1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишни и божиќни подароци

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 10 декември 2010.

  1. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    луѓе помош! имаме игра на работа и си купуваме поклони. бидејќи сме голема фирма, ми се падна колега кој воопшто не го ни познавам. што да му купам на некој што не го ни збсм? имаме буџет од 400ден :/
     
  2. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Можеш некое убаво шалче, капа.. :)) Анализирај го неколку денови со ред може ке ти дојде некоја идеа.. хехе :))
     
  3. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    ахх дс напоменам.. не е од скопје, работи во продавница во друг град и што е најтрагично, нема ни фб! :)да беше женско ќе ја решев со некоја книга. ај може и за машко да најдам нешто
     
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    И ние исто имаме игра (secret santa), само јас сум надвор од Македонија. И мене ми се падна еден колега што не го познавам многу, планирав пијалок, но најдов убав масажер и тоа купив :) инаку и капа шал е добра идеја или паричник.
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.893
    Допаѓања:
    123.067
    Купувам на најблиските.
    Еве оваа година за сестра ми купив блуза, за мајка ми телефон ,на маж ми ќе нарачам парфем, за најблиските дечиња пакетче и некое алиштенце/книже/играчка...
    Изгубив навика да купувам честитки и тоа ми е криво :(
    Тоа ми беше најмагичниот дел, ги собирав како дете и само си ги листав ... Имаше чичковци што само честитки продаваа,па бирај бирај за кого каква ...:)
     
  6. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Што би подарали на мајка, татко и свекрва за нова година? Помош :worried:
     
  7. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Зависи од луѓето и од тоа колку сакаш да потрошиш. Ние фамилијарно си подаруваме симболични, но внимателно и убаво спакувани подароци. Како за мајка/ свекрва можеш: божиќно цвеќе (божиќна ѕвезда), да направиш куглов и да го ставиш во новогодишна чинија, шал и ракавици, топли папучи и чорапи, по маркетите има убави божиќни бонбоњери, во ДМ има спакувани сетови козметика, божиќна икебана за на маса, книга... На татко ми обично му поклонуваме некој пијалок, квалитетни темни чоколади, чорапи, шал.
     
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.837
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Баш сега видов во дм има сет од 3 мали путери за тело на Алверде со божиќни мириси, тоа пр би и го купила на мајка ми. На свекрвата можеби новогодишна чинија за на маса, баш вчера си купив од Џамбо, или како што ти предложиле божиќно цвеќе. За машки ми е секогаш проблем, најверојатно исто некој сет за мажи би купила. Исто и книга е убав подарок.
     
  9. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Порано купував само на тетка ми. Сега бидејќи не живеам во МК а за Божиќ се враќам за Мк сакам да им однесам нешто.

    За мене и дечко ми пижами.
    На тетка ми ташна.
    На мајка ми машина за леб и куфер .
    На една другарка куфер.
    За мене исто куфер.

    Упс, дали јас за време на Корона на сите куфери за пакување изнакупив? :^)
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Идеа подарок за чупе за Secret Santa?
     
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Зависи од тоа колку пари си спремна да дадеш и секако, колку давате сите колеги/пријатели отприлика. Не би било убаво твојот подарок да отскокнува
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    До 600 ден :)
     
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Шал/марама, едноставен накит бижутерија, книга (иако за последново, реално, постои можност да не ја погодиш)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.837
    Допаѓања:
    5.179
    Пол:
    Женски
    Доколку користи шминки за тие пари можеш да и купиш убава палета сенки. Или евентуално некој сет од ДМ. А можеш и капа или шал, имаше фини во Котон и Ваикики.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Има одличен избор на козметика до таа цена. Мислам дека тоа би било добар избор.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.101
    Допаѓања:
    13.484
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сум на право место, ама зашто ми е потребен подарокот дедо мраз да го донесе да си прашам :)
    Да не случајно некој знае каде може да најдам од детските сетови за правење алки ама да се со букви монистрите за да може да се напише името?
    Се надевам дека добро објаснив
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Просветно дело провери
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cherryblossom9

    Cherryblossom9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    90
    Идеи за подарок за маж и жена околу 45год.. блиски пријатели ни се ќе чекаме заедно нова година па се мислиме со партнерот што да им земеме? Тнх(fingers)
     
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    Не е активна темата. Ама ај да пробам. Добив неколку Милка пакетчиња за детето. Ги испратив кодовите по СМС, сеа читам на правилата на играта, ако ми се падне награда фискална сметка ли бараат? Па не си ги купував сама, кај ќе најдам?
     
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Кодот ќе си го чуваш
     
    На cresa-jagoda и DarkStormm им се допаѓа ова.