us. :angel: :rofl:

    Го обожавам новогодишниот период. Порано добивав пакетчиња, па чоколадо и пари, ама моите дома конечно се свестија за магијата на божиќните подароци долу под елката, точно на 1.1.2012. Затоа мама ми го купила омилениот парфем, тато ми ја плаќа забавата и плус мало чоколадно пакетче за татината принцеза. :angel: Јас, секако ги купив нивните и другите подароци, ама мора да се учи, па да се биде беспрекорно одлична за навистина да им го приредам најубавото новогодишно изненадување. :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Од тато и мама сеуште незнам што да побарам...се разбира ќе биде нешто ситно и симболично.
    А од дечко ми најверојатно ќе е некој парфем....или убава ташна....незнам ќе видам има време. А и он ќе се врати после средината на Јануари,така да имам ептен време за размислување [​IMG]
     
  9. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Па од мама и тато сигурно пари добивам како и секогаш откако ги надраснав играчките и колeтчината а од дечкото незнам ќе видиме некој парфем можи..
    А јас на сестра ми и подарувам секоја година по една книга. Кога беше помала сликовница а сега или роман или енциклопедија. И искрено таа е едниствената личност на која и подарувам секоја година поклонче :$

    Годинава најверојатно и дечкото ќе добијам еден поклон. :P
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Редовно купувам новогодишни подарочиња за најблиските, нешто од душа и најчесто симболично.

    Оваа година сепак решив малку повеќе да пуштам душа (не многу, сепак сум егејче :D ), па ќе купам нешто покрупно. :)

    Само за момакот имам смислено, т.е. се договоривме, затоа што најверојатно домче ќе славиме, ќе си подариме гуфи џемперчиња со ретро геометриски шари.
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Во суштина многу сакам да подарувам, дури и безпотреба сакам да подарам некогаш на некоја блиска личност.
    Имам 4 внучиња, лани најмногу уживав во бирањето и комбинирањето подарок за нив, иако сум свесна дека со нивната возраст ниту разбраа лани дека добија, ниту се израдуваа, ама годинава се за година постари и веќе разбираат и почнуваат да се радуваат, а нивната насмевка е она најбитното.
    Прво се мислев оваа година за „поголемите“ да бидат убави пакетчиња кои сама ќе ги направам, ама сега се мислам да биде и пакетче и некоја играчка во убава кутија, додека на помалите ќе бидат некои бебешки производи за нега, некоја кашичка и може некое интересно шалче,ракавички и капче-комплетче.
    За братучетка ми исто се мислам шшто и како, а за постарите ќе биде нешто благо, чисто симболично.

    Омилен дел во припремата на подароците ми е од тргањето во поход по избор на самите подароци или производи, зависи за кој што сум замислила, па нивното виткање, декорирање со новогодишни хартии и машни, што значи се од почеток до крај (од идеја до реализација), нема дел кој ме заморува и го правам ради реда.
    Обавезно под елката ги редам и мини албум правам.
     
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Секоја година ми е традиција да давам честитки и подароци.Со многу љубов ги одбирам подароците за луѓето кои најмногу ми значат.Оваа година веќе ми се напишани честитките и спремни подароците...освен за него,уште размислувам ама ќе се договориме меѓусебно ако така сака ако не ќе спремам некое изненадување. :)
     
  13. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Тука ке поставам прашање кое е во контекст со темава.

    Значи дечко ми, ми откри дека за Нова година сакал да ми подари прстен.
    Денес ми покажа каков сакал, и пробав неколку прстенчиња,
    Незнам, моделот некако ми е како за веренички :wasntme: .....
    Дали вие би носеле таков прстен купен со повод за Нова година........????
    Јас незнам.... изреагирав дека несакам прстен....... подобро е да купи нешто поефтино, пообично....., ама тоа бил неговиот став, сакал и решен бил тоа да купи.

    Кажете ми вие како би постапиле???

    Дали да продолжам да се бунтувам за да не ми го купи???
     

    Прикачени фајлови:

    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    И мене повеќе ми изгледа како веренички прстен...
    Или можеби планира да те запрости ;)
     
  15. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    НЕ, рано е!!! Шанса нема.
    И мене ми изгледа на веренички и затоа ми е грдо и глупо :/
     
  16. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Tинкербелл штом ти покажал и те однел да пробаш видете некој по едноставен.. или кажи му дека не сакаш да биде премногу нападен и изберете некој по нежен :D Ама објаснив.. :D
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    тинкербелл одбери некој поскромен и да не личи ко за веренички,а и ако му е мерак да ти го купи баш тој и тој самиот сака тогаш не му го крши атерот.Дозволи да ти го купи ,нема тука ништо лошо :) .

    По обичај секоја година си подаруваме по нешто со најблиските за Нова Година.Мене ми е мерак и сакам многу да подарувам секогаш кога сум во можност не само за празници :!: .Мене по обичај ми подаруваат за Божиќ повеќе бидејќи има два повода :wasntme: :D .Убав ми е овај период кога сите се среќни и гледам радост на нивните лица,а уште помило ми е кога за таа среќа сум јас причина односно мојот подарок :)
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  18. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Благодарам девојки, така и ке биде.
    Кога веќе е прстен ке гледам да биде што поедноставен, па и некое сребренко...... Зошто несакам да се троши многуу...
    Да не ми го скршам атарот..... :)

    Ви благодарам уште еднаш :*
     
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    На најблискиот круг на луѓе :) ептен блискиот.
    Паметам додека одев на факултет како штедев кога ќе се наближеше периодот за давање на подарочиња
    Од минимална залиха 100денари кои вклучуваа пат , и јадење јас успевав да тргнам на страна и да купам тоа што сум замилила за тие за тие за кои сум замислила .
    Имам ссестра душкало :D па постојано се обидуваше да ми ги открие што сум купила и каде сум ги сокрила .
    Јас сум луда по давање и примање :rofl: најсериозно многу сакам подароци .
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Ајде да видам ваше мислење .... ШТО БИ МУ ПОДАРИЛЕ НА САКАНИОТ ЗА НОВА ГОДИНА ? немам баш некоја идеја за тоа што да му купам па секое ваше мислење е добреојдено да ми помогнете да одберам