1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишни и божиќни празници

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ALISA0000, 25 ноември 2018.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    151.634
    Ајде да помуабетиме како ги тераме новогодишните и божиќните празници
    Дали и колку ви прави кеиф сето тоа украсување по дома со елки украси тракатанци ?
    Колку пари даваме неосетно за лампиони ,елки украси,покривки и такви ситнурашки?
    Дали сета таа енергија и атмосфера ви подобрува разположение ?
    А да и новогодишните кесиња да не ги изоставиме тука дали дарувате дечиња само на блиски луѓе или и на малце подалечни роднини пријатели другари?
    Може да ставате слики од вашиот дом како е украсен

    Друго исто така размислувам колку тоа ние храна купуваме за тие новогодишни и божиќни празници ,па маркетите се фулл народ се пазарува се купува мислиш војно стање се спрема хехехехех

    Еве јас прва да скршам мраз хахаха
    Верувале или не јас мислам дека повеке се радувам од малите деца на овие празници
    Обожавам да ми е дома накитено средено со украси покривчиња па и перничиња новогодишни
    Цела таа атмосфера ми е убава и пријатна па затоа уште од пред некој ден изнакитив (facepalm):lol::lol:
    Искрено мислам дека ние премногу пари плискаме за овие празници па тоа храна се купува се спрема а после па ке фрламе Па каде без кифли руска аааа ???:rofl::rofl::rofl:Ами каде е печењето бишенце пиленце??
    А до скоро не знаев имало финта на нова година пиле не се јадело .Ааааааааа?
    Нека сме живи и здрави само тоа е најбитно да е фамилијата на купче
    Пакетчиња гледам да купам само на тие најблиските внучиња од брат сестра
    Моиве се поголеми и веке не сакаат пакетчиња кај се лажат за пакетче кај нас за телефон се прегова сеа хахахах
    ако ми е згрешено местото за темата модераторката нека преместе
     
    На kikin, zhap4e, Dust и 12 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    13.958
    Јас само ќе кажам дека како што растев се помалку и помалку ја чувствував таа празнична предновогодишна еуфорија. Не знам која е причината но денес сета таа фама и тој период на украсување и сл. за мене нема значење. Колку и да се трудам не можам да ја почувствувам таа радост од детството...
     
    На mssuniquee, Amelia, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.167
    Допаѓања:
    1.048
    Пол:
    Женски
    Имам 21 год и се уште ми фали пакетчиња со поклон од дедо мраз а не телефон хаха
     
    На SwanMay, Mari*, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tri_Bubacki

    Tri_Bubacki Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку години немав мерак, повише се радував што нема да одам на работа за празници па таман да одморам по дома.
    Ама оваа година ќе ми биде прва Нова Година со бебушките, така да и се радувам иако они се уште ништо не разбираат, сеедно...со мерак ќе ја чекам:)
    А и од увек имало некое весело расположение во цел декември месец.
    Најбитно да сме живи и здрави и да си ги поминеме празнициве убаво со најблиските:l:
     
    Последна измена: 26 ноември 2018
    На pianogirl, Dust, Mari* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    151.634
    Цело време го мислам истото
    Дали е до времето дали до луѓето или едноставно ни се менуваат гледиштата во животот
    Порано немало толку украси лампиони елки трпези сосе и свашта ама мислам народот ,луѓето биле посрекни Денес има се и свашта нема шо нема ама тоа искреното чуство на срека се поретко и поретко го има
    Шо ни се деси на човештвото шо се претворивме во луѓе од камен
     
    На Mari*, GoodGirl45, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.974
    Допаѓања:
    166.510
    Пол:
    Женски
    За новогодишните и божикните празници кој помалку кој повеќе, се трошиме, навистина. Ама не сум против. Се што ни ја храни душата поддржувам.

