1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишни и божиќни подароци

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 10 декември 2010.

  1. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    за нова година сакаме да му пуштиме на брачедите во австралија некој подарок,само проблемот е што немаме никаква идеја. предлог?
     
  2. Greg.House

    Greg.House Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Нешто што го немаат таму,а им недостига :)
     
  3. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^ Тегла ајвар :D

    Мала шала :wasntme:

    Па зависи возраст колкава се, какви интереси имаат и слично. Вака може ќе ти кажеме нешто несоодветно за нивната возраст.
     
  4. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    20години имаат,сестри близначки. нешто така едноставно како знак на внимание,таму тие имаат поќе од ние тука,ама друго е ко ќе знат дека со љубов е купено. :)
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Јас битно ќе си добијам пакетче, за друго-уво ме боли. 8)
     
    На Queen^^ и sweet-star им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Обично со другарките разменуваме нешто ситници, благо или нешто како ракавици/шал/интересни чорапки, папучи. Јас сакам пакетчиња :) макар и минијатурни. Поголема радост од пакетче за Н.Г. нема :) Лани имаше убави пакувања од најлепше жеље, разноврсни чоколатца во кутијата, манијак бев по тоа. И машни им врзував :D ама совршен поклон ми беа. Ги сакам и оние пакетчиња со интересни новогодишни колачиња и убави пораки закачени на нив. Такви работи :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ама пакетче си е пакетче :)
     
  7. Greg.House

    Greg.House Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Moже и пинџур :rofl:

    Подарок кој не бира години чоколада, многу чоколада :)
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^ Цела зимница :D

    Чоколадата или чоколадите нема да стигнат до таму, или ќе се расипат или некој ќе ги мавне по пат :D
     
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Значи поубав поклон за нова година од пакетче-дефинитивно нема.
    Сериозно!Колку и да изгледа смешно.
    Башка ќе биде различно од секојдневните поклони(парфеми,колекции,блузи итн) :)
    И ја сакам пакетчеее :rofl:
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Предлог за новогодишен подарок за својот сакан ?
     
  11. m.maci

    m.maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    За Нова Година сакам да добијам ГОЛЕМООО ПАКЕТЧЕ, :D и ГОЛЕМООО МЕЧЕ :lol:









    [​IMG]
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Шал,кожен паричник,кожен каиш,џемпер,парфем,привезок за клучеви (имаш убави во Божиновски ''Troika'')
    Убава новогодишна чинија/кутија,полна со домашно подготвени(од тебе) колачи...Друго не ми текнува :?:
     
  13. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    девојки ајде мала помош што многу ќе ми значи :) во дилема сум и навистина ми треба ваша помош, што да им подарам на сестрата и зетот на дечко ми? Нова година ќе бидеме со нив па сакам да им подарам нешто, а и бидејќи прв пат ќе одам кај нив во новата куќа па несакам со празни раце не е згодно и затоа секој совет ми е добредојден. А најмногу за ова ми треба помош :) се збркав од мислење :lol: за 6месечно машко бебенце кој е најдобар подарок, нешто убаво и нешто што му е неопходно и што најмногу му треба на едно бебенце, немојте да ми се смеете али тапа сум за овие работи :D
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    За Нова Година и Божиќ подарувам исклучиво благи работи или некои украси. На помалите членови во семејството им купуваме пакетчиња, па нормално на тоа најмногу се радуваат.
    На другарките им подарувам колачиња, хоум мејд или купени од марципела, затоа што ми се превкусни сите видови на колачиња од таму. Подарувам и украси, свеќи, снежни топки, лепенки за на ѕид, чорапи за подароци... И оваа година ќе биде исто, ќе купам честитки, чоколади, чоколадни бомбони, украси... Не се трошам многу, а сепак успевам да посветам внимание на сите вака. Може да купам и капчиња, ракавички, шалчиња...
    Не практикувам купување на парфеми, колекции, облека и аксесоари, Нова Година не ми е повод за купување такви работи. А и што ќе биде ако на сите почнам такви работи да им купувам, денар ќе немам. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    незнам..јас до сега само кесиња т.е до полани за нова година немам некој подарок добиено аа немам ни па купено..аа баш сакам да си разменуваме подароци цела фамилија ама тоа е не ни е навика хаха ;)
     
  16. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Со душа ги чекам овие празници. Сакам да подарувам новогодишни подароци, а сакам и да добивам.
    Ако можете да ми кажете што да и подарам на мајка ми ( 38 год. но така на помлада личи хаха) :D ?
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.899
    Допаѓања:
    123.120
    Отсекогаш под елката имало еден куп пакетчиња,уф која радост ^_^
    Мајка ми одсекогаш била наш Дедо Мраз,така и не натера да верува во него,секогаш не тераше да пишеме писмо што сакаме за Нова година а таа ќе го пратеше :D ,и под елката Дедо Мраз тоа и ни донесуваше :lol:
    Ех кое разочарување,имав 7 год и тоа,кога случајно кај моите во спална најдов 2 кукли кои баш таа година ги сакавме со сестра ми и дознав дека уствари Дедо Мраз не постои :(

    Порано купував ситни поклончиња,а сега кога земам плата малку повеќе.
    Обично знам на најблиските што им е желба или планираат да купат па тоа им го земам.
    Сестра ми знам кои чизми ги мерка и ќе ги добие.На мајка ми планирам шал и некоја блуза,џемперче.На маж ми кошула,на баба ми џемпер oд Тeтекс,исклучиво :D ...уф ќе се испотрошам :sweat:

    Ама ќеф ми е а и знам дека ќе добијам :D
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.367
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Оваа година на дечко ми ќе му подарам пакетче! И тоа не од оние готовите, туку јас ќе му го направам. Знам што сака да грицка, што не. Баш ќе се изненади.
    Претходните години му подарував шал, новогодишни украси, рамка со наша слика, рачен саат. Оваа ќе го вратам малку во детството. :)
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Му токмам интересно подароче, ако успеам да најдам асално место каде убаво принтаат сликички на чашки. Не, скраја да е - нема да биде наша слика, ами нешто што многу го интересира.
    И ќе му ја наполнам чашката со чоколатциња, бајадери и марципан компирчичи! :!:

    На моите и на најблиските им купив тука-таму по некоја ситница како и секоја година.
    И да, очекувам самопрајска честитка од брат ми. :D
    По којзнае и кој пат, ама ептен е оригинален! Впрочем, кое дете не е. :)
     
  20. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Кога бев мала обавезно добивав подароци од моите, пакетчиња полни со чоколади, боенки, боички, кукли, мечиња, облека, сега парички ми даваат. Ама оваа година имам парички и ќе ги изненадам, ќе им купам на сите по нешто!
    Лани бев на патување и се вратив на бадник, па им донесов на домашните по нешто, а јас добив вредни подароци од нив, мобилен и пари :)
    Само се мислам за момчето што да купам... Зимурлив е дечкото, па еден џемпер најдебел мислам ќе заврши работа :) парфем не сакам да купувам, луд е по часовници, ама се некои марки му се свиѓаат за кои неможам да потрошам толку пари.
    За другарка ми и дечко и исто ќе купам подарок, може со нив да се видиме утредента после нова год, па да не одам со празни раце. Ама сигурно нешто ситно и за нив, украс некој за момчето нејзино, а за нејзе некое ланченце или марама убава дебела.
    Тие ми се плановите, се надевам ќе имам време и доволно пари да купам за сите, ако не ќе бидам поскромна :)