Јас чекам да дојде Декември ,па да ја китам елката.Мала и скромна е,но и убава. Многу ги сакам Новогодишните и Божиќните празници.Мајка ми ќе направи кифли и Руска Салата и ќе зготви некое месо.Го сакам вкусот на сето тоа во комбинација со оригинал Кока Кола. Битно ми е дома да славиме заедно,а подароците не ми се. Без расправии,собрани сите заедно,полни со нови надежи за подобра година.....Се надевам дека ќе биде така.
Декември ми е најубав месец. Ја обожавам претпразничната еуфорија, накитеното, раздвиженоста, а пред се празничните филмчиња кои ми делуваат како бајки за возрасни и макар за момент има некоја магија во тој период. Надежта која си ја гаеме дека кога ќе се преклопат сказалките ќе почне нешто ново, нешто поубаво. Поентата на празниците е да се застане за кратко од секојдневието и да се посвети внимание и време на најблиските. Да се собереме на купче и да се потсетиме што е важно во животот - сите да сме здрави и сите на купче. Не е поентата во трошењето во изобилството храна и ви подароците туку во симболиката зад истите. Китењето на елката ми е радост како на мало дете. Дури и кафето во шоља со новогодишен мотив ми има поубав вкус.
Нај убавата тема. Што повеќе се ближи повеќе еуфорија ме фаќа. Возбуда,возбуда и кај мене а и кај синко. Еве напуни 11 години а уште ме прашува дали пакетче ќе му дадам,не е толку до пакетчето колку што е до чинот. Повелете во мојот дом за нова година како во JUMBO да сте. Божиќ ме асоцира на хармонија и збирно место на фамилијата. За бадник обавезно гравче,риба,сарма,тиква костени и тако даље. За Божиќ печено месо,руска салата кифлички,погачици,и мојата омилена Васина Торта. Имам една традиција да го украсам виното пред да го отвориме. Ќе ви пуштам слика нахнадно.
Дечки незнам прашањево дали е за тука, но ако има пресно починат (нема една година) во куќата , дали се крши лепче на бадник? Знам слава не се чека, ама ова многу тешко го варам бидејќи омилен празник ми е
Заборавив да кажжам додека ја китам елката т.е малечко елкиче имам традиција ми е да пијам какао е па повелете од мене какао
завакво нешто никогаш не сум ни слушнала да дискутират некој па така да неам мислење По логика некоја ке се крше лебче ама нема да се става за починатиот парче
Кај нас за Василица се бара паричката,наместо на бадник,но никој не ни рече да не вртиме мазник,слава не се чека со гости,но за ова никој не ни рече не треба,за покојниот нормално дека не се остава парче
Пред многу години, елка китевме една недела пред дочекот за новата година и последниот ден од старата година беше навистина најдолгата луда и забавна ноќ, со оглед на тоа време што сите бевме во девет 21часот во кревет. Многу рано сега се китат елки, скоро месец и половина...ми нема драж тоа, нема веќе еуфорија...ма нема ништо, се е извештачено.китат дома за да се покажат на фејсбук... Ниту се радувам, ниту украсувам дома...исто ќе биде како секој посран смрдлив ден во оваа наша држава и со овој пуфлаџиски народ.
Да се крши, тоа е за здравјето на фамилијата. Нас поп ни кажа кога почина татко ми, дури и имаше своја слава земено и попот ни рече дека треба да си ја задржиме, мајка ми спрема ручек на тој ден.
Божиќ го сакам, сите сме дома на ручек убавини, ама новогодишните празници и таа еуфорија не од многу мала останав без татко ми се разболе околу тој период и ми има оставено многу лоши сеќавања... Како Гринч сум ..
Кога бев дете нормално како и секое дете се радував на нова година, на елка, пакетчиња, дедо мраз и сл. Но веќе не гледам на нова година како порано, исто обичен и секојдневен ден како и сите останати во годината, ни китам дома, ниту елка ставам, а да бидам искрена пакетчиња сеуште сакам да добивам само тоа ми ја враќа така таа детска радост (иако никој не ми купува)
Јас едвај чекам да ја китам елката. Оваа година почеток на декември ќе ја правам. Се мислам да сменам декорација ( боја) на лампиони. Отсекогаш сум сакала еве и уште исто се чувствувам. Поклончиња секоја година за сите правам и очекувам од истите Ќе ставам слика штом ја накитам елката.
Кај нас дома секоја година се обрнува големо внимание на украсувањето. Имаме лампиони во неколку бои, па секоја година се прави некоја различна комбинација. Лани беше црвено- бело- сребрено, а оваа година мислам дека ќе биде нешто со златно, не сум одлучила уште. Целиот салон се преслекува во новогодишно руво , од завеси, па до перничиња, прекривачи, украси, чаши... Има многу работа, ама просторот потоа заличува како куќата на Дедо Мраз Дома не сме големи јадачи, така да не се посветува некое посебно внимание околу храната, освен за Божиќниот ручек, кога се собира целата фамилија. За Бадник спремаме скромна посна трпеза, а повеќе се става акцент на традицијата и адетите кои се негуваат. Најтежок дел ми е раскитувањето, ама тоа “задоволство” им го оставам на останатите, затоа што јас сум задолжена за китењето Инаку, од сега отварам сезона на лимунатка Hallmark божиќни филмови, а во кола ми вртат божиќни песни. Посебно омилен дел ми е традицијата што ја започнавме пред некоја година, да си подаруваме со потесната фамилија некои мали и убаво спакувани симболични поклончиња. Било да е пар новогодишни чорапи или крема за раце од цимет или што било друго, сепак внесува многу радост А од моите, сѐ уште добивам пакетче ( по можност помеѓу чоколадите, со по некое евренце внатре )
Порано бев Гринч. Сега веќе не. Претерувам и убаво ми е. Но не експонирам сите да видат. Мислев дека нема да се претворам во мајка ми, ама еве го. Она е тој тип што уште еленски рогови не носи по улица за време на празнициве. Кога ќе чујам дека некој нема да кити елка... почнувам да го убедувам зошто треба да кити. А порано... екхм. Дома моите хепи, мери, надрндале ѕвонци и венци, а јас мрчам... Значи, да, станувам мајка ми...
Па со години веќе не ја чуствувам таа атмосфера новогодишна. Овој период го сакам ради тоа што сум дома, а ладно е и си одмарам.
Gi sakam cestitkite. Ne samo na Fejzbuk da ti cestita nekoj. Ili na telefon. A za trosenje pari, najvise se trosi na hrana, obleka i za izleguvanje. Pa sminka i frizeri. Ja mislam deka nema potreba od tolkavi trosoci. Izvinite za latinicata, nemam na telefonot makedonska poddrska.
Ја као закоравен атеист, поштувам само Нова година, и почнувам да китам почеток на ноември, наравно у црвено и златно, друго не поштуем. Сијалички иам цела година у соба, не користам светло. Ми дава некоја топлина во домата. Па кога ќе си влезеш дома у црна темница, а свети само елката, а надвор паѓа снегче... Не знам што е, некоја топлина, некоја носталгија за нешто што поминало, ама и за нешто шо никогаш нема ни да биде...