    Среќата и насмевките на најмалите се заразни, оти никој не може да им остане рамнодушен, па сред двоумење и мрштење ќе те затекне убава чиста енергија, па ќе се фатиш себе си како веќе си почнал да кроиш желби, планови и надежи за некогаш тешко дофатливото - подобро утре, во годината што доаѓа. :)

    Изнакупив и јас еден куп џиџи миџи, од украсчиња, што за мене за маж и мачор реквизити за новогодишната фотка, си го земав и најголемиот Рудолф од маркет :$ до новогодишни крпи за во кујна. (facepalm)
    Што би рекле постарите, за убаво нека е само. :)
     
    На zhap4e, Dust, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Новогодишните и Божиќните празници се период во годината каде имаме слободни денови и сите сме дома на купче.Тоа е прекрасно.Ние обожаваме да украсуваме по дома и тоа го правиме сите заедно.Сепак мислам дека порано имаше поголема магија и Нова година и пакетчина и честитки си испраќавме, а сега некако е се по скромно луѓето ја изгубиле желбата за празнување и сето тоа е разбирливо.Морам да кажам дека материјалнта и економската состојба има голем дел во нашата "скромност".Сега доаѓа нов сегмент во нашиот живот моментално две и пол години живееме во Германија.Овде дефинитивно најубав период од годината е предбожиќниот.Се е толку убаво атмосверата е толку убава се е во знакот на Божиќ.Се купува, се украсува,се живее за овие денови.И луѓето купуваат украсуваат и поклонуваат.Се организираат фестови собиранки дружби.Се живее за овие денови.
    Ние секоја година па и оваа планираме да направиме пакетчина и Дедо Мраз да дојде и да им донесе на децава.Е сега имаме прашања од децава зошто Германциве го празнуваат на 24 Декември а ние на 7 Јануар Божиќ и на училиште сите деца кажуваат што поклони си добиле за Божиќ.
    Мислам дека е важно срцето да биде исполнето со љубов радост и нормално најважно е да правиме тоа што не прави среќни.
     
    На Dust, 24.07, Mari* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Секоја година, на крајот од ноември и почетокот на декември, јас иако повеќе не сум мало дете влегувам во таа новогодишна еуфорија. И секогаш си имам традиција, која започнува со китење на елката, китење на домот, правење колачи, а за целото тоа време слушам Christmas album - Frank Sinatra. Мали деца во потесното семејство барем сега за сега немам, па немам кому да му подарувам новогодишни пакетчиња. Обично си купувам сама едно за дома и си уживам во него дури и на 23 години. :D
    Потоа следува периодот кога се почесто се собираме со семејството и пријателите, си купуваме и разменуваме подароци, излегуваме, се забавуваме, прославуваме. И без разлика колку години и да имам мислам дека секогаш овие празници ќе ми бидат најубавиот период од годината. :inlove:
     
    На Dust, 24.07, Mari* и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.315
    Допаѓања:
    91.432
    Пол:
    Женски
    Веќе почнав со слушање на божични песнички и гледање на божиќни и новогодишни филмови.
    Ова време од годината веќе се буди детето во мене.
    Јас средина на декември почнувам со китење елка,вадење декорации, тањири со таа тематика шољи за чај/млеко.
    Сеалички да трепкаат каминот да ми гори па уште кога врне снег ролетни кренати идила.
    Навистина уживам :inlove: некако се ми е романтично и бајковито.
     
    На Dust, 24.07, Mari* и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Топла љубовна атмосфера, дозирана со цимет, медењаци и други печени колачи, црвена боја, малку снег и честитки со сребрен прав.:f:Листа од божиќни филмови чека:inlove: А читањето книга додека во позадина светат ламбички е започнато.Преубави ми се деновите тогаш, оти нема подобро чувство од заедништво, дружење со пријатели и роднини, барање подароци за секого ....Како минат годините, многу поголемо значење има за мене периодов и се повеќе го сакам:l:
     
    На senza.parole, Dust, *Ench@nted* и 12 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Многу ги сакам овие денови.
    Ме потсетуваат на топол дом и хармонија.
    Се трудам и јас да ја пренесам ,,топлината,, на својата фамилија како што мајка ми ми ја пренела мене.

    Секоја година велам ,,доста е украси, тањири, перничиња... нема купување веќе,, и никогаш не сум го испочитувала ова:D.Секогаш има нешто на кое неможам да одолеам.
    И не ми е криво што купувам.

    Задолжително ги посетуваме родителите, имаме заеднички ручек кај нив сите собрани.

    Купувам поклони за децата од брат/сестра..и се радувам што ќе давам поклони, повеќе од нив.

