На оние што навистина ми значат им купив, мали цедалки во кои се става природен чај, и се држат во чаша додека се пие чајчето, направив ланчиња, книги, ракавици за во кујна, шал, путер за тело, и на моја Мила многу ситници..
Јас на дечко ми стандард му подарувам книги. И тоа се некои кои ги барал, и неможел да ги најде или нешто што знам дека ќе го интересира и секогаш успевам да го израдувам. И тој на мене обично ми подарува книги и пакетчиња на кои се радувам како мало дете, и кои секоја година се поголеми и поголеми На сестра ми ќе и купам пакетче и едни интересни шољи со новогодишни принтови на нив, затоа што обожаваме да си седиме и пиеме чајче и какао по десет пати на ден. Во принцип обожавам да подарувам чоколади, кутии чоколадни бонбони, благи работи и колачиња, бидејќи јас би сакала да добивам чоколадни работи па ете мислам сите сакаат.
Нешто што сум го сакал за празнициве, а никогаш не сум го добил е... џемпер. Знам смешно е, ама од секогаш ми биле интересни оние филмови, кога дечкото очекува којзнае што, а од бабата добива црвен џемпер со снегулки А подароци на кои се радувам како да сум добил на лото се книги и чоколади
Обожавам да му спремам поклони на мојот помал брат, пакетче и неколку подароци. Оваа година ќе ги прескокнам другите за подароци, инаку секоја година добиваа моите блиски другарки и секако дечко ми
Сакам на дечко ми да му купам шал за Нова Година па ме интересира да ми кажете која цена отприлика се движат и каде има поевтини затоа што не сум баш при пари ќе мора да кратам од доста работи за да соберам ?
Дечко ми ќе добие некоја ситница, за домашниве не знам... Ќе има нешто и за бебенцето на другарка ми, ама уште не знам што. Ќе смислам за некој ден, кај и да е А јас веќе си порачав паќетче на дечко ми му кажав директно - сакам паќетче. Ми се изнасмеа, ама ај се надевам ќе ме послуша
Јас абер си немам да размислам на кој што да купам некако сеуште не ме фатила онаа новогодишна еуфорија.. секој ден си велам: Ај рано е, има време ќе смислам нешто
Јас веќе почнав со купување за најблиски,за сите ќе има по нешто,обожавам да купувам новогодишни подароци,и да добивам се разбира
Епа вака бидејки на дечкоми сега во јануари му е роденден а јас му купувам подарок и за нова година , сакав подаркот да биде на едно , да не му купувам оделно ссега за нова година па за роденден сакав да му купам мобилен со андроид бидејки работи во странство за да може да се слушаме почесто.Има нов мобилен но за жал без андроид и нон стоп го носи да го декодира де скајп да напраи де ова де она и не бива ништо.Па мислам дека ке се израдува на тоа иако знам ке ми се налути бидејки ке му купам мобилен, многу е скромен тој.Епа сега што мислите дали е добра идеја тоа ? И би сакала да му го дадам баш на нова година во 00 : 00 часот бидејки до роденден можеби уште еден пат ке оди во странство. Кој е најдбриот начин за да му го дадам мобилниот со се кутивче ? Или некако да му го извадам неговото бројче демек моето не раб да го ставам во новиот телефон и да му зазвонам а при тоа да му го ставам некако под маса без тој да ме види ?
Јас не би му купила телефон. Пред се, затоа што вие сте дечко и девојка, а не маж и жена. Тоа е првата разлика. Не знам дали ти имаш свои лични примања, ама и да имаш, велиш дека дечкото е скромен, зарем сакаш да го посрамиш и да направиш да се чувствува непријатно? Има мал милион подароци кои пријатно ќе го изненадат, па макар веќе да си му купила нешто, отколку мобилен телефон, така да мене идејата воопшто не ми се допаѓа...
заслужува и многу повеке и мене ми е срам да му купам некој мал подарок бидејки ми има купено навистина мноооггу вредни поклони. па сакам и јас да го изненадам со нешто што навистина ке му се најде
Кутивчето завиткај го во украсна хартија и врзи црвена машна. Мислам дека нема да очекува повреден подарок во мало кутивче. Ем скромно, ем со внимание
Заслугата не се гледа во материјалните работи. И добро, тој тебе ти има купено вредни поклони, ама тој работи, а претпоставувам дека ти не, така да... На крајот на краиштата не можеме да ги израмниме сметките, тоа не е позајмица, тоа е поклон.
Мојот подарок оваа година за мм, односно нема да биде само за него и за моите најблиски ќе биде синот/внукот што ќе го родам. И сигурна сум дека нема да згрешам и сите ќе бидат пресреќни, задоволни и ќе се израдуваат многу повеќе од било кој подарок купен со пари