Ова навистина нема логика. Прво затоа што се работи за новогодишни пакетчиња кои скоро секогаш се купуваат како подарок, а второ кога веќе се учествува со код, а не со податоци од фискална, доволен доказ е тоа што го имаш кодот кој патем е со печат на него. И јас имам пратено, ама немам фискална и тешко дека некој ќе има.
Зависи за кого е поклонот. Обично купувам книга, чоколадо. Ако е за близок, давам нешто што има повеќе значење.
Јас сум на иста мака.. Мислев да земам ваучер од ДМ 500 денари, книгата една до кај 400 денари, и една новогодишна чаша до кај 200 денари највеќе.. Немам друга идеја, не сакам да купувам марама или шал бидејќи не знам дали ќе и се допадне, немам нешто многу муабет со неа, а книга би и земала некој бестселер.
Ракавици, сега секаде ги има. Во Синсеј гледав убави околу 350-400 денари беа. Лак за нокти некој убав. Шоља за чај, во Литература МК имаше многу убави. Некое сетче од Локситане, ако ги имаат на залиха во продавница овие што се онлајн прикажани. Малечки се, убаво спакувани и козметиката е убава. https://loccitane.com.mk/mk/product-category/festive-limited-editions/ Ваучер од 1000 денари за Ист Гејт.
Јас сакам да напрам листа на профили кои многу ми послужија периодов: Здрава Станица Шеа Мудлајт Скрабл ап Сиора Игнеа (моментално имаат giveaway со Веган Вики) Мистик Фликер (исто така имаа активен giveaway) ЛаСојЛаЧа Моки Комфи хаг Најефтино шо се наоѓа беше мислам 400, па се до над 1к сите со цените. Голем дел од нив имаат и тематски производи.
Во веро џамбо да отидеш и после до ДМ, сигурно ќе најдеш нешто. Прекрасни работи има во џамбо, што не изнакупив и за себе и за поклони за сите годинава. Јас земав за поклони прво тематски новогодишни украсни кеси што се како со врзување тие или кутија поголема зависи за кого ми беше планиран поклонот и така во зависност од големината на кутијата/кесата ги полнев со разни производи поклоните . Ми излегоа како пакетчиња за возрасни. Земав неколку украси новогодишни (имаше најразлични работи да се купат од 30-40ден па до 200-300 и повеќе зависи што сакаш), новогодишни интересни чаши (имаше преубав избор од 100 до кај 250 денари беа тие поголемите и имаше интересни дизајни како за слики од пинтерест), миризливи свеќи што се со доста пристапна цена и после од ДМ купував лабело, нешто за нега на тело, ако знам дека некој се шминка и кармин во некоја нјуд нијанса купував, благца новогодишни и ми излегоа преинтересни подароците годинава, а за секого 500-1000ден максимум потрошив. За некого земав и шал, капа, ракавици, новчаничиња мали, книга со новогодишна тематика, зависно за кого ми беше поклонот. Оваа колешка дека не ти е блиска, најдобро некои украси, свеќи, чаша, нешто по обично за да не утнеш. Убаво ти дадоа идеја и ваучер некој дека може да дадеш иако тоа не подарувам, безлично ми е, покрај толку идеи ја само така ваучер да подарам некако мех ми е. Има многу идеи за периодов.
Ако е зимурлива има во Quicksox преслатки чорапи топлинки околу 500 денари се мислам но исто ги комбинираат некогаш и со чаши и се до 1000 така што ете, многу убава идеја особено за празнициве
Мене ми треба исто така идеја.. Сакам на сестра ми да и купам најобични сијалички за во соба, гледав во џамбо ептен се скапи и ми треба нешто budget friendly, каде да побарам? Базаро? Декември ми е no-spend month и гледам колку помалце да трошам Лани ова време купував свашта како луда годинава супер ми оди со (не) трошењето пари на глупоштарии.