    Гледајќи и читајчи тука, полека ме фаќа еуфорија:drunk:
     
    На Dust, dunika, 24.07 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Новогодишните празници ми се омилен период од годината.
    Едноставно уживам во целата таа атмосфера, надвор снег, внатре топло, декорации сегде околу мене, елката блиста, рандом новогодишни филмови на тв, рекламите од кока кола :D
    Треба да ја оставам картичкава во нечии сигурни раце, пошто во состојба сум сите пари да ги оставам во продавниците, да изнакупам украси таман колку да се накити цела Македонија.
    Секогаш ми текнува кога бевме ептен мали со брат ми, и собиравме ситно пари, за да кога дојде нова година, да купиме бар по неколку нови лампиони. Толку можевме. Имавме мала елка и кутрата неколку пати се превртуваше од што беше пренакитена :D Мали деца и декорации :party: И велев на мајка ми, кога ќе имам пари еден ден, цела плата ќе оставам за украси. Така и бидна, ама ако :inlove:
     
    На zhap4e, dunika, 24.07 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Мммм омилена тема. Обожавам се во врска со божиќни и новогодишни празници, украсувањето, подарувањето, филмовите,музика, самата атмосфера,па дури и снегче ако има мх мх мх .. и да сум 50 годишна пак исто ќе се осеќам.. не за џабе во песните велат IT'S THE MOST WONDERFUL TIME OF THE YEAR :l::l::l:
     
    На 24.07, Mari*, toogood и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    151.634
    Лелеле кути ви ги читам постовите и такво убаво чуство на мир и благосостојба ме одзеде неописливо .....
    Мее па ми остана како траума нека сум била 7-8 години коа ни ги украдоја од подрум цел пакет со лампиони

    сега ми текна дека и од колаж правевме како ланец за украсување на елката со разни бои и ги лепевме со оној лепакот во округла кутија со лажичка
     
    Последна измена од модератор: 26 ноември 2018
    На GoodGirl45, lovestoneddd, Emma2 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.118
    Допаѓања:
    43.658
    Пол:
    Женски
    Како мала многу се радував на Нова Година, китење елка, поклоните од Дедо Мраз..таа еуфорија ми траеше дур не дознав дека Дедо Мраз на постои :rofl:
    Сега ми е онака сеедно, таа една вечер не ми значи ништо посебно.Секогаш за НГ сум била во добро друштво, славам уназад 4-5 години со друштво и супер си проаѓам ама пак не ми е нешто wow.
    Повеќе се радувам за празниците пред и после Нова Година.
    Фамилија, храна, дружење..мераци :P
    Мајка ми е секогаш таа што готви, јас и татко ми јадеме :$
    И јас помагам во спремањето ама колку можам и знам.Повеќе сум да го изедам тоа што ќе го направи.
     
    На Amelia, 24.07, fina erika и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сета топлина потекнува од ваквите празници и после есента, зимата ми е најубав период.
    Обожавам да украсувам низ домот, мојата соба и на прозорците. Секоја година ни е украсена и тарасата.
    Имам голема елка и иако сум голема сеуште собирам пакетчиња.
    Обожавам да правам Новогодишни слики и да гледам новогодишни фотографии.
    Божиќ е денот кој се спојуваат сите насмевки и владее хармонија.
    Ниту еднаш нема згаснато хармонија и еуфоријата на дочекот на Новогодишните и Божиќните празници кај мене.
     
    На Dust, 24.07, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  17. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    5.303
    Пол:
    Женски
    Искрено, веќе ништо не ми значат посебно и се помалку чувствувам еуфорија околу себе. Не ми се кити, ниту елка, ниту сијалички, и така преполн простор ме вознемирува и ме гуши, уште украси ми фалат кои и онака собираат прав и ништо повеќе. Дома и така се пренатрупано со детски ствари, шкртки по зидови, а јас копнеам по минимализам и простор. Што се однесува до мене, годинава слободно може да мине без ниту еден украс, помалку обврска со кревање, раскревање, мкнење по подруми, бришење прав од застоени украси кои само ги надополнуваме со нови слични на нив.Не сум по храната, па може да минам со секојдневни оброци, без посебни закуски, онака како и секој ден.Божиќнине и новогодишни песни со ѕвонци и прапорци исто not my cup of tea. Може ова бидејќи секоја нова година ја чекаме во исто опкружување, може дека нема многу неработни денови, посебно оваа (последните две-три со сопруг и дете дома, порано во гужви), а секоја исто па исто, истата работа, истиот живот, никаква посебна промена, тоа па тоа. Некако сум изморена од се и не знам за што би славела. Може за некоја година, малку да потпорасне детево и ќе се дружиме со некои блиски со деца, ама оваа знам дека ќе заспие рано, така што ниту сме за одење, ниту пак обратно некој да ни дојде, а да нез борувам за тоа што овој период некој задолжително се разболува. Од друга страна, се помалку ја чувствувам таа еуфорија и во градот. Едвај да е накитено, секој ден со часови се мкнам до дома по гужви, автомобили свират, секој гледа дома да дојде, народ смуртен, несреќен, незадоволен и нормално празниците не му менуваат ништо.Кога бев помлада, живеев за овие денови и со нетрпение и возбуда се спремав за дочек, а сега сум сосем во поинакво расположение.
     
