Доколку имате можност посетете го Манастирот Св. Богородица кој се наоѓа во селото Вељуса. Покрај неговата тивка убавина токму во овој манастир ќе пронајдете интересни, специфично-ретро големи лампиони кои би можело да ви послужат како идеални подароци. Би можеле со истите да направите Божиќна икебана или пак едноставно да ги подарите некому, бидејќи лампионите сами по себе се преубави. Лани од таму си купивме со мајка ми по еден и ни се посебно драги. Се надевам и годинава ги има.
Ние со мм, на дечињата им купувавме новогодишни чаши,тањири, на бебињата лигавчиња на кое пишува мојот прв Божиќ, потоа ангели и дедомразовци плишани, пакетчиња.....различни подароци.
Долго време сакам на дечкоми да му купам мобилен со 2 камери со андроди и др глупости за да може секој ден да се слушаме во странство. И денеска конечно порачав мобилен. Се надевам се ке биде во ред ке ми тигне набргу и дека ке се израдува
На дечко ми и другарка ми ќе им испратам честитка, вчера баш купив една поголемка што свири, а него плус ќе му купам слушалки за пц, ќе ги завиткам во нешто црвено со голема машна. оф топик: Како се адресира пликото? Што каде треба да стои? Не се смејте, али не памтам кога последно сум испраќала
На дечкоми ке му подарам мобилен телефон ( наменет за неговиот роденден во јануари ) но ке му го дадам сега за нова година , бидејки тоа е за роденден, за н.г ке му купам некоја колекција или боксерици и нешто друго, и плус некои чоколадца и сл. Телефонот ке го спакувам во кутија со голема машна и кутјата ке ја пуштам во новогодишно пакетче со другите работи.
Девојки, имате многу убави украси во Вучко на намаление. Мајка ми денес поминала таму и не додржала срце да не купи нешто Ако имате мали дечиња на кои им давате подароци, таму имате многу интересни новогодишни украси
Многу сакам да купувам подароци, а сега со мојата ситуација и последниот денар би го дала за нечија искрена насмевка од мојот избор. На дечко ми му купив стаклена табла со 9 чашки во вид на играта X/O. Ќе ни се најде за во станот, јас мислам 10 чекори предвреме, живот имаме пред нас и планирам да џиткаме многу ракиички и текили заедно. Мајка ми вика да му земам и едно шише текила, глупаво била таблата да оди така „на суво и голо“ , ама он има предобра ракија, нема што јас тука да се мешам во ракиџискиот бизнис. Другото подароче е практично - слушалки за телефон со такви мекани силиконски што одат во увце, оти од пластиките ми е преку глава. Третото изненадување е многу убаво, ама не го кажувам, најпросто е од сите, ама толку инвентивно со добра порака... тоа е наместо честитка, ќе ви го кажам по Нова година, ако сака некој да го искористи за друга прилика. На татко му - книга. На брат му - 10 евра у плико. На другарка ми - кармин и честитка. На мама - една четка од Авон и некоја козметика. На татко ми - Ритер спорт мини чоколатца и + честитка во сандаче. На баба и дедо - традиционално троделен календар, пенкало, нотес и новогодишна чинија со домашни колачи. Остана мајка му на дечко ми, тука се двоумам доста, можеби некој убав брош ама ретко налетувам на убави по мој вкус или марама, можеби мал чајник, чај од LaSoy со мала цедилка... или малку козметика и еден лампион... или мало минијатурно тавче за американски палачинки... многу работи имам во игра. Ќе поминам во Вучко можеби и некој украс ќе биде. На ТедиМендо.... НЕ ТИ КАЖУВАМ МЕНДО!!!
На дечко ми му подарив маичка. На другарка ми и подарив млеко за тело и спрејче. А добив книга од дечко ми и книга од другарка ми.
Дали во Скопје имате сретнато,маички со зимски мотиви,чаши и кугли исто така со зимски мотиви? Немам многу време да шетам а толку ми е времето..слабо стојам со идеи :/
Здраво драги мои.ми трева совет на дечкоми ке му подарам мобилен за роденден но планирам утре да му го дадам малку поранив но неножам да чекам до тогаш. Ми треба идеја како да му го завиткам.на кој начин да му гп дадам?
Nana19 Јас мислам во кутија за подароци, има и помали такви со разни шари. Ги има во цвеќарници, книжарнци...
Во ред ке се потрудам да најдам таква кутија и само машна ке врзам во спротивно ке га завиткам убаво ке му напишам картичка и ке врзам машничка. Ако имате некој предлог добредојден
JAs bi ti predlozila da kupis 2 takvi kutii. edna pomala za mobilniot, i taa da ja stavis vo edna pogolemka, i plus stavi nekoi mali cokoladca vnatre. i nekoja karticka so ljubovna poraka