    Последна измена: 26 ноември 2018
    На Amelia, Bozica1980 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    217.913
    Пол:
    Женски
    Мајка ми од секогаш ми велела дека среќата на еден човек и хармонијата во себе си е баш во ваквите мали нешта, дури имаше период кога воопшто не ги забележував овие празници а не пак да им се радувам и да придавам важност во китење и славје.. е во тие моменти таа ме учеше како да го влечам максимумот и позитивата во мене, да се радувам во венчињата, лампионите, елките и слично, лично мене секогаш снегот надвор на овие денови ми бил најубав и најхармоничен синоним за славје, китенки и ручеци со блиските.

    Многу ги сакам снегулките и мрзулците исто така и сијаличките.
    Се сеќавам како ме учеше уз песна да украсуваме и редиме без разлика на паричната вредност на предметите истите денес ми будат надеж, желба, позитива, очекување и реализирање на најмили нешта. Поготово кога човек е со фамилија отстварен, маж деца еве од моја гледна точка денес многу повеќе се радувам за разлика од како девојка која што ме интересраше да се дотерам и убаво да си поминам со друштво во новата.

    Денес ми буди идила за хармонично семејство, топол дом и детска радост.

    Мене синоним за ваквите празници секогаш ми била руската со кифлички, па сум месела дробела без разлика на умор. Исто така поштувам и божиќни украсни колачиња и торти. Толку.

    Ама многу повеќе сакам да шетам на снег и да гледам во позадина елки со сијалички и слични дрангулии.
    Новата без снег не ми е баш некако во буквална смисла на збор нова.

    Божикот ми е исто така хармоничен, убав ден во кој што месам куклиња насабајле, правам љутика, зелник со праз, риба и гравче. Се трудам. Месам лебче со пара и баклава.
    Зачинето со син ми денес е она правото и вистинското :l:

    Имало празици во кои што сум само чекала да поминат за да се спасам од тагата и самотијата без него. Јас на еден крај тој на друг. Тешко ми беше претешко. Кога гледав љубов на сите страни а јас ја немав беше далеку.
    Па едвај чекавме да поминат деновите за да ги дочекаме оние нашите.
    :l:

    И прљзниците не се празници без љубов и со многу осаменост. Се нешто си носи свои љубови и хармонии, емоции..

    Сметам дека праниците ни се зачинот во домот :l:
    А она што сепак најсилно блеска се луѓето и децата околу нас.
     
    На zhap4e, happygirl, Dust и 20 други им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    151.634
    лелеле витаминке постот ти е :inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На vitamina, fina erika и Milobebence им се допаѓа ова.
  20. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Најубавиот период во годината . :clap:
    И мене како и некои други членки овие празници ме потсетуваат на топлина, дом, хармонија,семејство. :inlove:
    Растев во дом каде што украсување и славење на овие празници беше со церемонии и уште е!
    Мајка ми секогаш знаела овие денови да ги направи посебни и поразлични од сите други :l:
    Сега јас се трудам барем приближно истото да го правам .
    Сакам да си имаме некоја традиција дома, која ќе си ја почитуваме секоја година ,почнувајки од оваа година бидејки сега син ми разбира повеќе.
    Во план ми е заедно да ја китиме елката оваа година. Син ми има (за некоја недела) 2 години па можете да замислите како ќе оди китењето:D Ама ако, се радувам премногу. Ќе направам овие денови за сите дома да се полни љубов и да уживаме.

    После нг, одиме на ручек кај моите. На Божик му е роденден на маж ми, именден на брат ми така да тродупло славиме.Ручек кај свекрва ми , вечера кај моите.

    Сакам снег, многу многу се надевам оваа година ке натрупа толку многу да не можеме да мрднеме од дома :lol:

    Стварно нема ништо поубаво ....
     
    На zhap4e, happygirl, vitamina и 10 други им се допаѓа ова.